Во Косово се регистрирани 12 случаи на делта плус видот на коронавирусот, соопшти денеска косовското Министерство за здравство. Делта плус сојот бил тестиран на 59 луѓе во лабораторија во Германија.
Освен делта плус сојот, регистрирани се уште 47 инфекции на делта видот на коронавирусот.
Делта плус е нов вид, а според експертите тој се шири побрзо.
Косовските власти наведуваат дека делта варијантата е најдоминантна меѓу новозаразените случаи на Косово и дека исто така постои опасност од проширување на делта плус сојот.
Расте бројот на ковид случаи во регионот, Словенија и Грција воведоа нови мерки
Во изминатите 24 часа во Косово се регистрирани 14 нови случаи на коронавирус од направени 1.696 тестирања, според Националниот институт за јавно здравје на Косово каде моментално има 444 активни случаи.
Меѓутоа, овој извештај не ги вклучува случаите од српските заедници во Косово, бидејќи здравствените системи функционираат одделно, односно здравствените институции во српските заедници работат во српскиот систем.
Моменталниот број на активни случаи на коронавирус во српските области во Косово е 566.