Министерството за образование и наука (МОН) вината за грешките во учебникот по историја за петто одделение ја префрла кај авторите и рецензентите на учебникот, за кои вели дека требало да ги надминат со Националната комисија за учебници која е надлежна за спроведување на процедурата за одобрување на учебници. „Членовите на комисијата, всушност преку гласање одлучуваат за прифаќање, односно неприфаќање на одреден учебник. Во случајов, одлучиле учебникот со грешки да биде прифатен“, велат од Министерство за образование и наука. Читать дальше...
Кина го укинува задолжителниот карантин за лицата кои влегуваат во земјата. Од осми јануари нема да има веќе карантини и ова е последна во серијата ограничувања кои се укинуваат, откако земјата се откажа од својата нулта ковид стратегија. Од март 2020 година, сите патници кои пристигнуваа во Кина мораа да поминат низ задолжителен централизиран карантин. Но, должината на времето постепено почна да се намалува, од првичните три недели на само пет дена, што се уште важи, но според новите правила, од следниот месец карантинот целосно се укинува.
Нови дојави за поставени бомби попладнево пристигнале во седум училишта во скопската општина Гази Баба, информираше на својот Фејсбук профил градоначалникот Бобан Стефковски. „Попладнево во 15:47 часот во општинските основни училишта Наум Наумовски Борче, Крум Тошев, Григор Прличев, Дане Крапчев, Крсте Мисирков, Кирил и Методиј и Наум Охридски се пристигнати дојави за поставени бомби. Од страна на директорите и наставниот персонал, согласно утврдените протоколи е направена евакуација на сите ученици... Читать дальше...
Вонредната ситуација прогласена во Пирот, на југоистокот на Србија, откако товарен воз со амонијак излета од шините останува на сила. Повеќе од 50 лица се хоспитализирани поради симптоми на труење, а едно лице починало откако било примено во болницата Пирот, но не е потврдено дека причината за смртта е труење, јави јавниот сервис на Србија (РТС). Од полицијата за РТС потврдиле дека во утринските часови на 26 декември во близина на местото каде што се преврте цистерната со амонијак е пронајдено тело на маж. Читать дальше...
Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ во понеделникот (26.12.) изјави дека бројот на припадниците на специјалните единици на српските вооружени сили (САФ) ќе се зголеми од 1.500 на 5.000 до крајот на 2023 година, „по наредба“ на српскиот претседател, Александар Вучиќ. Во соопштението објавено од Министерството за одбрана, Вучевиќ не наведе конкретна причина за ваквата одлука, освен дека српските вооружени сили ќе бидат „најсилната тупаница што ќе ги скрши на парчиња лошите желби и цели“ на оние кои сакаат да наштетaт на нивниот народ. Читать дальше...
Премиерот Димитар Ковачевски најави зголемување на минималната плата во првиот квартал од идната година. Ковачевски рече дека согласно методологијата што беше направена на самиот почеток на мандатот на Владата, зголемувањето ќе биде во првиот квартал од идната година. „Имаме елемент на зголемување на продуктивноста на трудот и сметам дека економијата може соодветно да одговори на ова зголемување на минималната плата“, истакна Ковачевски во одговор на новинарско прашање дали домашната економија... Читать дальше...
Поради енормното загадување на воздухот во Скопје, од денеска стапува на сила мерката за бесплатно користење на јавниот превоз. Од Јавното Сообраќајно Претрпијатие (ЈСП) информираат дека согласно соопштението од Министерството за животна средина за надминување на прагот на алармирање на ПМ честичките, се активира мерката бесплатен јавен превоз. „Мерката започнува да се применува од 26.12.2022 година, па се до завршување на алармантната состојба, што ќе биде објавено од надлежното министерство... Читать дальше...
Лажни се сите дојави за поставени бомби во училиштата во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Струшко, соопшти Министерството за внатрешни работи. „Министерството за внатрешни работи информира дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Струшко по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, ссопштија од Министерството за внатрешни работи. Читать дальше...
Болните од цистична фиброза бараат редовна терапија и набавка на новиот лек, од кој зависи нивниот живот. Пациентите, освен со болеста и нејзините последици, мора да се борат и со системот. Од министерот само добиле ветување, дека за проблемот ќе се разговара во Влада.
Членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната комисиска седница на чиј дневен ред како единствена точка е информацијата за превземени мерки и активности во врска со лажните дојави за бомби, поради тоа што министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на Комисијата, Миле Талевски побараа седницата да биде затворена за јавноста. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во изјава за медиумите по напуштањето на седницата... Читать дальше...
Досега се поднесени само две кривични пријави за двајца малолетници. Но, се сомничат и дојавувач од Делчево и еден во Скопје. Денеска во училиштата во 4 македонски градови повторно дојави за бомби.
Ако се прифатат сите барања на енергетските компании, струјата за граѓаните од Нова година ќе поскапи за 8-9 проценти. Најголем дел од поскапувањето е поради зголемувањето на данокот на додадена вредност за струјата од 5 на 10 проценти, и уште 3,5 до 4 проценти зголемување на цената на струјата. Државниот производител ЕСМ за првата половина од наредната година понуди струја по 56 евра за мегаватчас, наместо досегашните 48 евра. Оваа цена не зависи од Регулаторната комисија за енергетика, туку ја одредуваат ЕСМ и Владата. Читать дальше...
Мировната мисија на НАТО на Косово КФОР денеска објави дека го истражува инцидентот во Зубин Поток во кој учествуваа непознати вооружени лица и ги повика сите актери да избегнуваат реторика и потези кои можат да ја влошат ситуацијата. Во врска со синоќешното пукање во непосредна близина на патролата на КФОР, таа мисија наведе дека нема повредени или материјална штета и додаде дека „се работи на утврдување на сите факти“. „Планирани се средби на сите страни и важно е сите инволвирани да избегнуваат... Читать дальше...
Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска изрази уверување дека следната година ќе бидат донесени уставните измени, нагласувајќи оти нема ништо контроверзно во тоа Бугарите, Црногорците и Хрватите да се внесат во Уставот, а забелешките на одредени политички субјекти ги оцени како дневно-политички кореографии во обид да се добие плус некој политички поен. Османи потенцира дека следната недела ќе се интензивираат разговорите за обезбедување двотретинско мнозинство, кое е потребно за да се изгласа потребата за отворање на Уставот. Читать дальше...
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека во синоќешната полициска акција на ГП „Табановце“ се приведени командир, заменик командир, раководител на смена, како и шест полицајци за злоупотреба на службена положба. „Стратешка цел е борбата против корупцијата. Една од целите е јакнење на интегритетот на полициските службеници тоа што вчера се случуваше е дел од тоа. Ова го работеше одделот за спречување на организиран криминал, злоупотреба на службената положба и поткуп од Табановце. Читать дальше...
Косовската полиција склучила договор вреден 124.000 евра со приватна компанија за изнајмување на тешка механизација, специјализирана за „кршење камења“. Договорот меѓу косовската полиција и приватната компанија „Ол Стоун“ со седиште во Обилиќ, денеска бил склучен по итна постапка за набавка, врз основа на податоците објавени на платформата за е-набавки, објави Косово онлајн повикувајќи се на известувања на приштинските медиуми. Растат тензиите на Косово, пукање во близина на патрола на КФОР Не... Читать дальше...
Дел од тинејџерите следат трендови на држење опасни диети. Лекарите и нутриционистите забележале дека најчесто девојчиња на возраст од 13 до 17 години држат импровизирани диети за да ослабнат преку ноќ, а некои завршуваат со булимија и анорексија, па дури и со сериозни заболувања на црниот дроб.
Седумдесет и еден авион на кинеското воздухопловство, вклучувајќи борбени авиони и беспилотни летала, влегоа во зоната за идентификација на противвоздушната одбрана на Тајван во изминатите 24 часа, соопшти денеска тајванската влада, наведувајќи дека тоа е најголемиот пријавен упад до сега. Од авионите, 43, исто така, ја преминале средната линија на Тајванскиот теснец, неофицијален тампон зона меѓу двете страни што се наоѓа во одбранбената зона, се вели во извештајот на тајванското Министерство за одбрана... Читать дальше...
Јужна Кореја денеска употреби борбени авиони и хеликоптери и испука предупредувачки истрели откако севернокорејски беспилотни летала го нарушија нејзиниот воздушен простор, објави јужната новинска агенција Јонхап. Северна Кореја истрела проектили, растат тензиите поради вооружената помош на Русија Јужна Кореја ги следела леталата кои минуваат од Северна Кореја преку она што е познато како Воена разграничувачка линија меѓу двете земји, објави Јонхап. Јужнокорејското Министерство за транспорт соопшти... Читать дальше...
Изутрината во училиштата низ Македонија биле добиени нови дојави за наводно поставени бомби. На службените мејлови на гимназиите „Никола Карев“ и „Орце Николов“ испратени се закани за поставени експлозивни направи во објектите на училиштата. Училиштата веднаш заканите ги пријавиле во МВР по што биле евакуирани учениците, наставниците и останатите вработени. Повторно дојави за бомби во 19 скопски училишта Освен во Скопје, дојави за бомби пристигнале и во училишта во Битола. Според информации на ТВ21... Читать дальше...
Хрватската куна, откако повеќе од 28 години се користи како службена пари, на Нова година ќе биде заменета со евро, повеќе од 500 милиони парчиња книжни пари и околу 5.200 тони монети ќе бидат испратени на уништување. Куните како хартиени и метални пари и липите како монети во апоени помали од една куна беа воведени во Хрватска на 30 мај 1994 година. Кога ќе се воведе еврото, ќе има иста количина на пари во оптек како кога беше во оптек куната. Српската централна банка ќе се обрати до ЕУ за хрватското евро со ликот на Тесла На пример... Читать дальше...
Мисијата на НАТО во Косово, КФОР, соопшти дека „слушнала“ истрели во близина на една од нејзините патроли во Зубин Поток на северот на Косово. Српскиот претседател Вучиќ во неделата вечер го испрати началникот на Генералштабот на војската на границата со Косово.
Началникот на армискиот Генералштаб, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска ќе го информира претседателот и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски за борбената готовност и за степенот на реализација на плановите и задачите на Армијата во текот на 2022 година. Брифингот, кој е редовна годишна обврска на началникот на Генералштабот пред врховниот командант, е со цел претставување на состојбата во областите кои имаат влијание на борбената готовност на Армијата во тековната година. Читать дальше...
Товарниот воз со амонијак што излета од шините во источна Србија бил натоварен во Бугарија. Тоа го изјави бугарскиот заменик министер за транспорт Красимир Папукчииски за БТВ. Несреќата се случи кај Пирот. Според Папукчииски, нема начин да се бара одговорност од бугарска страна, бидејќи инцидентот се случил на територијата на Република Србија. Товарот бил префрлен од бугарската инфраструктура во српската, во моментот на излетувањето со составот стопанисувале српската железница. Единствениот кој ќе... Читать дальше...
Српската православна црква објави дека „властите во Приштина му забраниле на патријархот Порфирије да оди во Патријаршијата во Пеќ во пресрет на Божиќ“. Патријархот оцени дека станува збор за „крајно дискриминаторска одлука“, без да даде повеќе информации за тоа кој и на кој начин не му дозволил да замине на Косово, ниту кога точно била планирана посетата. Од Владата на Косово немаше информации дали на патријархот му било забрането да доаѓа во Пеќ. Пеќската патријаршија на Косово традиционално е... Читать дальше...