Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев изјави дека се поднесени кривични пријави против 21 лице за прекршување на полицискиот час во Сингелиќ, каде пред неколку дена граѓани излегоа на протест за време на полициски час поради приведување на неколку нивни соседи.
„Ние досега имаме идентификувано и повикано на разговор уште 21 лице, а во процес на идентификација сме и на други лица кои учествуваа во настанот за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до ОЈО“, рече Чулев.
По 5000 евра казна за кршење на полицискиот час во Сингелиќ
Тој, во интервју за ТВ 21, рече дека 16 припадници на МВР се позитивни на коронавирус, а едно лице починало.