Денеска во Лондон ќе биде одржан Инвестициски самит на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за Западен Балкан. Самитот, чии претседавачи ќе бидат Сума Чакрабарти, претседател на ЕБОР и Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска, како земја претседавач во ЕУ, има за цел да ги утврди најзначајните проекти на земјите од Западен Балкан од регионално значење кои во претстојниот период можат да очекуваат поддршка за реализација од ЕБОР.
На овој собир ќе учествува и македонска делегација, предводена од премиерот Оливер Спасовски.