Старите лични карти на кои сè уште не им е истечен рокот ќе важат до 12 февруари 2024 година. Преспанскиот договор предвидува рокот на сите документи кои може да се користат и надвор од државата да истече најдоцна за пет години, а новото уставно име стапи на сила на 12 февруари 2019.
Етничките унгарски заедници и граѓанските групи во западна Украина добиле најмалку 115 милиони евра од унгарската влада во текот на изминатите 10 години, откри новата истрага на РСЕ. Од Валерија Јехошина
Сезоната на годишните одмори е во тек, па редиците возила на граничните премини се вообичаена слика особено во викендите. Од полицијата велат дека нема поголеми задржувања од македонска страна и оти повеќе се чека на грчката страна поради процедурата потребна за влез во нивната земја
Интерес за тендерот за фреквенции за 5Г мрежа изразиле четири компании. Тие бараат да платат помалку пари за користење на фреквенциите и подолг рок на користење за да им се исплати инвестицијата.