Јавноста со право реагира околу името на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, напиша на својот Фејсбук-профил поранешната министерка за правда Рената Дескоска. Таа посочува дека кога била министерка, во 2019 година, Министерството не дало одобрение за употреба на името Иван Михајлов. „Овие неколку денови слушаме остри реакции околу името на културниот центар Иван Михајлов. Јавноста со право реагира. Се постави и прашањето околу тоа кој државен орган дозволил да се регистрира здружение под тоа име. Читать дальше...
Во Лондон денеска е уапсен маж кој со нож нападна двајца полицајци во близина на резиденцијата на британскиот премиер, соопшти полицијата. Во соопштението се наведува дека во нападот нема повредени и дека нападот не е терористички чин. Терористички мотиви за нападот на британскиот пратеник Осомничениот кој има 29 години и чиј идентитет не е соопштен, е приведен за обид за убиство и за поседување оружје, се наведува во соопштението на Скотланд Јард. Инцидентот се случил утрото околу 9 часот пред Даунинг стрит... Читать дальше...
„По избор на уметникот“ е насловен концертот на кој, утревечер на 19 април во 20 часот во Музеј на македонската борба, оперската певица Весна Ѓиновска Илкова и пијанистката Кристина Светиева ќе исполнат вокални бисери од македонското музичко творештво
Парламентарната група на Алијансата за Албанците до Собранието ќе предложи Предлог закон со кој игрите на среќа ќе бидат преместени исклучиво само во хотели со пет ѕвезди. „Игрите на среќа, казината, спортските обложувалници и сите други игри на среќа да се преместат исклучиво само во хотели со пет ѕвезди. Со законот предвидуваме овие измени да стапат во сила после една година за да им се даде време и на вработените и за да ги преместат овие казина и други игри на среќа во хотели со пет ѕвезди“... Читать дальше...
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денар за литар, а цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,9 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 83,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 82,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло... Читать дальше...
Во последните 24 часа регистрирани се 18 нови случаи на заразени со ковид-19 од направени 684 тестови, соопшти Министерството за здравство. Од 18-те нови случаи, 16 се од Скопје, а два од Битола. Кај едно лице од вкупно 18 позитивни, регистрирана е реинфекција. Во изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица, а има 231 оздравен пациент. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице од Струмица (86г), кое починало во домашни услови, а пријавено е на 30 март. Читать дальше...
Еврејската зедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија реагираат на отворањето на бугарскиот културен центар „Иван (Ванчо) Михајлов“ во Битола, од страна на бугарскиот државен врв. За нив овој чин претставува навреда за Евреите и е закана за човековите слободи и права, кршење на демократскиот карактер и вредностите на модерна Европа, чин со кој се загрозува мултикултурализмот и класичен пример за непочитување и искривување на историјата, се оценува во реакцијата. Еврејската зедница... Читать дальше...
„Ако Европа сака може да ја прекине оваа пародија. Ако не, не ни треба таква Европа!!!“ - се наведува во еден од коментарите на посетителите на ФБ страната на РСЕ. Вие, исто така, коментиравте и за штрајкот на образовниот кадар организан од СОНК
ВМРО-ДПМНЕ по итна постапка поднесува Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата, за да се надминат, како што наведуваат од партијата, штетите кои настанале како последица на неодговорното и нестручно раководење со одбраната и Армијата од страна на министрите на СДСМ. Драган Ковачки, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вели дека бидејќи станува збор за итен закон, бара од претседателот на Собранието, да биде ставен како точка на дневен ред на утрешната седница. Читать дальше...
„Со одбивањето на понудата за покачување на платите од 10 проценти, СОНК реши да продолжи со уцени кои се единствено на штета на образованието на учениците и им го отежнува секојдневието на родителите“, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот Фејсбук профил. Денеска започнува втората недела од штрајкот на Синдикатот на вработените во образованието, науката и културата (СОНК). Тие бараат зголемување на платите и усогласување со минималната, која од мартовската плата изнесува 18 илјади денари. Читать дальше...
Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, Весна Меденица, е уапсена доцна синоќа на аеродромот во Подгорица, јавија подгоричките медиуми, повикувајќи се на полициски извори. Таа е приведена во полиција поради основни сомневања дека извршиле две кривични дела – создавање криминална организација и противзаконско влијание, јавуваат медиумите. Балканскиот сервис на РСЕ не доби официјална потврда на оваа информација од Управата на полицијата и од Специјалното државно обвинителство. Филип Аџиќ... Читать дальше...
Македонската радио телевизија не се емитува во бугарскиот етер, со што не се почитува договорот за реципрочно пренесување на сигналите на Јавните медиумски сервиси. За разлика од неа Бугарската национална телевизија се емитува преку македонските телевизиски оператори.
Пензиониран полицаец е осомничен дека му се заканувал на министерот за внатрешни работи, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје. „Осомничениот, од својот мобилен телефон, се јавил во полициска станица во Центар со закана дека ќе биде убиен министерот за внатрешни работи, по што веднаш ја прекинал врската“, стои во соопштението на Обвинителството. Откако јавувачот бил идентификуван и лоциран, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени еден карабин марка Ц3 со калибар 8Х57... Читать дальше...
Родителите на децата со посебни потреби велат дека се чувствуаат заборавени од државата. Пред неколку недели излегоа и на протестен марш порачувајќи дека и нивните деца се деца на оваа држава. Од ресорното министерство велат се прават анализи за подобрување на законските регулативи.
Досегашната пракса за задолжително пополнување електронска форма за лоцирање на патници непосредно пред патувањето и категоризација на земјите согласно епидемиолошката слика, од понеделник се укинуваат на Кипар. Влез ќе биде дозволен за сите кои имаат валиден европски сертификат за вакцинација или прележана болест или негативен резултат од ПЦР/рапид тест, а конкретните правила важат и за државјаните на Северна Македонија. СЗО: Вирусот е многу активен, не е време за укинување на мерките Правилата... Читать дальше...
На вчерашните повторени локални избори за градоначалник на Центар Жупа повторно не беше обезбеден цензус од 33 насто од гласовите, така што оваа рурална општина и натаму останува без градоначалник. Претседателот на Општинската изборна комисија Неџип Илјас за Радио Слободна Европа изјави дека од вкупно 7.077 избирачи гласале 2.121 што значи 29.68 насто, односно недостигале околу 4 проценти од гласовите или само 240 гласови. Според него, на изборите учествувале и печалбари кои биле дојдени од Италија за изборниот процес... Читать дальше...
Американскиот претставник за Северна Кореја престојува во петдневна посета на Сеул на состаноци со јужнокорејските колеги за да разговараат за меѓународниот одговор на неодамнешното лансирање на интерконтинентални балистички ракети од страна на Северна Кореја, соопшти Стејт департментот. Американскиот специјален претставник Сунг Ким рече дека е отворен за разговори со Северна Кореја во секое време и без предуслови, но Пјонгјанг досега ги отфрли тие предлози, обвинувајќи го Вашингтон дека одржува... Читать дальше...
Турските сили започнаа нова копнена и воздушна прекугранична офанзива против курдските милитанти во северен Ирак, објави рано изутрината турскиот министер за одбрана. Турските воени авиони и артилерија нападнаа цели на Курдистанската работничка партија (ПКК), пред командосите - поддржани од хеликоптери и беспилотни летала - да преминат во соседниот регион, рече министерот за одбрана Хулуси Акар во видео објавено на веб-страницата на министерството. Акар тврди дека авионите „успешно“ погодиле засолништа... Читать дальше...
Западните санкции сѐ повеќе ја поткопуваат руската економија и; Банкротот е само прашање на време, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, за неделникот Bild am Sonntag. Путин ги обвини западните банки дека не го платиле рускиот гас во рубљи Таа рече дека стотици големи компании и илјадници експерти ја напуштиле земјата и дека БДП во Русија, според сегашните прогнози, ќе падне за 11%. Според нејзиното мислење, „банкротот на државата Русија е само прашање на време“.
Генералниот штрајк на Самостојниот синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) продолжува. Советот на СОНК на вчерашната седница реши да не го прифати предлогот на Владата, за 10 проценти покачување на платите со кој би се прекинал штрајкот почнат на 11 април. Една од причините зошто овој предлог не е прифатен од СОНК, е зошто истиот бил предложен усно, а не во писмена форма, информираа од СОНК, од каде додаваат дека над 95 проценти од синдикалните организации на СОНК се изјасниле за отфрлање на дадената усна понуда. Читать дальше...
Претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Дневната температура ќе биде од 3 до 11 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 9 степени.