„Фантазија“ е насловен рециталот на бугарскиот пијанист Евгениј Генчев што ќе се одржи овој вторник во Камерната сала на Филхармонија, а само два дена подоцна, на 25 февруари, Оркестарот ќе го свири концертот „Бетовен: Редефиниција“, на кој солист ќе биде Јониан Илијас Кадеша од Берлин, Германија.
Евростат одговори дека Законот за попис и методологијата во повеќето аспекти се широко поврзани со релевантните стандарди дефинирани во статистичкото законодавство на ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ нема доверба во пописот.
Израел повторно отвори поголем дел од економијата и многу јавни услуги и покрај континуираното ширење на ковид-19 во таа земја. На 21 февруари им беше дозволено на израелските малопродажни продавници и трговски центри, некои одделенија од средно училиште и други јавни услуги да дозволат ограничен број луѓе. Спортските сали, хотелите и театрите беа отворени за оние со таканаречени „Зелени пасоши“, покажувајќи дека добиле две дози од вакцина против коронавирус најмалку пред една недела. Израел и... Читать дальше...
Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, од вчера попладне е недостапен, и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд. Од МВР за МИА потврдија дека му е одреден куќен притвор и оти се преземаат мерки и активности за негово пронаоѓање. Обвинителството побарало куќен притвор поради опасност од бегство во пресрет на објавувањето на пресудата за предметот Таргет-Тврдина в петок, а во кој Мијалков е еден од обвинетите. Читать дальше...
Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан предупреди дека Соединетите држави ќе одговорат во рок од „неколку недели, а не месеци“ на рускиот сајбер напад, откриен во декември, чија цел биле филијали на американската влада и други клучни институции. Тој рече дека одговорот најверојатно ќе вклучува „мешавина на видени и невидени алатки“ и „тие нема да бидат едноставно санкции“. „Ние сме во процес на работа преку која ќе обезбедиме Русија да разбере каде САД ја повлекуваат линијата за ваков вид активност“, рече Саливан. Читать дальше...
Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко денеска ќе се сретнат во црноморското одморалиште Сочи. „Можеме да очекуваме многу долги преговори“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Според него, билатералните односи и размената на мислења за меѓународните прашања ќе бидат на агендата на разговорите. „Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко сигурно има што да му каже на рускиот претседател по Белорускиот народен конгрес“, забележа Песков. Читать дальше...
Соединетите држави се приближуваат до бројката од 500.000 смртни случаи од коронавирусот, соопшти Универзитетот Џонс Хопкинс, прецизирајќи дека досега од овој вирус починале околу 498 000 луѓе. Имунологот Ентони Фаучи рече дека бројот на 500.000 луѓе е скоро 70.000 повеќе од американските жртви во Втората светска војна. Соединетите држави го надминаа прагот од 400.000 смртни случаи од коронавирус во јануари пред инаугурацијата на претседателот Џо Бајден. Долги редици за вакцинирање во Бугарија... Читать дальше...
На денешниот состанок со кој ќе раководи високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел министрите за надворешни работи ќе бидат брифирани за тековните работи и ќе разгледаат голем број неодамнешни прашања и претстојните настани, вклучувајќи ја и ситуацијата во Мјанмар по што треба да бидат усвоени заклучоци. Борел го осуди насилството на властите врз демонстрантите во Мјанмар и навести дека ЕУ „ќе донесе соодветни одлуки“. „Ги повикувам армијата и безбедносните сили веднаш да го запрат насилството врз цивилите“... Читать дальше...
Претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот претежно сончево со слаб променлив ветер. Дневната температура ќе биде од 9 до 17 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 12 степени.
Полицијата вечерва го бара поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков да му врачи решение за домашен притвор, но тој не бил на адресата што ја дал во судот, објавија повеќе македонски медиуми повикувајќи се на неофицијални судски и полициски извори. Мијалков наводно бил баран и во други негови станови, како и во хотелот Мериот чиј косопственик е. По девет часа заврши „Таргет-Тврдина“, пресуда во петок Мијалков е обвинет во случајот Таргет-Тврдина за... Читать дальше...