Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека демонстрантите кои учествуваа во бранот протести минатото лето ги провоцирале безбедносни сили кои одговориле со насилство. Во интервју за руската новинска агенција ТАС , Путин вели дека луѓето кои се жалат дека биле тепани од полицијата на вакви митинзи „прво мора да добијат дозвола за митинг, а потоа да ги искажат своите мислења“. На прашање како го коментира видеото на кое се гледа дека полициски службеник „удира врз жена демонстрант, а за што никој не одговарал“... Читать дальше...
Министерството за здравство соопшти дека тестовите на лицето за кое попладнето се чекаа резултатите се негативни на коронавирусот " Резултатите на лицето пристигнато од Италија, кое се тестираше во изминативе неколку часа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се негативни на корона вирус. Ова е последното лице за кое се чекаа резултатите и во овој момент нема други лица кои се тестираат на корона вирус", соопштуваат од Министерството за здравство. Претходно негативни... Читать дальше...
Се радуваме што ќе ја примиме Северна Македонија како наш сојузник, се радуваме на процедурата на конечна ратификација во еден од националните парламенти, изјави денеска заменик генералниот секретар на НАТО Мирчеа Џоана во интервју за романскиот сервис на Радио Слободна Европа. До неговата изјава доаѓа во време кога Долниот дом на шпанскиот Парламент изутрината го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Шпанија е последната земја од членките на НАТО, која се уште не го ратификувала Протоколот. Читать дальше...
„Свиркачи“ на Порумбоју, два критички набиени филма во рамките на „Вечери на женски права“, промоција на ДВД изданието со пет дигитално реставрирани македонски играни класични дела, „Скопје филм фестивал класик“ со Чарли Чаплин во фокусот е сржта на мартовската програма на Кинотека.
ВМРО-ДПМНЕ иднината на енергетиката ја гледа во јагленот, а СДСМ во обновливите извори на енергија. Опозициската партија најавува отворање на рудниците во Живојно и Мариово, владејачката партија пак најави дека ќе инвестираат во зголемување на капацитетите за производство на струја од сонце, ветер и вода.
Уште двајца Украинци од бродот за крстарење кој е укотвен на пристаништето крај брегот на Јапонија, кај Јокохама, се заразени со коронавирус со што вкупниот број се искачи на четворица. Сите четворица се хоспитализирани во Токио, изјави портпаролката на украинското Министерство за надворешни работи, Катерина Зеленко. „Во моментов, здравствената состојба на нашите сонародници е добра. Конзулатот одржува контакт со хоспитализираните Украинци “, рече таа. На бродот имало 25 Украинци, сите членови на екипажот. Читать дальше...
Тројца турски војници загинаа во северозападна Сирија при судир на турските и сириските сили, изјави денеска во Анкара претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој ја оцени ситуацијата на теренот како „поповолна“ и наведе дека „загубата од страна на (сирискиот) режим е многу тешка“. Турското Министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека двајца турски војници загинале, а двајца се ранети во напад од воздух во провинцијата Идлиб, каде во судирите на турските и сириските сили од почетокот на февруари загинаа 20 турски војници. Читать дальше...
Овој „сојуз“ познат помеѓу нив или ова топење на Беса во СДСМ е на штета на албанските интереси, бидејќи се дефакторизира важноста на албанските гласови, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на прес-конференција по денешното официјализирање на коалицијата на Движењето Беса со СДСМ. Според него, со тој сојуз се дефакторизира важноста на албанските гласови, но пред се, улогата на Охридскиот договор и бадентеровиот механизам за заштитата на албанските интереси. "Ние денеска... Читать дальше...
Министерот за здравство Венко Фиплипче на прес-конференцијата во Владата, попладнево информираше дека нема нови заразени од коронавирусот во државава. „Двете лица кои беа тестирани сабајлево, имаат негативни резултати на коронавирусот. Едниот е возачот на камионот, а другиот жената која била во Рим. Во моментов се тестира уште едно лице кое било во Рим, и резултатите ќе ги имаме наскоро. Здравствената состојба на жената со коронавирус на инфективно е добра, добро се чувствува“, изјави Филипче. Читать дальше...
Министерот за здравство, Венко Филипче, попладнево објави дополнителни објаснувања и препораки за заштита од корона вирусот. Препораките се однесуваат на постарите и хронично болните лица, за оние кои планираат патување, кои се симптомите и каде треба да се јави секој кој ќе забележи симптоми.
Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите кабелски оператори, денеска донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали на 2 март, вечерта на полноќ. Исклучок ќе бидат каналите на јавниот сервис: МТВ1, МТВ2 и собранискиот канал. „Како општествено одговорни компании и имајќи ја предвид сериозноста на ова прашање, операторите по средбите со државниот врв се согласија да го одложат датумот за прекин за 2 март 2020 година на полноќ... Читать дальше...
Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Мишел Башелет побара да се покаже солидарност со луѓето од азиско потекло кои се подложни на дискриминација поради појавата на коронавирусот кој првично почна во Кина. Зборувајќи на сесијата за човекови права во Женева таа побара од владите во светот да го запрат вознемирувачкиот бран против Азијците и да направат се да ја сопрат дискриминацијата. Земјите исто така треба да го употребуваат карантинот само кога тој е навистина неопходен и во... Читать дальше...
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска рече дека се надева оти преговорите со Северна Македонија и со Албанија ќе почнат во следните недели. На прашање на РСЕ дали има црвсти гаранции од Франција, Холандија и Данска рече дека „нема цврсти гаранции во политиката“.
Вчера рано утрото во близина на штипското село Лакавица полицијата при контрола сопрела комбе со велешки регистарски таблички во кое имало 40 мигранти, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи. „Возачот З.Б.(39) од Велес бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Штип за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР. Инаку, во последниов период полицијата често пронаоѓа нелегални мигранти кои транзитираат низ земјата. Читать дальше...
Странски дипломати денеска положија цвеќе на мостот во Москва на кој пред пет години беше убиен рускиот опозиционер Борис Немцов.Вршителот на должност шеф на американската амбасада во Москва Барт Горман и амбасадорите на неколку земји членки на ЕУ беа на одбележувањето на годишнината од убиството.Горман побара од руските власти да ги пронајдат оние кои го испланирале убиството на Немцов. ОБСЕ бара од Русија нова истрага за убиството на Немцов Тој беше силен критичар на рускиот претседател Владимир Путин и водеше опозициско движење... Читать дальше...
Демонстрантите со собраа четврти ден по ред на грчките острови Лезбос и Хиос на протести против плановите за изградба на мигрантски прифатни центри таму. Грција ќе гради затворени центри за мигранти и бегалци Продавниците и угостителските на Лесбос се затворени откако работниците го продолжија првичниот 24 часовен штрајк. Подоцна денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се очекува да дискутира за ситуацијата со регионалните и локалните власти. На 26 февруари повеќе од 60 луѓе беа повредени... Читать дальше...
Долниот дом на шпанскиот Парламент изутринава го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. За ратификацијата на својот Фејсбук профил напиша шефот на дипломатијата Никола Димитров. „Долниот дом во Мадрид, утрово го ратификуваше пристапниот НАТО протокол со 279 гласа ЗА и 1 глас против! Muchas Gracias! Следната и последна станица: Сенатот“, напиша министерот за надворешни работи. Шпанија е последната земја од членките на НАТО, која се уште не го ратификувала Протоколот. Читать дальше...
Негативен е резултатот за присуство на корона вирус кај пациентката за која постоеше сомнеж, а која е една од двата дополнителни случаја што беа тестирани вчера на Инфективната клиника во Скопје, по утврдениот прв пациент со овој вирус. „И двата случаја се негативни на вирусот. Во моментов, веќе хоспитализираната пациентка на Инфективната клиника во Скопје која со комбе допатува од Милано е единствениот регистриран случај заразен со вирусот COVID 19“, соопшти Министерството за здравство. Претходно... Читать дальше...
Односите меѓу Северна Македонија и Руската Федерација се одвиваат на принципиелно и пријателско ниво и постојат потенцијали за унапредување на соработката во областа на економијата, образованието, науката и културата, беше заклучено на денешната средба на техничкиот премиер Оливер Спасовски и рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин. Од владината прес-служба соопштија дека на средбата Баздникин донел писмо од рускиот премиер Михаил Мишустин, со благодарност до премиерот Спасовски, за честитката... Читать дальше...
СДСМ и Движењето Беса денеска го официјализираа предизборниот договор за заедничко учество на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април 2020 година. Лидерите на СДСМ и на Беса Зоран Заев и Биљаљ Касами ги усогласиле ставовите за програмата и носителите на изборните листи. Во заедничката изјава за Декларацијата за заеднички настап на СДСМ и на Движењето Беса , се потенцира дека таа се потпишува во духот на градење доверба и заедничка европска иднина и почитување на граѓанските вредности, идентични на европските вредности. Читать дальше...
Потврдени се уште два случаја на заболени од новиот коронавирус во Грција, еден кај детето на 38-годишната жена од Солун, другиот кај лице во Атина, со што бројката на случаи во Грција се искачи на три, јави дописничката на МИА од Атина. Жената од Солун вчера беше првиот потврден случај на коронавирус во соседната земја. Како што соопштија здравствените власти, таа претходно била во Италија, земјата која има најмногу заболени во Европа. Паралелно, со одлука на министерот за здравство, се откажува... Читать дальше...
Организацијата за човекови права Вајфонд со седиште во Шведска, соопшти дека познат чеченски блогер бил нападнат во неговиот стан во европска земја во која живее криејќи се. Овој е последен напад во Европа врз критичар на раководството на рускиот севернокавкаски регион. Тумсо Абдурахманов е од денеска во болница поради нападот, соопшти добротворната организација за човекови права Вајфонд која се занимава со заштита на правата на Чеченците и други етнички групи од рускиот кавкаски регион кои се под религиозен и политички притисок. Читать дальше...
Осум месеци откако беше воведена мерката „Мој ДДВ“, со која преку скенирање на фискални сметки, граѓаните можат да го искористат правото на поврат на 15 проценти од ДДВ, дел од нив уште скенираат. Продавачите пак велат дека некои бараат и сметка повеќе, за да можат да го достигнат лимитот за поврат
Владата апелира сите граѓани што допатувале од регионите со официјална епидемија со корона вирусот задолжително да се јават на контакт телефоните на центрите за јавно здравје. Како што соопшти владината прес-служба, сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како и сите ученици и студенти доколку во последните две недели патувале или живеат со некој кој патувал во следниве земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија Ромања... Читать дальше...
Поранешниот градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ не се појави денеска во Судот, каде што по предлог на одбраната требаше да сведочи на рочиштето за случајот „Рекет“. Судењето се одложи за утре, за кога одбраната треба да ги обезбеди сведоците Тодоровиќ и Лидија Јаневска, која исто за денешното рочиште имала неуредна достава на покана.Тодоровиќ, со писмен поднесок го известил судот дека од 25 до 28 февруари ќе престојува во Бугарија поради деловни обврски. „Рекет“- сведочеше адвокатот Димишков... Читать дальше...