Расте бројот на дијагностицирани со Ковид -19 во Русија. Само во последните 24 часа се откриени повеќе од 6000 нови заразени, што е за 16,5 отсто повеќе од претходниот ден. Досега се потврдени 42.853 случаи на заразени со Ковид -19, со што Русија се наоѓа на 10-тото место во светот. Во изминатите 24 часа во земјата починале 48 луѓе од коронавирусот, а 3.291 луѓе досега оздравеле. Најмногу заболени во изминатите 24 часа има во Москва. Рускиот претседател Владимир Путин вели дека ја држат ситуацијата под контрола. Читать дальше...
Србија досега има евидентирано 6.318 заразени луѓе со коронавирус, 122 починати и 753 излечени. Во изминативе 24 часа регистрирани се пет нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати се зголеми на 122 луѓе. Во изминатите 24 часа, тестирани се 2.673 луѓе, од кои бројот на позитивни на вирусот е потврден кај 324 луѓе, со што вкупно во Србија 6.318 лица имаат Ковид-19. Вкупниот број тестирани лица заклучно со денес во Србија изнесува 38.701 лица, а досега се излекувани 753 пациенти според резултатите на направени два негативни теста. Читать дальше...
Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа изјави дека нема воопшто дилеми дали да го прифати мандатот за формирање нова Влада на Косово, веднаш штом претседателот на државата Хашим Тачи побара од неговата партија име на кандидат за иден премиер. Изјавата на поранешниот косовски премиер, дадена за порталот „Газета експрес“, доаѓа во време кога актуелниот вршител на должноста премиер, лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ), Албин Курти, одбива да предложи име за мандатар, откако на неговата влада... Читать дальше...
Францускиот Бруто-домашен производ годинава ќе опадне за најмалку 8 отсто, во зависност од тоа колку време ќе помине до целосно враќање на ситуацијата во нормала, по пандемијата на коронавирусот, рече денеска гувернерот на Банката на Франција, Франсоа Вилроа де Гало. „Сегашната криза е невидена досега по својата природа и е посилна од претходната криза“, рече гувернерот во интервју за весникот Журнал ди диманш. „Франција би требало да забележи пад на БДП од најмалку осум отсто во 2020“, процени тој. Читать дальше...
Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК) и поранешен косовски премиер Рамуш Харадинај ја одби поканата на специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак за телефонски разговор, порачувајќи дека, во моменталните „нејасни политички околности“, еден таков разговор е непотребен. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во писмото што му го упати на словачкиот дипломат, Харадинај го повторува неговиот став дека „дијалогот со посредство на ЕУ... Читать дальше...
Во изминатите 24 часа потврдени се 37 нови случаи на заразени со Ковид 19, со што вкупниот број на дијагностицирани со вирусот во земјата достигна 1207 луѓе. Во изминатото деноноќие оздравеле 15 пациенти, соопштија денеска од Министерството за здравство. Од оздравените шест биле на болничко лекување, а девет се лекувале во домашни услови. Од Министерството соопштија дека починале двајца пациенти, еден во Инфективната клиника и еден во болницата „8 Септември“ и двајцата имале претходни болести. Филипче - Здравјето дел од честитките... Читать дальше...
Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил упати честитка за Велигден и потсети колку е важно да се штити здравјето. „Една од најважните работи кои секогаш е дел од сите честитки, е доброто здравје. Иако редовно го посакуваме, често забораваме да го заштитиме или да се грижиме за него. Нека овој празник нѐ потсети колку е важно да се грижиме за нашето здравје, но и за здравјето на сите околу нас. Колку е важно да сме одговорни за себе, но и за другите. Колку е важно колективното наспроти индивидуалното“... Читать дальше...
Руската амбасада во Чешка наводно ја променила официјалната адреса во Прага, откако плоштадот каде што се наоѓа амбасадата беше преименуван во чест на убиениот руски опозиционер Борис Немцов. Амбасадата сепак ги негира извештаите во чешките медиуми, наведувајќи дека амбасадата почнала да користи единствена поштенска адреса, наместо две кои комплексот долго време ги имал. До овој чекор доаѓа по дипломатските препирки меѓу двете земји за спомениците од Втората светска војна и за другите остатоци од Студената војна. Читать дальше...
Најмалку три луѓе се уапсени, уништени се два автомобили и шатори во инцидентите што во текот на ноќта се случија во прифатниот центар за бегалци и мигранти на Хиос, објавија локалните медиуми од грчкиот остров, јави дописничката на МИА од Атина. Мигрантите и бегалците палеле шатори и се судриле со полицијата, а рано утрово ситуацијата била ставена под контрола. Во Грција анти-корона мерките важат и за бегалците и мигрантите Според грчката новинска агенција АНА-МПА, инцидентите започнале... Читать дальше...
Потпретседателот на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово Насим Харадинај упати барање до Истражната комисија на Собранието на Косово итно да го испита приемот на илјада тестови за Ковид-19, како хуманитарна помош од страна на Србија. Преку објава на својата страница на Фејсбук, Харадинај побара од Институтот за јавно здравство на Косово јавно да ја фрли и уништи српската донација и да ја прекине соработката со Владата на Косово, се додека таа не преземе мерки против тие кои ги примиле тестовите... Читать дальше...
Политичкиот врв преку видео пораки го честита Велигден. Премиерот Оливер Спасовски, претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и други испратија пораки и честитки до православните верници, осврнувајќи се на празнувањето во време на коронавирусот. Спасовски вели дека оваа година Велигден го минуваме во самоизлоација, како подвиг на секој од нас пред искушенијата, кои на светско ниво ги донесе оваа пандемијата и здравствено-економската... Читать дальше...
Авиоиндустријата е една од гранките која поради коронавирусот се соочува со загуби поради забраните за летање во повеќе земји во светот. Во битката за помош на авиокомпаниите да преживеат доведени се во прашање правата на патниците за поврат на нивните пари поради откажаните летови.
Полицијата регистрирала 84 луѓе кои во изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење. Од нив приведени се 67 луѓе, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштија од МВР. Исто така, според статистичките податоци за изминатите 24 часа на 31 лице им се издадени решенија за изолација, а 43 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја... Читать дальше...
Грците останаа дома за Велигден, а христовото воскресение во повеќе делови на Атина беше прославено со огномет. Грците ги послушаа препораките на Владата, останаа дома, а позитивно одговорија и на повиците на градоначалниците и дел од митрополитите, на полноќ да излезат на балконите со запалени свеќи. Црквите останаа празни, свечената богослужба се одржа зад затворени врати, а верниците ја следеа на телевизија и преку интернет. Во неколку цркви во Грција прекршена забраната Пред црквите, дискретно беше присуството на полицијата.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Преку денот облачноста ќе се зголемува и попладне во јужните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб претежно јужен ветер. Максималната температура ќе се движи од 20 до 26 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе се задржи претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 25 степени. Од понеделник времето ќе биде претежно облачно, а од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд... Читать дальше...
Граѓаните кои се погодени од корона кризата односно зимаат минимални плати, сметките за март, април и мај ќе ги плаќаат на рати и без камата, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот на РКЕ Марко Бислимовски. Најавува дека во текот на следниот месец ќе почнат да пристигнуваат порамнителните сметки за топлинска енергија кои пак ќе бидат намалени за најмалку 20 проценти. Дали цената на струјата ќе остане непроменета е рано да се каже, вели Бислимовски.
Регулаторната комисија за енергетика прави напори да се зголеми бројот на корисници на парно, со тоа што цената на приклучокот ќе се намали за околу 25 проценти. А поголем број на потрошувачи, значи помала цена, вели претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.