Во рамките на скринингот кој се врши од страна на Министерството за здравство поради коронавирусот, во општините Дебар и Центар Жупа вчера и денес се тестирани 900 лица. Оваа денеска за Радио Слободна Европа го изјави раководителот на единицата за јавно здравје во Дебар, епидемиологот Ментор Мела, јавува нашиот дописник Кенан Мимидиновски. Мела додава дека во Дебар се пристигнати 2342 тестови и во реализацијата на тестирањето се вклучени 17 матични лекари, гинеколози и педијатри од двете општини... Читать дальше...
Кина денеска десетти ден по ред не пријавила ниеден смртен случај од последици на заразата со коронавирус. Властите во Пекинг потврдија дека заразата во изминатите 24 часа е потврдена кај 12 луѓе, од кои 11 се вратиле од странство. Во кинеските болници има 838 пациенти заразени со коронавирус, додека уште околу 1000 луѓе се во изолација и под надзор, зашто има сомнеж дека се заразени или биле позитивни на тестирањето, но немаат симптоми. Кина, од каде што се прошири коронавирусот низ светот досега... Читать дальше...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска од аеродромот „Никола Тесла“ испрати четири од предвидените осум авиони со помош за Италија, јави дописникот на МИА од Белград. Србија испраќа два милиона хируршки маски, два милиона епидемиолошки маски и еден милион ракавици. „Можеби можевме и повеќе, но ова е гест да покажеме колку ни значи Италија“, истакна Вучиќ, испраќајќи порака со сочувство до сите починати. Пред да ја испрати помошта за Италија, српскиот претседател ги прими претставниците на тимот на руските вооружени сили... Читать дальше...
Светската здравствена организација денеска предупреди дека идејата за давање таканаречени „имунитетски пасоши“ не е добра, зашто во моментов нема докази дека луѓето кои оздравеле од КОВИД-19, и имаат антитела, се заштитени од нова инфекција. Пред да се започне со евентуалното издавање „имунитетски пасоши“ или „сертификати за непостоење ризик (од зараза)“, за луѓето кои се заштитени од повторна инфекција да може да се вратат на работа, се потребни уште истражувања, велат од СЗО. „Во овој момент... Читать дальше...
Во изминатото деноноќие се потврдени 41 случај на дијагностицирани со Ковид-19 во земјава, со што вкупниот број на заболени достигна 1367 луѓе. Денеска се регистрирани 37 оздравени пациенти. Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 35 кои се лекуваа во домашни услови. Досега се излечени 374 луѓе. Во последните 24 часа се направени рекордни 728 теста за Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 14.758 тестирања. Филипче- маски треба да се носат, ракавици не се неопходни На Инфективната... Читать дальше...
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески не очекува никакви проблеми во делот на исплатата на средства кон компаниите. Тој денеска на прес-конференција рече дека тоа и досега не било случај. „Работодавците и компаниите не треба воопшто да бидат загрижени, бидејќи во буџетот има доволно средства и преку кредитните линии, но се разбира и преку средства од буџетот. Не очекувам во ниеден случај заради средствата кој било проект да биде попречен од она што е согласно Планот за јавни набавки“... Читать дальше...
Продавниците и школите во Белгија постепено ќе се отвораат од 11 до 18 мај, соопштија тамошните власти. Во земјата од половината на март на сила е карантин како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. Во Белгија, која има 11,5 милиони жители, се регистрирани повеќе од 44 илјади дијагностицирани со Ковид-19, од нив околу 6700 починаа. Белгиските власти соопштија дека се намалува ширењето на заразата, но дека вирусот и натаму е присутен. Кафетериите и рестораните засега остануваат затворени... Читать дальше...
Премиерот Оливер Спасовски вели дека не се знае точно колку ќе трае оваа здравствена и економска криза и какви одлуки ќе бара да се носат, па затоа треба да се овозможи функционалност на Парламентот, доколку се покаже потребно. „Очекувам сите политички субјекти да бидат на висина на одговорноста и да носат одлуки во интерес на државата и на граѓаните, а не да се водат од партиски калкулации. Ние сме целосно демократска власт, а во демократија е нормално Владата да биде контролирана од Парламентот и ние немаме проблем со тоа“... Читать дальше...
Албанија ги доби најавените 20.000 тестови донација од Европската унија. На директорката на Институтот за јавно здравје, Албана Фицо донацијата ѝ ја предаде амбасадорот на мисијата на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца. „Овие тестови ќе послужат за поквалитетна анализа. Колку посигурни се тестовите, толку поефикасна е војната. ЕУ стои до Албанија. Солидарноста и соработката меѓу Албанија и ЕУ посилна од кога било“, напиша Сореца на Твитер. Според вчерашните последни објавени податоци од Институтот за јавно здравје... Читать дальше...
Генералното собрание на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) со големо мнозинство ја поддржа кандидатурата на партискиот потпретседател Авдулах Хоти за кандидат за нов премиер на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста ја објави лидерот на ЛДК Иса Мустафа, преку писмо со кое им се заблагодари на членовите на највисокото партиско тело за тоа што одговорија на барањето да се изјаснат за кандидатурата на Хоти. Авдулах Хоти нов кандидат за премиер на Косово Курти:Тачи пробува да формира... Читать дальше...
Претседателот Стево Пендаровски планира да организира лидерска средба во првата половина на следниот месец. Од Кабинетот на претседателот за МИА потврдуваат дека на средбата во мај ќе се разговара за натамошниот тек на политичкиот процес во земјата, како и за можните термини за одржување на следните парламентарни избори. „Во овој период сите напори и државни ресурси треба да бидат насочени кон справување со пандемијата на коронавирусот“, велат од Кабинетот на претседателот Пенадровски. Мицкоски... Читать дальше...
Саудиските власти ја укинаа многу критикуваната казна камшикување, за да ги испочитуваат меѓународните стандарди за човекови права против телесно казнување, се наведува во денешниот документ на Врховниот суд на таа земја. Саудиска Арабија редовно е мета на критики од невладините организации поради кршењето на човековите права, особено поради казните со камшикување, кои се применуваат за убиство, прекршувања на јавниот ред и мир и за прељуба. „Врховниот суд одлучи да го укине камшикувањето како казна која може да ја изрече судија“... Читать дальше...
Министерството за здравство денеска информира дека двете компании што го добија тендерот за набавка на 31 респираторни машини ги известиле дека нема да бидат во можност да ги испорачаат машините согласно договорот. Поради ова, јавната набавка се поништува и ќе биде повторно распишана. Во меѓувреме, земјава доби 12 респираторни машини од Европската унија со што се надополнија постојните капацитети. Сега во земјава има над 130 респираторни машини, се вели во соопштението од Министерството за здравство. Читать дальше...
Унгарија и Кина потпишаа договор за кредит за финансирање на изградбата на железничка линија меѓу Будимпешта и Белград. Кредитот вчера го најави унгарскиот министер за финансии Михали Варга и тој значи почеток на проектот кој беше во застој со години. Инвестицијата е дел од амбициозната кинеска иницијатива „Појас и пат“ и е првиот голем кинески инфраструктурен проект во ЕУ. Заемот од 1,855 милијарди долари има рок на отплата од 20 години, каматна стапка од 2,5 проценти и можност за предвремена отплата, изјави Варга за Ројтерс. Читать дальше...
Руско вселенско летало со над 2,5 тони намирници, но и со фотографии и спомени кои ќе бидат употребени за одбележување на победата против фашизмот во Втората светска војна, успешно слета на Меѓународната вселенска станица (МВС). Руското летало за снабдување Прогрес 75 беше пречекано од тричлениот екипаж на станицата – американскиот космонаут Крис Кесиди и руските космонаути Анатоли Иванишин и Иван Вагнер. Леталото ќе остане закачено на станицата седум месеци. Леталото беше лансирано од космодромот... Читать дальше...
По два викенда со целосна забрана за движење денеска почнува првиот викенд со скратен полициски час. Забраната за движење денеска ќе почне од 15 часот, а ќе трае до понеделник во 5 часот наутро. За лицата над 67-годишна возраст денеска е дозволено движење од 5 до 11, а децата до 18 години ќе може да излегуваат од 12 до 15 часот. Според новите мерки што ги однесе Владата во средата, маска или нешто што ги покрива устата и носот задолжително треба да се носи во сите затворени јавни места каде што има повеќе лица како маркети... Читать дальше...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде од 1 до 7, а максималната од 16 до 24 степени. Во Скопје, сончево со слаб ветер од југозападен правец со температура до 22 степени. Според УХМР, за викендот времето ќе биде стабилно, суво и потопло. Од почетокот на следната недела ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Дневните температури ќе бидат без промени.
Земјите членки на ЕУ чија економија се потпира на туризмот веќе бројот загуби во милијарди поради пандемијата со коронавирусот. Поради затворените граници хотелиерите се пред банкрот. Европските фондови за спас да се насочат за помош на овој сектор, бара еврокомесарот за внатрешен пазар и услуги.