На неодамна одржаното 60 јубилејно издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, во Охрид беше промовирана третата по ред монографија чиј автор е новинарот М-р Милчо Јованоски. Тој преку 28 различни стории ја раскажува приказната за најстарата фолклорна манифестација во земјата.
Заводот за статистика веќе ги регистрирал првите пријавени на Конкурсот за реонски попишувачи и инструктори кој официјално е објавен денеска. Оттаму велат дека е пожелно пријавените да се имунизирани, но додаваат дека тоа нема да биде критериум по кој ќе се врши селекцијата
Изјавата на српскиот министер Александар Вулин за обединување на „српскиот свет“, 30 години по почетокот на војните, со хегемонистичките напори на тогашна Србија предводена од Слободан Милошевиќ, предизвика остри реакции на Балканот. Колку оваа идеја е опасна на Балканот? Анета Дуровиќ
Невремињата со поројни дождови кои предизвикуваат поплави, како што деновиве беше случај во Германија, се доста непредвидливи и тешки за прогнозирање, велат експерти. Тие укажуваат дека е потребна превенција за да се избегнат големи материјални штети и човечки жртви.
Бројот на вработени во првиот квартал годинава е за 18 илјади помал во однос на истиот период лани, пред да почне пандемијата на коронавирус. Вработеноста е многу повеќе погодена од вкупната економска активност, вели Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за економија.