Привременото примирје меѓу американските сили и Талибанците треба да ги постави условите за постигнување договор за траен прекин на огнот. Трамп засега не открива каква би била содржината на договорот, но е подготвен да биде ставен крај на најдолгата војна која ја води САД.
Денеска стапува во сила забраната за увоз и извоз на отпад за согорување меѓу Бугарија и Македонија. Тоа е во согласност со воведените измени во Законот за управување со отпад, кој беше донесен по скратена постапка во Собранието, пред да биде распуштено. Со него се забранува увоз на отпад, што се користи како извор на енергија. Ова прашање беше тема на разговор и меѓу министрите за животна средина на Северна Македонија и на Бугарија, Насер Нуредини и Емил Димитров за време на неодамнешната посета на Димитров во Скопје. Читать дальше...
Обединетата албанска опозиција, предводена од Демократската партија, ќе го поддржи протестот што на 2 март на плоштадот „Народни херои “ ќе го организира шефот на државата Илир Мета. Ставот вчера го изнесе лидерот на демократите, Љуљзим Баша оценувајќи дека повикот на претседателот не е повик за политичките партии, туку за сите граѓани. Тој обвини дека земјата се наоѓа во длабока уставна и економска криза и побара колку е можно побрзо завршување на изборната реформа и спроведување предвремени избори. Читать дальше...
Денеска во Лондон ќе биде одржан Инвестициски самит на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за Западен Балкан. Самитот, чии претседавачи ќе бидат Сума Чакрабарти, претседател на ЕБОР и Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска, како земја претседавач во ЕУ, има за цел да ги утврди најзначајните проекти на земјите од Западен Балкан од регионално значење кои во претстојниот период можат да очекуваат поддршка за реализација од ЕБОР. На овој собир ќе учествува и македонска делегација, предводена од премиерот Оливер Спасовски.
На Единицата за интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија во Скопје синоќа почина 58-годишен пациент, кој беше во критична состојба откако настрада во експлозија на плинска боца во кумановско Романовце, информира за МИА Илир Хасани, директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар – ТОАРИЛУЦ. Во крајно тешка состојба се и две жени, на возраст од околу 30 и 50 години. Во критична состојба, пак, е еден повозрасен маж, изјави Хасани. Читать дальше...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието и во источните делови. Дневните температури ќе се движат од 12 степени на повисоките места до 21 степен во Дојран и Гевгелија.