Продавниците и школите во Белгија постепено ќе се отвораат од 11 до 18 мај, соопштија тамошните власти. Во земјата од половината на март на сила е карантин како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.
Во Белгија, која има 11,5 милиони жители, се регистрирани повеќе од 44 илјади дијагностицирани со Ковид-19, од нив околу 6700 починаа.
Белгиските власти соопштија дека се намалува ширењето на заразата, но дека вирусот и натаму е присутен.
Кафетериите и рестораните засега остануваат затворени, а повторно може да бидат отворени најрано од 8 јуни.
Дел од школите ќе бидат отворени од 18 мај, но во една училница не смее да има повеќе од 10 ученици. Задолжителното носење маски стапува на сила на 4 мај и ќе важи и за деца од 12 години.