Поранешниот премиер Никола Груевски коментирајќи ја пресудата за случајот „Плацеви на Водно“ порача дела Македонија живее време на политички мотивирани судења против политички неистомисленици на власта, полошо од периодот на 1949 година. „Пресудите и висината на казните се одредени уште пред да почне судењето. Се другото е “театар” за јавност, односно време на пропаганда кога и јавноста треба да се убеди, што завршува со долг политички говор и некаква психолошка анализа на судијата, бидејќи за правна нема реални аргументи. Читать дальше...
Претставници на Сојузот на синдикатите на Макдонија (ССМ) попладнево на средба во Владата побараа линеарно зголемување на платите за 2.806 денари за секој вработен во јавниот сектор, утврдување регрес или К-15 во износ од 30 до 100 проценти од просечната плата и методологија за усогласување на сите останати плати согласно порастот на минималната плата. Средбата била на иницијатива на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, а присуствувала и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Читать дальше...
Северна Македонија и Албанија ги задоволија условите за почеток на преговорите, двете земји работат напорно за имплементација на потребните реформи и затоа заслужуваат да одржат меѓувладини конференции со ЕУ што поскоро, изјавија за МИА денеска од Амбасадата на САД во Скопје. Изјавата е дадена на прашањето како САД реагираат на постапката на бугарската влада со отворање во Битола на културен центар со назив „Ванчо Михајлов“, контраверзна личност во земјава пред сѐ затоа што соработувал со нацистичка... Читать дальше...
Со донесената пресуда од страна на првостепениот суд во целост се потврди тезата на Обвинителството дека обвинетиот Никола Груевски и останатите обвинети, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Јордан Камчев и Ристо Новачевски, го сториле кривичното дело „перење пари“ и други приноси од казниво дело, обвинетиот Никола Груевски го сторил кривичното дело „противправно стекнување и прикривање имот“, изјави обвинителката Лиле Стефанова. Таа смета оти Обвинителството во овој случај, како што рече, „понуди... Читать дальше...
Со крајна цел студентите да го разберат значењето на уметностите и културата на лично, научно и општествено ниво, група професори од македонските универзитети веќе петта година по ред ја организираат манифестацијата Студентска музичка пролет.
Апсолутно не сме задоволни и ќе ја обжалиме пресудата во законскиот рок, кога ќе го добиеме писмениот оправок и кога ќе ги изанализираме причините поради кои е донесена пресудата, изјави адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, по денешната пресуда за случајот „Плацови на Водно“, во која на Сашо Мијалков му беше изречена казна затвор од една година за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”. „Денес судијата ги наброја причините и на неколкупати згреши. Еве конкретно ниту еден предмет... Читать дальше...
Опфатот со вакцинација против мали сипаници, рубеола и заушки е далеку од потребниот процент од 95% вакцинирани за да се постигне колективен имунитет и заштита во заедницата, алармираат здравствените власти. Податоците покажуваат дека во текот на 2020 година се бележи исклучително низок опфат со МРП вакцината, 63% за прва доза и 68,5% за втората доза, на национално ниво. Опфатот во 2021 година е зголемен така што за прва доза МРП вакцина тој изнесува 70,4%, а за втората доза 80,4 отсто, но не е задоволителен. Читать дальше...
По најавата на заменик-министерот за правда Агим Нухиу дека се подготвува нов закон за амнестија, Претседателот на државава Стево Пендаровски вели дека не станува збор за подготвка на нов закон за амнестија, туку за подготовка на нов закон за помилување. Пендаровски посочи дека со измените, доколку бидат прифатени од Парламентот, претседателот на предлог на Министерството за правда ќе може да помилува само по правосилноста на пресудата. „Сега претседателот има право на инцијатива на Министерство... Читать дальше...
По најавите за изградба на регионална депонија во Новаци, дел од битолчани коментираат дека им доста од загадувањето од РЕК, додека други велат дека сигурно ќе биде подобра од досегашната во Мегленци која не задоволува никакви стандарди.
Поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на вкупно седум години затворска казна за случајот „Плацеви на Водно“ за перење пари и противправно стекнување и прикривање на имот. Нему му се судеше во отсуство оти избега од државата и доби азил во Унгарија. Една година затвор доби Сашо Мијалков, прв братучед на Груевски и поранешен прв човек на УБК. Тој е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”. А на иста таква казна е осуден и бизнисменот Јордан (Орце) Камчев за перење пари. Читать дальше...
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во февруари годинава изнесува 29.839 денари што е зголемување за 6,8 отсто во споредба со истиот месец од минатата година. Но просечната плата за февруари е помала од таа за јануари, кога изнесувала 29.980 денари. Намалување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 7,5 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство за 5,9 и Снабдување со електрична енергија... Читать дальше...
Следната недела ќе се знаат идните чекори во врска со регистрацијата на бугарското здружение „ Иван (Ванчо) Михајлов“ и отворањето на културниот центар со тоа име во Битола, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Според него, настанот на отворање на овој центар во саботата претставува, како што рече, ништо повеќе од провокација, бидејќи ги буди духовите од минатото, со оглед на тоа што се работи за личност која била соработник и на Германија на Хитлер и Италија на Мусолини, но и НДХ на Павелиќ. Читать дальше...
Најмалку две деца се повредени во експлозија на крајпатна бомба во Кабул. Ова е петта експлозија во главниот град на Авганистан оваа недела. Портпаролот на талибанската полиција во Кабул, Халид Задран, рече дека експлозијата се случила во мнозинско шиитска хазарска населба во Кабул. Нагазната мина била ставена во тенџере покрај патот. Засега никој не ја презеде одговорноста за експлозијата, која доаѓа два дена по повеќекратните експлозии во овој дел на градот во кои загинаа 6, а 20 луѓе беа повредени. Читать дальше...
Во последните 24 часа регистрирани се 86 нови случаи на ковид-19 од направени 2.359 тестови, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни (86), регистрирани се 9 реинфекции. Најголем дел од новите инфекции се во Скопје – 46, потоа следуваат Битола – 23, Прилеп и Гостивар – по 4, Куманово, Кавадарци и Велес – по 2, Струмица, Кичево и Виница – по 1. Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Битола (80г), починато во болнички услови. Лицето имало претходни болести. Читать дальше...
Додека децата од градинката Орце Николов ја цртаа планетата Земја, градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски седна со нив и им нацрта згради. Кому што му се мота во глава, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.
Пожарот во кругот на „Треска“ уште еднаш ги потсети скопјани на опасноста од десетиците илјади квадрати азбестни кровови во кругот на старата фабрика. Отстранувањето на опасниот отпад е скапо, па често се заобиколуваат прописите при овие интервенции по цена на здравјето, коментираат експерти за РСЕ.
Кривичниот совет ги одби жалбите на правните лица Дивелоп груп ДОО Скопје и Бест Вејт Инвестмент за замрзнувањето на имотот во случајот Империја. „Донесени се решенија со кои жалбите се одбиваат како неосновани, а решенијата од претходна постапка се потврдуваат во целост“, се наведува во соопштението на Судот. Минатата недела Судот постапувајќи по предлог на Обвинителството изрече мерки: Одземање на имот заради обезбедување, поради постоење основано сомнение дека потекнува од кривично дело... Читать дальше...
Неодговорно да се продолжи со генералниот штрајк во образованието и покрај понуденото решение за раст на платите, соопштуваа од Владата. Во соопштението се апелира штрајкувачите да не се донесуваат во заблуда, а наставата и преговорите да продолжат. „Одлуката да се продолжи со генералниот штрајк, а децата да губат настава пред самиот крај на учебната година и да не се згрижуваат во градинките прави ненадоместлива штета на сите нас и на државата. Секој изгубен ден и час од образовниот процес е на... Читать дальше...
Поради високата цена кај нас се прават недозволиви импровизации при отстранувањето на азбестните материјали, вели Милан Петковски, претседателот на Македонското здружение за заштита при работа. Азбестот е опасен отпад, а вдишувањето азбестни влакна носи висок ризи од рак на белите дробови.
Помина повеќе од една недела од првиот напад врз косовската полиција на северот на Косово, но засега косовските институции не соопштуваат дали некој е идентификуван за тоа. Шкелќим Хисенај
И дистрибутерите и производителите на масло за јадење тврдат дека во земјава има доволни количини. Но рафтовите во продавниците и понатаму остануваат полупразни. Економистите велат дека е очекувано замрзнувањето на трговската маржа да предизвика недостиг на одредени производи на пазарот
Русија за прв пат ги лансираше своите нови интерконтинентални балистички ракети Сармат, соопшти руското Министерство за одбрана. Рускиот претседател Владимир Путин рече дека оружјето е уникатно и ќе ги принуди оние што сакаат да ја загрозат Русија да размислат за тоа. Во соопштението се наведува дека ракетата била лансирана од постројката во Плесецк на северот на Русија и дека нејзините боеви глави погодиле цели на полигонот Кура на крајниот исток на полуостровот Камчатка. Русија успешно тестирала ново нуклеарно оружје „Сармат“... Читать дальше...
Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе биде од 11 до 20 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 15 степени.