Американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа ќе ја пречека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен со која се очекува да разговара за повеќе теми меѓу кои и за трговијата и превирањата во Западен Балкан.
Средбата во Вашингтон доаѓа набргу откако Бајден и фон дер Лајен, се сретнаа за време на собирот на светските лидери на Г-20 во Рим и климатската конференција на ОН во Глазгов.
Белата куќа соопшти дека двајцата лидери ќе разговараат за „правилата на патот“ за економијата преку создавање заеднички совет за трговија и технологија САД-ЕУ, глобалното затоплување и регионалните прашања како Украина и Западен Балкан, објави Ројтерс.
Бајден се обиде да ги зајакне врските со Европа откако неговиот републикански претходник Доналд Трамп ги отфрли сојузниците и институциите за време на неговото владеење.
„Претседателот Бајден ќе ја потврди својата поддршка за ЕУ како основен партнер на Соединетите Држави“, изјави портпаролката на Белата куќа, Емили Хорн во соопштението.
САД и ЕУ ја поздравија новата ера во нивните односи
ЕУ се закани со одговор на тарифите за увоз кои ги најави Трамп
Трансатлантските односи се подобрија за време на мандатот на Бајден, а САД и ЕУ решија два големи трговски спорови околу субвенциите за авиони и производството на челик за да постигнат заедничка цел во однос на поголемите закани што ги носи Кина.
Бајден и фон дер Лајен би можеле да разговараат и за остриот скок на цените на енергијата што ја поттикна загриженоста за инфлацијата, продлабочувајќи ги дискусиите што започнаа за време на Г20. Бајден, кој ги принуди ОПЕК и неговите партнери да ги зголемат резервите на нафта, ги повика големите земји-производители на енергија од Г20 со слободен капацитет да го зголемат производството за да обезбедат посилно глобално економско закрепнување.