Европскиот парламент денеска усвои извештај со кој се препорачува прием на Бугарија и Романија во шенген зоната. Вкупно 505 европски пратеници гласале „за“ додека против биле 134 а воздржано гласале 54, се наведнува во соопштението од Европскиот парламент. Во него е наведено дека Хрватска ги исполнува условите за влез во шенген зоната, но според резолуцијата на ЕП , се бара од Загреб да ги отстрани недостатоците во обуката на персоналот на границата како и „да инсистира на темелна проценка на почитувањето на основните права“. Читать дальше...
Сите 102 вработени во виничкото Јавно комунално претпријатие си поделиле 10200 денари како плата за мај, односно 100 денари по човек. Да имала фирмата уште 180 вработени, сите заедно ќе изваделе една просечна плата. Во синдикатот велат дека платата ќе биде дополнително исплатена.
На младите им требаат проекти за зелени општини, а за претстојните локални избори партиите треба да се посветат на екологијата и заштитата на животната средина, но во процесот да ги вклучат и младите, вели Мила Јовановска – претседателка на граѓанската организација „Го Грин“. Младите можат да даваат предлози да побараат зелени општини.