Здравствените власти во Белград и во Приштина потврдија дека Србија му донира 1000 тестови за коронавирус на Косово. Портпаролот на косовското Министерство за здравство Фаик Хоти рече дека денеска треба да пристигнат уште 2000 тестови од претходен договор, како и дека во петок ќе се знае кој го добил тендерот за набавка на 10-13 илјади тестови. Во Косово има 449 регистрирани случаи на коронавирус, а 12 луѓе досега починаа.
Радува фактот што секојдневно имаме нови и нови излекувани пациенти од коронавирус. Денеска вкупно 18, од кои 13 беа на болничко лекување и петмина кои се лекуваа во домашни услови. Со ова бројот на излекувани пациенти во нашата земја е 139, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој е во домашна изолација по средбата со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој е позитивен на коронавирус и прес-конференцијата ја одржа од сопствениот дом. Во изминатите 24 часа, посочи тој... Читать дальше...
Австрија денеска ја затвори последната термоелектроцентрала на јаглен, што е симболична етапа во земјата која сака до 2030 година во целост да произведува струја од обновливи извори на енергија. Термоелектраната на југот на Австрија го снабдуваше Грац со струја. Останатите термоелектрани на јаглен во земјата беа затворени во изминатите 15 години.
Објавен како 182 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, деновиве од печат излезе „Смоква“, третиот роман на словенечкиот режисер, писател и колумнист Горан Војновиќ. Преводот од словенечки јазик е на Давор Стојановски, а дизајнот на корицата на Марија Смилевска.
Општинскиот кризен штаб на Куманово бара од Владата да воведе 14-дневна, 24-часовна изолација во градот (карантин во посебни услови) кој ќе важи од 12 април до 4 мај. Под посебните мерки се подразбира дозволи за движење на различни категории вработени лица, пунктови за контроли, дезинфекција, достава на храна, вклучување повеќе оператори, операционализирање на одлуката на Владата за движењето на земјоделците и сточарите, зголемување на капацитетите на здравствените установи во Куманово, начин на одлагање на отпад од семејства со позитивни. Читать дальше...
Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче се во домашна самоизолација по средбата со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој е заразен со коронавирусот, пишуваат сите медиуми во пресрет на 85-часовниот полициски час во обид да се спречи ширењето на вирусот.
Јапонските власти ќе му дадат по 100 илјади јени, или околу 857 евра, на секој жител на земјата, без разлика дали е Јапонец или странец, за да помогне во одржувањето на стопанството за време на пандемијата на коронавирус, изјави денеска премиерот Шинзо Абе. „Ќе вложиме напори сите брзо да ги добијат парите“, рече Абе на прес-конференцијата на која објасни зошто ја проширија вонредната состојба на целата територија на земјата. По две бегства од болница, Германец со коронавирус од делегацијата... Читать дальше...
Бебето родено на 14 април во ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, чија мајка е заразена со коронавирус, е негативно на резултатот за COVID-19, соопштија од Клиниката. „Во вторникот вечерта во ГАК беше породена 28-годишна пациентка, за која вчера стигна позитивен резултат од тестот за COVID-19. Пациентката немаше симптоми за коронавирус, беше породена спонтано, но затоа што е од кумановскиот регион, со неа уште од самиот прием на клиниката се постапуваше како со пациентка од ризично... Читать дальше...
По цели две недели, во Дебар повторно две лица се болни од коронавирус. Станува збор за медицински сестри од општината болница во Дебар, поради што уште пет други здравствени работници во оваа институција се ставени во домашна изолација. Директорот на болницата Баки Алили изјави дека поради недостиг на медицински кадар, денеска во болницата пристигна третата екипа на лекари специјалисти, бидејќи вчера втората група на лекари од Клиниката во Скопје по две недели ангажирање се врати дома. Градоначалникот... Читать дальше...
Попладнево во 16 часот почна 85-часовниот полициски час за сите граѓани на територија на целата држава. Забраната за движење ќе трае во целата земја до вторник наутро во 5 часот. За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби. Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство изработи план за непречена работа и на здравствените установи. Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата... Читать дальше...
Германец, заразен со коронавирус, вработен во делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, изолиран е во база на ЕУФОР кај Сараево, откако два пати се обидел да избега од болница. На Германија ѝ е испратено барање за негово враќање во земјата, пренесува новинската агенција Бета. ЕУФОР соопшти дека доцна синоќа медицински лица од болницата Кошево во Сараево довезле еден припадник на делегацијата на ЕУ во БиХ со потврден коронавирус во базата Бутмир. Се додава дека тоа лице ќе остане во изолација во... Читать дальше...
Министерството за здравство денеска соопшти дека на Клиниката за инфективни болести починаа две пациентки од Куманово и Крушево на возраст од 85 и 77 години. Во денешната евиденцијата е регистриран и еден починат пациент од струшкото село Лабуништа, кој имал хируршка интервенција во болницата Филип Втори, а бил ковид-позитивен. Пациентот починал пред три дена, за што неговиот матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно здравје. Како што се наведува во соопштението, денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти. Читать дальше...
Седуммина мигранти и криумчар од Србија се водат како исчезнати по потопувањето на српски чамец во романскиот дел на реката Дунав, соопшти денеска романската гранична полиција. Чамецот, на кој имало 16 мигранти од Азија и од Африка и двајца српски криумчари, синоќа се превртел кај градот Дробета – Турну Северин, изјави портпаролката на полицијата Александра Гаван за новинската агенција Франс прес. Граничарите забележале повеќе луѓе во водата кои викале и барале помош и успеале да спасат деветмина, изјави таа. Читать дальше...
Сите државни органи, органите на државната управа, организациите утврдени со закон, органите на општините, на Градот Скопје или општините во Градот Скопје, како и Акционерски друштва во државна сопственост, јавните претпријатија во државна или јавна сопственост, кои се утврдени како доверители во извршните исправи, дадени за извршување пред извршителите, заклучно со 31 декември 2017 година, да ги интензивираат активностите, за отпис на каматите и за репрограмирање на долговите согласно законот, со... Читать дальше...
Во маркетите, продавниците, пекарите… од денеска мора да има редарска служба, а за непочитување следуваат казни, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши, презентирајќи ја Уредбата која беше донесена на владина седница. „Сите трговци од денеска се должни да обезбедат редарска служба при влезот и во внатрешноста на објектот за да се запази минимум потребното растојание меѓу лицата и да се обезбеди спроведување на дезинфекција на раце при влез во објектот. Исто така трговецот, е должен... Читать дальше...
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев изјави дека се поднесени кривични пријави против 21 лице за прекршување на полицискиот час во Сингелиќ, каде пред неколку дена граѓани излегоа на протест за време на полициски час поради приведување на неколку нивни соседи. „Ние досега имаме идентификувано и повикано на разговор уште 21 лице, а во процес на идентификација сме и на други лица кои учествуваа во настанот за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до ОЈО“, рече Чулев. По 5000 евра казна... Читать дальше...
По завршувањето на епидемијата со коронавирусот во земјава ќе треба да се одржат парламентарни избори кои беа одложени поради болеста. Аналитичарите велат дека тешко е да се прогнозира кога точно би се одржале, но дека е извесно оти темите актуелни пред пандемијата нема да се вратат во полн ек.
Европската Комисија, преку реакција до Македонската информативна агенција, се осврна на последните случувања со Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и потсетува дека сите чинители во општеството имаат обврска да го заштитат здравјето на населението, јави МИА во Брисел. Оваа реакција доаѓа откако МПЦ одби да ги затвори храмовите за време на велигденските празници предизвикувајќи длабока загриженост од можните последици врз здравствениот систем, објави МИА. Портпаролката на Европската Комисија... Читать дальше...
Вицепремиерот Бујар Османи, кој е задолжн и за координација на странската помош за Северна Македонија во вонреднава состојба, соопшти дека кинеска помош за Македонија денеска е испратена од Шангај. „Донација од Народна Република Кина со над 5000 тестови за Ковид-19 и лична заштитна опрема, маски и скафандери тргна денес од Шангај за Истанбул. Се организираме за пренесување до Скопје.Благодарам на НР Кина. Благодарам на вработените во Секретаријатот за европски прашања кои неуморно работат на обезбедување на донациите“... Читать дальше...
Мошне е важно шокот предизвикан од појавата на коронавирусот да трае што пократко за да нема поголеми негативни ефекти врз билансите и на фирмите и на финансискиот сектор. Веќе следната година, според проекциите на ММФ се очекува забрзан раст на глобалната економија од околу 5,7%, како и забрзување и опоравување и на македонската економија, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Гувернерката вели дека шокот од пандемијата, годинава ќе се одрази со пад на активноста на сите економии... Читать дальше...
Јапонија прогласи вонредна состојба на целата територија поради епидемијата на коронавирусот. Пред еден месец, премиерот Шинѕо Абе воведе вонредна состојба во седум префектури. Една неодамнешна анкета на јавното мислење покажа дека 75 проценти од Јапонците веруваат дека Абе предоцна прогласил вонредна состојба во Токио, кој е најтешко погоден од епидемијата.
Во очекување на владината одука за тоа дали ќе се зголемат акцизите на нафтените деривати и за колку, експертите велат дека мерката е едно од решенијата за полнење на државната каса во ситуација кога целото стопанство е погодено од кризата поради пандемијата на коронавирусот
Брзо растечката невработеност и претстојната економска криза го вратија концептот за основни безусловни приходи кој досега многумина го одбиваа. По Шпанија, која ја објави намерата да ја воведе, сега за ова се дискутира и во другите европски земји.
Верувам дека Црквата ќе се сообрази со правилата кои важат за сите останати. Поради пандемијата на вирусот КОВИД 19 на граѓаните многу права или им се одземени за одреден временски период или им се редуцирани, порача претседателот Стево Пендаровски, по повод Велигденските празници. Нови 30 дена вонредна состојба, министри во самоизолација „Но сега сите имаме повисока цел – да ги сочуваме животите и здравјето на нашите луѓе, се разбира, вклучително и на верниците. Во нашата заедничка држава... Читать дальше...
Американскиот претседател Доналд Трамп им даде на гувернерите план со упатства за закрепнување на економијата од пандемијата на коронавирусот. Станува збор за фазен пристап за враќање на нормалната активност, но само таму каде што има интензивно тестирање и каде што е намален бројот на случаи на ковид -19. Во области каде што има ширење на вирусот се задржуваат преземените мерки. Трамп се закани дека ќе го затвори Конгресот поради „измама“ Местата каде што инфекцијата опаѓа и тестирањето е интензивно... Читать дальше...