На урбано Скопје, среде лето, од 15 до 21 јули, ќе му се случи 20-то јубилејно издание на Фестивалот на европски филм СИНЕДЕЈС, кој во текот на овие две децении израсна во значајно регионално културно случување кое се издвојува со храброста да исцртува поинакви линии на комуникација и едукација.
Од денеска се вакцинираат и граѓаните кои немале закажан термин, а ќе се оди и на терен во поодалечените населени места. Граѓаните велат дека се вакцинират за да се побезбедни, а некои се жалат на големи гужви. За вакцинација може да се пријавуваат и деца.
Со пребројани над 95 насто од гласовите на изборите во Бугарија ГЕРБ има 622.590 гласа или 23,90 проценти. Има таков народ, над ТВ шоуменот Слави Трифонов, заостанува со околу 6.500 гласови, односно 23,66 проценти. Вовед во нови избори?
Ако сакаше ЕУ досега сто пати ќе се проширеше, ни ги зеде децата, сега ќе си игра мајтап, гласи еден од коментарите по интервјуто со словенечкиот амбасадор Милан Предан. Читателите на РСЕ коментираат и за претстојното судење на бизнисменот Орце Камчев и вонредните парламентарни избори во Бугарија.
Општините заедно со јавните претпијатија под нивна капа должат 6,4 милиони евра повеќе од лани. Државниот ревизор вели дека 11 општини имаат блокирани сметки. Во меѓувреме, Владата го подели „колачот“ од програмата на ТАВ на 36 општини меѓу кои и најголемите должници. Станува збор за пари кои турскиот ТАВ беше обврзан да ги исплати за добивање на концесија на аеродромите.