Грција од денеска воведе регионална блокада во вториот по големина град Солун, како и во Лариса и областа Родопи по растот на бројот на заразени од ковид-19. Земјата бележи значително помал број на ковид-19 од другите земји во Европа, но случаите рапидно растат од почетокот на октомври. Во средата, Грција регистрираше 1.547 нови случаи, што е најмногу за еден ден. Бројот на починати од почетокот на коронавирусот кон крајот на февруари досега достигна 615. „Просечната возраст на нови инфекции сугерира... Читать дальше...
Бугарскиот претседател Румен Радев се самоизолира откако шефот на неговиот кабинет Димитар Стојанов бил позитивен на коронавирус. Стојанов бил на одмор од 26 октомври, а неговиот последен контакт со вработените во претседателската администрација се случил три дена порано. Радев, чија улога на претседател е главно церемонијална, и вработените кои биле во контакт со Стојанов треба да ги извршуваат своите должности од далечина, додека се наоѓаат во карантин. Бугарскиот претседател Радев негативен... Читать дальше...
Лидерите на 27-те земји-членки на Европската унија остро го осудија нападот со нож во Ница и ја изразија својата „солидарност“ со Франција, повикувајќи на „дијалог меѓу заедниците и религиите“. „Ние исто така ги повикуваме лидерите ширум светот да работат за дијалог и разбирање меѓу заедниците и религиите, а не за поделби“, се вели во соопштението објавено од претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. Изјавата беше издадена на почетокот на видео самитот на ЕУ посветен на подемот на пандемијата на ковид-19. Читать дальше...
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан испрати „порака за мир до муслиманскиот свет“, нагласувајќи дека Франција е „земја на толеранција“. „Не слушајте гласови што сакаат да предизвикаат недоверба. Да не бидеме заробени во претерувањето на малцинството манипулатори", изјави Ле Дриан во обраќањето пред парламентот. Две недели по смртта на наставникот по историја Самуел Пети, кој беше убиен од еден млад исламист затоа што им покажа карикатури на муслиманскиот пророк Мухамед на неговите ученици на час за слобода на изразување... Читать дальше...
Претпладне ќе биде променливо облачно, во северните делови со слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Дневната температура ќе биде од 10 до 21 степен. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 16 степени.