Нови 86 заразени со коронавирус
Најголем дел од новите инфекции се во Скопје – 46, потоа следуваат Битола – 23, Прилеп и Гостивар – по 4, Куманово, Кавадарци и Велес – по 2, Струмица, Кичево и Виница – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Битола (80г), починато во болнички услови. Лицето имало претходни болести.
Импровизации на сметка на здравјето со азбестните покриви
Регистрирани сe 105 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 308.964, бројот на оздравени пациенти е 298.916, на починати е 9.266, а бројот на активни случаи изнесува 782.