Мы в Telegram
Добавить новость

Есть ли время? Вирусолог назвал срок спасения после укуса энцефалитного клеща

Мастера и художники с Ямала покоряют московский "Экспоцентр"

В Шелехове полицейские помогли жителям поднебесной найти дорогу в Москву

От цен до логистики: рынок автоклавного газобетона лихорадит в преддверии «высокого сезона»

World News in Macedonian
Ria.city


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Февраль
2021

Новости за 22.02.2021

SlobodnaEvropa.mk 

Стејт департмент: Одблизу ја следиме ситуацијата со бегството на Мијалков

Ситуацијата по повод бегството на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков ја следиме одблизу, изјави портпаролот на Стејт департментот на САД, пренесува Гласот на Америка. Тој додава дека се свесни за извештаите во врска со случајот. За Мијалков полицијата денеска издаде наредба за меѓународна потерница, откако такво решение донесе Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје. Полицијата започна да трага по Мијалков откако судот вчера издаде решение тој да биде во куќен притвор до изрекување... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Убиени четири жени активистки во погранична област на Пакистан

Осомничени милитанти направиле заседа на возило со четири жени активистки од невладина организација во северозападниот регион на Пакистан, кој се граничи со Авганистан, при што сите ги убиле, а возачот го раниле.  Нападот се случил на 22 февруари во селото Ипи во Мир Али, град во областа Северен Вазиристан, изјави за РСЕ Шафиулах Гандапур - началник на полицијата во Северен Вазиристан. Шафи Улах Кан, шеф на окружната полиција  исто така го потврди нападот, велејќи дека безбедносните сили ја пребаруваат областа за да ги пронајдат напаѓачите... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Средба на Путин и Лукашенко во Сочи

Рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот лидер Александар Лукашенко денеска започнаа директни преговори во Сочи во момент кога двајцата лидери се соочуваат со масовни протести во своите земји и се поголем притисок од Западот. На почетокот на состанокот, Путин изјави дека е среќен што е потврдено нивото на интеракција меѓу двете земји, стратешкото партнерство и сојузничките односи. Руските медиуми го цитираа Лукашенко дека за време на состанокот рекол дека остануваат шест или седум патокази за интеграција... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Пандемијата го зголеми семејното насилство

За време на пандемијата семејното насилство е зголемено за 8 до 10 проценти, покажуваат официјалните податоци. Во Битола во периодот јануари - септември лани 86 жртви се охрабриле да пријават семејно насилството. за споредба, пак, во 2019 во тој период имало 57 пријави.

SlobodnaEvropa.mk 

Нови 129 случаи на коронавирус, 13 починати и 342 оздравени

Здравствените власти денеска објавија дека се регистрирани 129 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 854 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 99.408. Починати се 13 пациенти во изминатото деноноќие сите во болнички услови, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава моментално е 3.076 лица. Во моментов во земјава има 6.590 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Вакцинирани над илјада здравствени работници

Досега 1.040 здравствени работници во земјава ја примиле вакцината против Ковид-19, соопштува Министерството за здравство. Од институцијата наведуваат дека кај мал број од нив се појавиле реакции по вакцинирањето, како болки во местото каде е ставена и благо зголемена телесна температура. Од Министерството за здравство велат дека сите вакцини се безбедни и развиени на сигурни платформи. „Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ реализирани се 63.075 пријави од граѓаните со искажување на интерес за вакцинација“... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ЕУ ќе воведе санкции врз Русија за затворањето на Навални

Министрите за надворешни работи на ЕУ се очекува на 22 февруари да одобрат нови санкции за Русија во врска со затворањето на опозицискиот политичар Алексеј Навални и акциите против неговите сојузници. Високи дипломати на 27-те земји членки на ЕУ кои се собираат во Брисел, најверојатно ќе користат мерки насочени кон руски индивидуалци и институции, како што се замрзнување на средства, забрани за визи, според новиот инструмент за санкции на блокот за казнување на прекршителите на човековите права. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Бил Гејтс ќе вложи 2 милијарди во борба против климатските промени

Американскиот мултимилијардер и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс најави дека во следните пет години планира да вложи 2 милијарди долари во борбата против климатските промени. Тој, во интервјуто за германски „Ханделсблат“, вели дека тоа ќе бидат вложувања во стартап компании и други проекти, а неговата цел е со вложените средства и напори да се спречи климатска катастрофа која би настанала како последица на глобалното затоплување. „Не е невозможно, но ќе биде многу тешко“, вели Гејтс и од државите... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Косово - Пребројување на гласовите од 494 избирачки места

Централната изборна Комисија на Косово (ЦИК) одлучи денеска да се повтори броењето на гласовите во 494 избирачки места на кои се гласаше на вонредните парламентарни избори на 14 февруари, јави МИА од Приштина. Портпаролот на ЦИК, Ваљмир Елези изјави за медиумите дека на спорните ибирачки места се забележани разни видови неправилности при евиденцијата на гласовите. „Според ЦИК, пребројувањето ќе се изврши поради следните причини: погрешно пренесување на гласовите во формуларите на политичките субјекти... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мицкоски бара оставки, Пендаровски одговорност за Мијалков

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска побара оставка од владата поради неможноста на власта да го пронајде обвинетиот поранешен директор на Управата за Безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. „Одамна реков, мафијата има своја држава. Нема дно кое не го пробија. Оставка на Владата веднаш“, напиша Мицкоски на Фејсбук. Заев: Се случи уште едно бегство, народот бара правда, разочарани сме Министерството за внатрешни работи распиша национална, а Кривичниот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Брнабиќ: Ќе ги престигнеме САД по број на вакцинирани

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека со денешната пратка од 46.800 вакцини од компанијата Фајзер, а пратката од 50.000 вакцини на Спутник, што утрово пристигнала во Белгради, во Србија досега се испорачани вкупно два милиона вакцини, јави допсиникот на МИА од Белград. Брнабиќ, пренесе МИА, за ТВ Хепи посочи дека Србија има потпишано договори за набавка на 12.332.200 вакцини, од кои пристигнале околу два милиони и дека за испорака останале околу 10 милиони вакцини. Таа очекува во текот на март да пристигнат околу 600 000 дози. Читать дальше...




SlobodnaEvropa.mk 

Обвинителство: Има сомнежи дека некој помогнал за бегство на Мијалков

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција смета дека постојат основи за сомнеж дека некој му помогнал на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, да избега од причина што кога го поднеле предлогот за притвор, тој не бил во бегство. „Имајќи го предвид фактот дека во моментот на изготвување на предлогот за определување на мерка притвор, како и во моментот на нејзиното поднесување до судот, обвинетиот Мијалков не бил во бегство, обвинителството... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Италијанскиот амбасадор во ДР Конго загинал во напад на конвој

Во напад извршен врз конвој на Обединетите нации денеска загина амбасадорот на Италија во ДР Конго. Нападот се случил во градот Гома, главен град на провинцијата Северен Киву и пограничен град со соседна Руанда. Целта на напаѓачите била да ги киднапираат дипломатите, а откако не успеале во намерата отвориле оган. На лице место загинале две лица, италијанскиот амбасадор Лука Атаназио и еден припадник на Карабинерите, пренесе АФП. „Со огорченост и голема болка ја примив веста за смртта на нашиот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Личните карти ќе бидат според регулативата на Европската унија

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека за него е прифатливо во личните карти да стои етничка припадност, но ако Европската унија (ЕУ) има конкретна и прецизна директива по тоа прашање, ќе се постапи според таа ЕУ регулатива, бидејќи, како што рече, Македонија нема алтернатива освен полноправно членство во Унијата. Гир: ЕУ нема да дозволува споделување на етничка припадност „Право на национално и сега, на сите земји членки на ЕУ така и наше е да го утврдиме делот на етничка застапеност. Амбасадорот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Хоџа ќе постапи по укажувањето на Антикорупциска, изјави Заев

Министерот Арјанит Хоџа ме информираше во петокот на пат кон Богданци дека има намера да постапи по укажувањето на Антикорупциската комисија, изјави денеска премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за укажувањата од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), која отвори постапка за министерот за Земјоделство, Хоџа, бидејќи, како што наведуваат, „во неговата семејна фирма по стапувањето на функциите, поставил блиско лице, односно сопругата да управува со компанијата, со што го прекршил законот“. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Кривичниот совет се согласи за меѓународна потерница по Мијалков

Кривичниот совет веднаш по приемот на барањето донесе решение за согласност за распишување меѓународна потерница за С.М. од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР) и истото е доставено до барателот, информираше денеска Основниот кривечен суд Скопје. „Ја информираме јавноста дека од страна на надлежното Министерство за внатрешни работи до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, предпладнево е поднесено барање за согласност од судот за распишување меѓународна потерница за обвинетиот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Клуге: Мислам дека епидемијата ќе заврши на почетокот на 2022

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, изјави дека епидемијата на Ковид-19 ќе заврши на почетокот на 2022 година. Во интервју за данската државна телевизија ДР, Клуге истакна дека и 2021. ќе биде година на Ковид-19, но година во која ќе биде многу полесно да се справуваме со епидемијата во споредба со 2020 година. Клуге верува дека најлошото сценарио е зад нас и дека има повеќе податоци за вирусот во споредба со 2020 година, кога за прв пат почна да се шири. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ѓурчески - Одговорност за Мијалков мора да има

Поранешниот полициски началник и безбедносен аналитичар Љубомир Ѓурчески вели дека се направени неколку пропусти во постапката кон поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Тој се сомнева дека Мијалков ја напуштил земјата на илегален начин, односно или со фалсификувана патна исправа или со обезбедување двојно државјанство. Мијалков е обвинет за илегалното прислушување воо случајот Таргет - Тврдина. Повеќе на https://bit.ly/2ZGD7qJ

SlobodnaEvropa.mk 

Каде е Сашо Мијалков?

По националната, полицијата издаде наредба и за меѓународна потерница за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков откако судот побара тој да биде во куќен притвор до изрекување на пресудата в петок.

SlobodnaEvropa.mk 

Нови протести во Мјанмар, поддршка од Блинкен

Демонстрантите и денеска се собраа на улиците во Јангон во Мјанмар и покрај заканите од хунтата дека ќе употребат сила доколку луѓето одговорат на повикот за генерален штрајк. Повеќе од 1.000 демонстранти се собраа околу американската амбасада во Јангон, а недалеку од таму беа распоредени 20 воени камиони, во кои се членови на полицијата за немири. Поддржувачите на движењето за граѓанска непослушност, кое го води отпорот, го повикаа народот да се обедини пред „пролетната револуција“. Работници... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Грција останува затворена, ќе мора да глумиме патриотизам

По информацијата дека Грција останува затворена за државјани на трети земји и за 8 Март, читателите на РСЕ на социјалните мрежи даваат предлози за друга дестинација -„Ене ја Албанија“, „И онака за Доминикана уплативме“, а трет коментар гласи:„Штета, ќе мора да глумиме патриотизам и понатаму“.

SlobodnaEvropa.mk 

Заев: Се случи уште едно бегство, народот бара правда, разочарани сме

Народот бара правда. Се случи уште едно бегство. Мијалков се очекува да биде осуден согласно предметот Таргет-Тврдина. Разочарани сме што тој се уште не е пронајден, изјави денеска премиерот Зоран Заев, додека трае полициската и судската потрага по поранешниот директор на Управата за безбедност и контра-разузнавање (УБК), Сашо Мијалков. Премиерот вели дека е „разочаран и дека ќе побара детали за истрагата и случајот да биде расветлен во најбрз можен рок, затоа што народот очекува правда“. Инаку... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Туристичкиот сектор бара бесплатни ПЦР тестови за странски гости

Бесплатни ПЦР тестови за странските државјани кои ќе докажат туристички или деловен престој во земјава со хотелска сметка или ваучер издаден од туристичка агенција, побара денеска Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија. Оваа мерка, како што велат од Здружението, е дел од петтиот антикризен пакет што го усвои Владата и е донесена на барање на бизнис секторот. „Владата го препозна значењето и потребата од ваков тип поддршка. Но, она што сакаме да укажеме е... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Шест букви на една коска што можат да ја препишат историјата на Словените?

Долго време се веруваше дека Словените немале свое писмо дури до деветтиот век, кога започнале да користат глаголица, воведена од христијанските мисионери Кирил и Методиј. Но, тоа е околу три века по натписот на една коската пронајдена во Лани, Чешка.

SlobodnaEvropa.mk 

Заев во „Титаник“: Преку државни институции вршеа притисок да се гласа за ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Зоран Заев, денеска, во својство на сведок, пред Судот даде изјава за неговите сознанија за изборните нерегуларности во 2014 година, предмет познат како „Титаник“. „Центрите за социјална помош беа злоупотребени, тие шетаа со списоци од примателите на социјална помош и им се закануваа дека доколку не гласаат за партијата на власт социјалната помош ќе им биде прекината. Шумската полиција правеше притисок на луѓето кои имаа договори за сеча дека доколку не гласат за ВМРО-ДПМНЕ, договорите за сеча ќе им бидат укинати“... Читать дальше...


Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

Есть ли время? Вирусолог назвал срок спасения после укуса энцефалитного клеща

Поджигатели вертолёта Ка-32 в Остафьево сознались в диверсии на железной дороге

Басков рассказал, что предпочитает гостевой брак и девушек не моложе 28 лет

WSJ: в НАТО сочли маловероятным нападение России на страны альянса

Музыкальные новости

«Хлеб всему голова». Как в Крыму и Севастополе изменились цены на хлеб?

Хоккейный клуб из Балашихи выиграл Кубок Регионов

звезды шоу-бизнеса посетили весеннюю неделю моды estet fashion week

Шапки женские на Wildberries — скидки от 398 руб. (на новые оттенки)

Новости России

«Мечтала попасть в твои руки»: Якутянка побывала на макияже у Гоар Аветисян

Прокуратура: устроивший смертельное ДТП в Москве водитель был пьян

Секретным парашютистом оказался актер Райан Рейнольдс, новый глава острова Яс

Папа прокурор, который отмажет? На историческую родину вместе с папой! Навсегда!

Экология в России и мире

Чтобы кости были крепкими: 10 продуктов, богатых кальцием, которые нужно добавить в рацион

Природа России 81

Героическое участие армян в СВО. Часть третья

Шапки женские на Wildberries — скидки от 398 руб. (на новые оттенки)

Спорт в России и мире

«Рублев отдохнул психологически и в Мадриде показывает качественный теннис» — Тарпищев

Соболенко удивила выступлением на турнире с участием Рыбакиной

16-летняя теннисистка Андреева обновила рекорд турниров WTA-1000

Рыбакина узнала неприятную новость перед "казахстанским дерби"

Moscow.media

Мрамор XXX. Пан и нимфа

Героическое участие армян в СВО. Часть третья

В Екатеринбурге будут судить уроженца Армении, устроившего дорожный конфликт со стрельбой

Музеи Твери. Лисичкины сказки











Топ новостей на этот час

Rss.plus






Такер Карлсон обсудил с Дугиным нелюбовь к Путина на Западе

Их ракетки – что молнии: в Великом Новгороде реализуется проект по теннису для ребят с ОВЗ

Миллионы — в хлам. Мажоры и блогеры разбивают в Москве дорогущие машины

Мастера и художники с Ямала покоряют московский "Экспоцентр"