Демонстрантите и денеска се собраа на улиците во Јангон во Мјанмар и покрај заканите од хунтата дека ќе употребат сила доколку луѓето одговорат на повикот за генерален штрајк. Повеќе од 1.000 демонстранти се собраа околу американската амбасада во Јангон, а недалеку од таму беа распоредени 20 воени камиони, во кои се членови на полицијата за немири.
Поддржувачите на движењето за граѓанска непослушност, кое го води отпорот, го повикаа народот да се обедини пред „пролетната револуција“. Работници и државни службеници се приклучија на движењето за граѓанска непослушност, одбивајќи да работат додека воената хунта не ја врати власта во демократски избрана влада.
Во Мандалај полицијата уби двајца на 20 февруари, а девојче кое почина како резултат на повредите беше погребано на 21 февруари. Таа беше првата жртва од почетокот на протестот на 1 февруари против пучот во кој беше соборена избраната влада на Аунг Сан Су Ки. Воената администрација прогласи вонредна состојба за една година и вети дека ќе се одржат избори, по што овластувањата ќе бидат предадени на победничката партија.
Седница на Советот за надворешни работи на ЕУ
Државниот секретар на САД, Антониј Блинкен, рече дека САД ќе продолжат да преземаат „цврсти мерки“ против властите кои дејствуваат против граѓаните кои се против воен удар во Мјанмар. САД стојат покрај народот на Мјанмар „во своето барање да се врати демократски избрана влада“, напиша Блинкен на Твитер. Пред десетина дена, Вашингтон воведе санкции против вршителот на должноста претседател на Мјанмар и неколку други воени офицери.