Нов ревидиран список попладнево е поднесен во Собранието со барање за гласање на недоверба на Владата.
Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, новиот список бил доставен до Архивата на Парламентот, а дека од тактички причини ги нема потписите на неколкумина пратеници кои биле на списокот кој беше претходно доставен, јавува МИА.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ очекуваат утре да биде изгласана недоверба на Владата на собраниска седница.
Од Кабинетот на претседателот на Собранието потврдуваат дека е доставено Известување за повлекување од потписници на материјалот Прашање за Доверба на Владата на Република Северна Македонија, со вкупно 17 потписи на пратенци.
Инаку, ова се случува откако претходно до Собранито беше доставен список со потписи на пратеници од опозицијата за иницијатива за гласање на недоверба на Владата, но реагираше пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива инсистирајќи дека неговиот потпис не може да стои заедно со потписите на двајцата пратеници на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, затоа што како што рече, нивната партија била анти-НАТО, анти-ЕУ, анти-американска и против договорите од Охрид и Преспа.
Заев засега останува, ќе остане ли и Владата?
Но, потоа ВМРО-ДПМНЕ даде предлог Реџепи да одбере 19 пратенци од ВМРО-ДПМНЕ и заедно да ја поднесат иницијативата.
СЕпак, ваквата опција ја отфрли претседателот на Собранието Талат Џафери кој рече дека ако не се гласа на седницата закажана за четврток, потоа 90 дена не може да има гласање на доверба на владата.
Засега нема официјална потврда кои пратеници не се на новиот список.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ иницијативата за гласање доверба на Владата на Зоран Заев ја поднесе пред два дена, а на неа беа потпишани 61 пратеник, од кои покрај ВМРО-ДПМНЕ, беа пратениците на Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса и на Левица.
СДСМ со одлука за одложување на оставката на Заев
По завршувањето на вториот круг од локалните избори 2021, на кои победи ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев најави оставка од функцијата премиер и лидер на СДСМ, но по синоќешниот состанок на највисоките партиски тела тој ја смени одлуката.