Одлуката на Општина Ѓорче Петров да забрани сушење алишта во дворовите со поглед на улица ја разбранува јавноста. Едни велат Ѓорче не смее да личи на Кабул, други, пак, посочуваат дека после секој дожд личи на Венеција.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на последниот ден од конвенцијата на Републиканската партија на која е номиниран за претседателски кандидат за изборите во ноември ќе го одржи својот говор за прифаќање на кандидатурата пред бројна публика на Јужниот тревник на Белата куќа. Трамп стана кандидат на Републиканците за претседателските избори Трамп заостанува зад претседателскиот кандидат на Демократската партија Џо Бајден во анкетите на јавното мислење и републиканците се надеваат дека... Читать дальше...
Со програма главно сочинета од докажани македонски музичари и бендови, во последнава недела од август, на домашнава културна сцена едноподруго ќе и се случат три џез фестивали – најнапред оној во Тетово, а потем Џез фабрика во Битола и Прилеп џез викенд.
Германија ќе ги укине задолжителните тестови за коронавирус за патниците кои се враќаат од области со висок ризик во странство и ќе се фокусира врз тестирање на лица со симптоми со ковид-19, рече министерот за здравство Јенс Шпан. Тој додаде дека за време на летните одмори, бројот на тестови во Германија речиси двојно се зголемил, на 900.000 неделно, делумно за да се идентификуваат луѓето кои се заразиле во странство. Во Германија се одржаа 3 концерти за студија за коронавирус На луѓето кои се... Читать дальше...
Овие неформални состаноци се одржуваат двапати на годишно ниво, а домаќини се земјите кои во тој момент го имаат претседателството на Советот на Европската унија. Средбата ќе се одржи во германската Федерална канцеларија за надворешни работи во Берлин, а домаќин ќе биде германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас. На состанокот ќе претседава високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Комисијата Жосеп Борел. Лукашенко бара спас во геополитиката... Читать дальше...
Претседателите на САД и Турција, Доналд Трамп и Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараа за регионални прашања, вклучително и Медитеранот, соопшти Анкара. Тензиите меѓу Турција и Грција ескалираа откако Анкара овој месец испрати истражувачки брод во спорните источни медитерански води, за што Атина смета дека е нелегална постапка. Ердоган не се откажува од истражувањата во Средоземното море Претходно вчера, Ердоган ја предупреди Грција да не ја тестира трпеливоста или храброста на Турција со ескалација... Читать дальше...
Денеска ќе се одржи експертска средба во рамките на политичкиот дијалог меѓу Србија и Косово потврди за РСЕ Набила Масрали, портпарол на Европската унија за надворешна и безбедносна политика. „По продолжувањето на највисоко ниво во јули, дијалогот продолжува со серија состаноци на стручно ниво како дел од тековниот процес. Можеме да потврдиме дека состаноците ќе се одржат на 27 август“, рече Масрали. Столтенберг: Дијалогот меѓу Белград и Приштина е единствениот начин за решение Ова ќе биде трета средба на ниво на експерти... Читать дальше...
Полицијата во Белорусија синоќа ги растера демонстрантите кои се собраа на главниот плоштад во Минск и уапси десетици луѓе за време на 18-тиот ден од протестите, на кои се бара претседателот Александар Лукашенко да си даде оставка. Авторитарниот лидер на Белорусија, кој управува со земјата цели 26 години, одби да разговара со демонстрантите, кои сметаат дека се наместени резултатите од изборите на 9-ти август, на кои тој освои шести мандат. Алексиевич: На Белорусија и треба помош од меѓународната заедница и Русија Светлана Алексијевич... Читать дальше...
Ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде од 26 до 35 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 33 степени.
Програмата за работата на владата од 2020 до 2024 година стигна во Собранието, а мандатарот Зоран Заев викендов треба да ја брани пред пратениците. Покрај програмата и биографиите на предлог министрите стигнаа во парламентот каде што за в сабота е закажана седницата за избор на новата влада.