На граничниот премин „Табановце” во тек е акција на Министерството за внатрешни работи и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, потврдуваат од МВР за РСЕ. “Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат заедничка акција на ГП Табановце ”, велат од МВР за РСЕ. На македонско-српската граница поради акцијата се заглавени возила. Граѓаните на социјалните мрежи... Читать дальше...
Кинеската војска соопшти дека денеска спровела „ударни вежби“ во морето и воздушниот простор околу Тајван. Според соопштението, вежбите се одговор на провокацијата од страна на островот и од САД. Тајван, за кој Кина тврди дека е негова територија соопшти дека вежбите покажале дека Пекинг го уништува регионалниот мир и се обидува да го омаловажи народот на Тајван. Кина организираше воени игри околу Тајван во август по посетата на Тајпеј од страна на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси. Читать дальше...
Стотици сириски Курди денеска одржаа протести во северна Сирија како одговор на смртоносниот напад чија цел беа припадниците на етничката заедница во Париз. Вооружен маж отвори оган во курдски културен центар и фризерски салон во Париз на 23 декември, при што уби тројца Курди. „Осомничениот вооружен напаѓач, 69-годишен Французин, кој е уапсен призна дека има патолошка омраза кон странците“, соопшти обвинителството. Францускиот претседател Емануел Макрон ги нарече убиствата „одвратен напад“... Читать дальше...
Најмалку три лица загинаа, а четири се водат како исчезнати, откако патнички автобус излетал од мост и паднал во реката Лерез во северозападна Шпанија, соопштија локалните служби за итни случаи. Досега се спасени двајца преживеани, возачот на возилото и еден патник . Силната струја и големиот проток поради обилните дождови што го зафатија регионот на Галиција ги попречуваа напорите за пребарување и спасување, соопштија властите. „Преживеаните се пренесени во блиските болници со различен степен на повреди“, додаваат тие. Читать дальше...
Три големи меѓународни хуманитарни групи денеска ги прекинаа своите операции во Авганистан по одлуката на власта предводена од талибанците во земјата да им забрани на жените да работат во невладини организации. „Save the Children“, „Норвешкиот совет за бегалци“ и „CARE“ соопштија дека нема да можат ефективно да допрат до деца, жени и мажи доколку во нивните организации не работат жени. Забраната на невладините организации беше воведена вчера, наводно затоа што жените не ја носеле правилно исламската шамија. Читать дальше...
Министерството за животна средина и просторно планирање денеска информира дека поради зголемено загадување на воздухот и во Гостивар стапуваaт на сила препораките и мерките за надминување на праг на алармирање за ПМ 10 честички. Оттаму посочуваат дека пради проблеми со мрежните системи на Министерството и инсталација на нова серверска опрема не им се достапни податоци од мерните места во Тетово и Гевгелија. Согласно препораките и мерките, Министерството за животна средина и просторно планирање... Читать дальше...
Времето ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец поизразен во претпладневните часови. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени. Во Скопје времето преку денот ќе биде претежно сончево, а наутро со услови за слаба магла. Претпладне со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.
Со стопанските комори се води дискусијата за нов, вонреден данок на екстра добивка, по примерот на европските земји. Оние компаниите што имаат над 10 милиони евра приходи на годишно ниво, при што тоа е 20 отсто повеќе од четиригодишниот просек, дополнително да им се оданочат екстра приходите, вели во интервју на Радио Слободна Европа, министерот за финансии Фатмир Бесими.
Во време на кризи проектирањето на капиталните инвестиции е тешка работа, затоа што зборувам за време кога има многу ризици. Затоа и на светско ниво сите меѓународни институции не случајно на квартално ниво излегуваат со проекции, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.