Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на последниот ден од конвенцијата на Републиканската партија на која е номиниран за претседателски кандидат за изборите во ноември ќе го одржи својот говор за прифаќање на кандидатурата пред бројна публика на Јужниот тревник на Белата куќа.
Трамп стана кандидат на Републиканците за претседателските избори
Трамп заостанува зад претседателскиот кандидат на Демократската партија Џо Бајден во анкетите на јавното мислење и републиканците се надеваат дека тој ќе добие поттик од конвенцијата на која се истакнати неговите реизборни теми за „законот и редот“ и растечката економија пред избувнувањето на коронавирусот. Конвенциите на двете партии беа драматично ограничени и се одвиваа практично без голема публика во живо за да се спречи ширењето на коронавирусот.