Мы в Telegram
Добавить новость

В Москве мужчина ударил бывшую жену ножом в торговом центре

В Москве состоялся грандиозный «Весенний Бал» премиального женского бизнес-клуба WLC

WSJ: планировщики считают маловероятным «прямое вторжение» России в НАТО

Томенко и Романенко поздравили огнеборцев с профессиональным праздником

World News in Macedonian
Ria.city


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Ноябрь
2021

Новости за 10.11.2021

SlobodnaEvropa.mk 

Руте - Проблемот со Бугарија не треба да биде пречка за преговорите

Холандскиот премиер Марк Руте денеска во Скопје изјави дека смета оти Северна Македонија заслужува да ги почне преговорите со Европската унија и изрази надеж дека ЕУ ќе биде поактивна во обидите да помогне во решавање на проблемот со Бугарија. Руте е во прва официјална посета на земјава. Тој рече дека Холандија била една од земјите кои долго време била против преговори со ЕУ, но посочи дека во изминатите неколку години бил направен голем напредок. „Многу сме среќни што на крај ЕУ одлучи да ги започне преговорите. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Во Косово регистриран делта плус сојот на коронавирусот

Во Косово се регистрирани 12 случаи на делта плус видот на коронавирусот, соопшти денеска косовското Министерство за здравство. Делта плус сојот бил тестиран на 59 луѓе во лабораторија во Германија. Освен делта плус сојот, регистрирани се уште 47 инфекции на делта видот на коронавирусот.  Делта плус е нов вид, а според експертите тој се шири побрзо. Косовските власти наведуваат дека делта варијантата е најдоминантна меѓу новозаразените случаи на Косово и дека исто така постои опасност од проширување на делта плус сојот. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Стано: Средба меѓу главните преговарачи на Србија и Косово на 16 ноември во Брисел

Следниот состанок на главните преговарачи меѓу Србија и Косово ќе се одржи во вторник на 16 ноември, потврди за Радио Слободна Европа Петер Стано - портпарол на Европската унија. „Тие ќе се сретнат во Брисел и ќе продолжат да разговараат за спроведувањето на претходните договори, за отворените прашања и како да се оди напред“, рече Стано. Петар Петковиќ од Белград и Бесник Бислими од Приштина кон крајот на септември се сретнаа последен пат во рамки на дијалогот. Тогаш беше постигнат договорот за деескалација во северно Косово... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Меркел и Путин разговараа за кризата со мигрантите на полско-белоруската граница

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска му телефонираше на рускиот претседател Владимир Путин и побара од него да го искористи своето влијание врз белорускиот лидер Александар Лукашенко, за да се стави крај на кризата со мигрантите на границата со Полска. Меркел му рекла на Путин дека „инструментализацијата на мигрантите од страна на белорускиот режим е нехумана и неприфатлива“, објави на Твитер нејзиниот портпарол Штефен Зајберт. Таа побарала од Путин да „влијае“ на ситуацијата. Кремљ издаде... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

656 позитивни на коронавирус, 13 починати

Во изминатото деноноќие се регистрирани 656 нови случаи на коронавирус, а 13 луѓе починале сите во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. Според Регистарот на починати од ковид пријавени се уште 8 починати во период од 31 октомври до 8 ноември, се вели во соопштението. Направени се 3.597 тестирања. Најмногу нови случаи има во Скопје – 257, Битола 38, Куманово 34,, Прилеп 31, Штип 30, Кавадарци 27, Велес 24, Тетово 26... Мерките се олабавија, заболените се намножија Регистрирани сe 273 оздравени пациенти. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Холандскиот премиер Руте пристигна во Скопје

Холандскиот премиер Марк Руте денеска е во посета на Скопје, каде го пречека вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, посетата на Руте се одвива во светло на добрите билатерални односи меѓу Кралството Холандија и Република Северна Македонија.  „Но, и во контекст на заложбата од холандската страна за безусловен почеток на пристапните преговори со Европската унија што беше афирмирана на Самитот ЕУ-Западен Балкан одржан во Брдо, Словенија во месец октомври“... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Гаши - Пратениците на Алтернатива утре ќе гласаат за недоверба на Владата

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши на денешна прес-конференција изјави дека четворицата пратеници на партијата утре во Собранието ќе гласаат за недоверба на Владата. Тој рече дека во изминатите денови претставниците на Алтернатива имале пречка која за нив претставувала проблем, но посочи дека таа пречка е отстранета, односно дека пратеникот Димитар Апасиев од Левица го тргнал неговиот потпис од иницијативата за недоверба на Владата. „Затоа денеска можам да потврдам дека Алтернатива заедно со четирите... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Поднесен нов список за гласање недоверба на Владата

Нов ревидиран список попладнево е поднесен во Собранието со барање за гласање на недоверба на Владата. Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, новиот список бил доставен до Архивата на Парламентот, а дека од тактички причини ги нема потписите на неколкумина пратеници кои биле на списокот кој беше претходно доставен, јавува МИА. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ очекуваат утре да биде изгласана недоверба на Владата на собраниска седница. Од Кабинетот на претседателот на Собранието потврдуваат дека е доставено... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Судот на ЕУ ја потврди казната за Гугл

Судот на правдата на Европската унија (ЕУ)  денеска ја потврди казната од 2,4 милијарди евра изречена од Комисијата во 2017 година против интернет компанијата Google за злоупотреба на нејзината доминантна позиција на пазарот на пребарувачи, пренесува Ројтерс. Судот на ЕУ ја отфрли жалбата на американскиот интернет гигант, тврдејќи дека тој навистина „ја злоупотребил својата доминантна позиција на пазарот на пребарувачи давајќи незаконска предност на друг производ на Google, односно услуга за споредба на цените на производите“. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

САД и ЕУ против величење на воениот злосторник Младиќ

Американската Амбасада во Србија за Гласот на Америка оцени дека „Ратко Младиќ не треба да биде лицето кое Белград го покажува на светот“, по повод инцидентите и апсењата на активисти кои фрлаа јајца на муралот со ликот на хашкиот осуденик Ратко Младиќ. „САД и Србија се посветени на основните вредности, вклучувајќи ја толеранцијата, човековите права и владеењето на правото. Понекогаш е предизвик да се помириме со тешките моменти од минатото – и за САД и за Србија – но нема ништо чесно во заштитата на меморијал на воен злосторник... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Јанев: Гласајте, изборите во Бугарија ќе бидат фер

Шпекулации се тврдењата дека има нерегуларности во подготовката на изборите во Бугарија. Ова на почетокот на состанокот на бугарската влада го изјави премиерот Стефан Јанев, јави дописникот на МИА од Софија. „Некој има за цел да ги дискредитира изборите во Бугарија и да ја доведе во прашање легитимноста и автентичноста на изборниот резултат. Главната цел на овие предлози е да се демотивираат бугарските граѓани да гласаат на денот на изборите“, додаде привремениот премиер на Бугарија. ГЕРБ во... Читать дальше...




SlobodnaEvropa.mk 

ЕК одобри нова, осма вакцина против корона

Европската комисија одобри договор со фармацевтската компанија Валнево за набавка на речиси 27 милиони дози од вакцината против ковид 19 во текот на 2022 година. „Валнева“ е осмата компанија со која Комисијата склучи договор за набавка на вакцини против ковид 19. Претходно беа потпишани договори со Астра Зенека, Санофи, Џансен, Бионтек/Фајзер, Модерна, Кјурвак и Новавакс. Договорот со Валнева им овозможува на земјите-членки да купат речиси 27 милиони дози од вакцината во 2022 година. Според договорот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Градоначалничката Данела Арсовска го раскинува договорот за новогодишно украсување на Скопје

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска го раскинала договорот за новогодишно украсување на Скопје, кој претходниот градоначалник Петре Шилегов и за оваа година го склучи со фирмата „Линк медиа плус“ во вредност од 243.000 евра. „Соочени со енергетската криза која е во тек, а имајќи во предвид дека државата набавува електрична енергија со драстично повисока цена, како и во согласност со Владината одлука за прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор, сакаме да ја информираме јавноста... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Словачкиот амбасадор Маркуш: Задоцнети се преговорите со Северна Македонија и Албанија

Преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија се многу задоцнети. Сите се надеваме дека вистинската одлука ќе биде донесена до крајот на словенечкото претседателство со ЕУ и Словачка напорно работи за постигнување на оваа цел, изјави денеска словачкиот амбасадор во земјава Хенрик Маркуш. Словачкиот амбасадор истакна дека е добро Северна Македонија да остане на реформскиот пат и оти тоа испраќа добра порака до Унијата. „Спроведувањето на реформите испраќа добра порака до Унијата. Прво... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Бајден и Фон Дер Лајен на разговори во Белата куќа

Американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа ќе ја пречека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен со која се очекува да разговара за повеќе теми меѓу кои и за трговијата и превирањата во Западен Балкан. Средбата во Вашингтон доаѓа набргу откако Бајден и фон дер Лајен, се сретнаа за време на собирот на светските лидери на Г-20 во Рим и климатската конференција на ОН во Глазгов. Белата куќа соопшти дека двајцата лидери ќе разговараат за „правилата на патот“ за економијата... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Филипче: Расте бројот на заразени од ковид, вакцинацијата стагнира

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека епидемиолошката состојба во земјава бележи зголемување на заболени од ковид 19 во последните две недели. Бројот е зголемен за 25 проценти, за разлика од претходниот период. Во однос на инциденцата последните 2 недели, таа е зголемена за 28,5 во вкупно 35 градови, а во други 7 е непроменета или има одредено намалување. „Ваквиот раст е очекуван, силе удар има и кон болниците исто како и во регионот. Во однос на хоспитализацијата, исто така е забележан раст за 15 проценти. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Инфлацијата „изеде“ 1000 денари од платата

Истите работи кои лани чинеле колку една плата, сега чинат 1000 денари повеќе, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Сепак, според државната статистика, и просечната плата е зголемена за околу 1000 денари. Народната банка очекува инфлацијата годинава да биде 3,1 отсто.

SlobodnaEvropa.mk 

Ескобар-Шмит: САД ќе направи се за да успее БиХ

Габриел Ескобар, заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник американскиот претседател Џо Бајден за Западен Балкан на крајот на неговата посета на Босна и Херцеговина (БиХ), разговараше со високиот претставник во БиХ Кристијан Шмит за „одбраната на Дејтонскиот мировен договор“. Како што е објавено на Твитер профилот на Амбасадата на САД, Ескобар изразил задоволство што имал можност да разговара со високиот претставник Шмит за заедничката заложба за одбрана на Дејтонскиот мировен... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Заев засега останува, ќе остане ли и Владата?

Најавената па одложена оставка на Зоран Заев од премиерската и лидерската позиција во СДСМ ќе влијае лошо врз неговиот личен рејтинг и врз оној на партијата, вели Марко Трошановски од Институтот за демократија. Во меѓувреме се прават калкулациите за утрешното гласање на доверба на владата.

SlobodnaEvropa.mk 

Кривична пријава против новинар на Танјуг поради негирање на геноцидот во Сребреница

Новинарот на српската новинска агенција Танјуг, Марко Трошиќ доби кривична пријава затоа што за време на интервју со претседателот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, тој ги негирал судските потврдени факти дека во Сребреница бил извршен геноцид врз Бошњаците. Кривична пријава против Трошиќ беше поднесена од страна на бошњачкото лоби здружение Институт за истражување на геноцид (ИГК) со седиште во Канада, пренесува Хина. Како што беше наведено во денеска објавено соопштение, пријавата против... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Како Бугарија ќе ги вакцинира граѓаните кога не може да ги убеди ни лекарите?

Бугарија бележи една од највисоките стапки на инфекции и смртност од ковид-19 во светот, делумно благодарение на неуспехот да ја вакцинира популацијата. Дел од проблемот се лекарите и медицинските сестри. Од Николај Лавчиев и Енди Хејл

SlobodnaEvropa.mk 

ДЗР: Електронските алки неактивни, затворениците без здравствено осигурување

Електронските алки и системот за следење и спроведување на мерката притвор се уште не се активни, а затворениците и притворениците не се здравствено осигурени, наведува Државниот завод за ревизија во ревизорските извештаи на Управата за извршување на санкции при Министерството за правда. „Електронските алки и системот за следење и спроведување на мерката притвор во РСМ се уште не е активен, за што надлежните институции во соработка со Управата потребно е да преземат мерки и активности, за овозможување... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Судот одлучи: Конгресот може да ја истражува евиденцијата на Белата куќа

Комитетот на Претставничкиот дом на Соединетите Држави, кој ги истражува смртоносните јануарски немири во Капитол, може да пристапи до евиденцијата на Белата куќа на поранешниот претседател Доналд Трамп, одлучи федералниот суд, што е јасна победа за Конгресот над надзорните овластувања. Окружниот суд на САД го отфрли аргументот на Трамп дека информациите за телефонските записи, дневниците за посети и другите документи на Белата куќа не треба да му бидат достапни на истражниот комитет, пренесува Ројтерс. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Самит за клима - Можно ли е земјите од Балканот да воведат данок на CO2

Недостасуваат финансиски средства за да се плати енергетската транзиција во земјите од Западен Балкан, беше кажано на сесијата на Европската енергетска заедница на Самитот за климата во Глазгов „КОП26“. Потребно е земјите да воведат и данок на јаглерод, но парите да бидат насочени во посебен фонд

SlobodnaEvropa.mk 

Данска повторно воведува ковид пропусници

Епидемиолошкиот комитет на данскиот парламент го одобри планот на Владата за повторно воведување на одредени рестриктивни мерки за борба против ширењето на коронавирусот. Данскиот министер за здравство Магнус Хеунике изјави дека мнозинството во вторникот вечерта, на 9 ноември, се за повторно воведување мерки поради новото зголемување на бројот на заразени со корона вирусот. Според него, одлуката првично ќе биде во сила еден месец. Одлуката им овозможува на властите да ги приспособат мерките за... Читать дальше...


Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

В Москве состоялся грандиозный «Весенний Бал» премиального женского бизнес-клуба WLC

Секретным парашютистом оказался актер Райан Рейнольдс, новый глава острова Яс

Томенко и Романенко поздравили огнеборцев с профессиональным праздником

Из Москвы в Сиань отправился первый поезд Китай-Европа с импортными товарами

Музыкальные новости

Сбер подарил Орлу умный светомузыкальный фонтан

Природа России 81

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о развитии авиастроения

Легионер "Локомотива" Ньямси: в Москве жизнь дешевле, чем в Париже

Новости России

Воробьев: для помощи пострадавшим в «Крокусе» собрали более 1,6 млрд руб

Сборная команда Города-героя Новороссийска принимает участие в Международных спортивных играх детей Городов-героев 2024 года в Москве.

Московское «Динамо» объявило об уходе капитана Миронова

Из Москвы в Сиань отправился первый поезд Китай-Европа с импортными товарами

Экология в России и мире

Театр, искуство, Россия и дети: кукольная фотосессия в Бурятии

Продвижение Музыки. Раскрутка Музыки. Продвижение Песни. Раскрутка Песни.

В ОАЭ появились горящие туры для россиян по низким ценам: можно дёшево отдохнуть с вылетом в ближайшие дни

Серфинг в России: места, где можно поймать волну

Спорт в России и мире

Андреева обыграла Паолини и вышла в 1/4 финала турнира WTA в Мадриде

Шикарный и практичный стиль Елены Джокович из базовых вещей

Россиянка Михайлова стала чемпионкой Франции по настольному теннису

Мирра Андреева обыграла Вондроушову в третьем круге турнира WTA в Мадриде

Moscow.media

РОССИЯН ПРЕДУПРЕДИЛИ О РИСКАХ ВОЗВРАЩЕНИЯ РАЗБОРОК НА ДОРОГАХ

Июльская ночь...

Совместные учения сотрудников Росгвардии и МЧС прошли в Москве

В Балакове "десятка" сбила двух женщин и девушку











Топ новостей на этот час

Rss.plus






III класс пожарной опасности ожидается 1 и 2 мая в Подмосковье

В Москве состоялся грандиозный «Весенний Бал» премиального женского бизнес-клуба WLC

Орловчанка получила диплом всероссийской научной конференции за работу, посвященную изучению характера своей прабабушки

Жителей Москвы и области предупредили об усилении ветра