Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Груевски: Македонија живее време на политички мотивирани судења

Поранешниот премиер Никола Груевски коментирајќи ја пресудата за случајот „Плацеви на Водно“ порача дела Македонија живее време на политички мотивирани судења против политички неистомисленици на власта, полошо од периодот на 1949 година.



„Пресудите и висината на казните се одредени уште пред да почне судењето. Се другото е “театар” за јавност, односно време на пропаганда кога и јавноста треба да се убеди, што завршува со долг политички говор и некаква психолошка анализа на судијата, бидејќи за правна нема реални аргументи. Аудио снимки се прифаќаат како доказ кога им одговара на обвинителството и судот, односно на власта за да осудат некој што им е таргет, но ако истите треба да докажат дека таргетираното лице нема вина, тогаш истите не се дозволува да се изведат како докази. Обвинителството и судот можно е да те прогласат дека си земал голема количина пари од некаде, без било каков доказ, матерјален доказ или изјава на сведок, односно без апсолутно ништо што наведува или уште помалку го докажува тоа, и без никаков срам да ја почнат реченицата со зборовите односно фразата: “се докажа дека…” па се продолжува со куп испревртени тези креирани да си го покријат сопствениот срам пред јавноста“, напиша Груевски на неговиот профил на Фејсбук.



Груевски доби седум години затвор за „Плацеви на Водно“


Груевски е осуден на вкупно седум години затворска казна за случајот „Плацеви на Водно“ за перење пари и противправно стекнување и прикривање на имот. Нему му се судеше во отсуство оти избега од државата и доби азил во Унгарија.



„Ако си политички ставен на острел може да те обвинат и што не си пријавил имот кој не е и никогаш не бил твој и истиот уште и да го запленат заради политичко пропагандни цели, а вистинските негови сопственици да си молчат и уште да се среќни што “извлекле жива глава”, во смисла што незаслужено во една политичка хајка не добиле долгогодишна затворска казна иако често и тие немаат некоја објективна вина за такво нешто да им се случи. Во една таква атмосфера се е можно. Во Македонија во ова време во политички мотивираните процеси не суди судот, туку политиката“, додава Груевски.



Според обвинението, во периодот од јуни 2006 до октомври 2012 година, Груевски како лидер на партија наместо да прикаже пари како примени донации во ВМРО-ДПМНЕ, за себе прибавил 1,3 милион евра (79 972 140 денари), а потоа ги пуштал во оптек и купувал парцели на Водно. Станува збор за земјиште на кое имало шума, а кое со промените во Генералниот урбанистички план (ГУП) било пренаменето во градежно. Останатите беа обвинети дека му помагале при купувањето на плацевите.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus