„На работ“ е насловена групната изложба на уметници Ана Трајковска, Ива Станкова, Илија Прокопиев и Доротеј Нешковски којашто од 14 февруари до 10 март, како прва годинава, ќе се одржи во скопската галерија „Акантус“. Младите автори се претставуваат со дела во различни техники и формати.
Собраниската седницата на која треба да се расправа за предлог-законот за јавно обвинителство и за предлог-законот за јавни обвинители ќе се одржи во 21 часот. Пртетседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа 135-седница вечерва. Двата закони треба да се донесат по скратена постапка. Се уште не се знаат деталите околу текот на седницата, дали вечерва само ќе започне седницата или ќе има и гласање за законот за јавно обвинителство . Дел од пратениците уште од попладнето беа во Собранието... Читать дальше...
Земјоделците од најголемата житница во земјава, Пелагонија, стравуваат дека ќе дојде до преполовување на родот, пред сѐ на житото, ако не паднат поголеми врнежи. Според нивни проценки есента, а сега и зимата се едни од најсушните во последните две децении.
Дел од пратениците од попладнето се во Собранието во исчекување претседателот на законодавниот дом Талат Џафери да ја свика седницата на која треба да се расправа за предлог-законот за јавно обвинителство и за предлог-законот за јавни обвинители. Пратениците биле повикани да бидат присутни во законодавниот дом во 15 часот кога според некои првични неофицијални информации требаше да почне седницата за двата закона, кои вчера поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија. Читать дальше...
Денешното рочиште за случајот "Рекет" заврши со слушање на две аудиоснимки од УСБ што го предал обвинетиот Зоран Милески Кичеец. На УСБ-меморијата има пет снимки, од кои обвинителството како докази предлага три. По крајот на рочиште, адвокатите во „Рекет“ ги оценија снимките како нејасни и приватни и рекоа дека не може да бидат доказ. Дељо Кадиев, адвокат на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева рече дека снимките немаат автентичност. „ Тоа се незаконски снимки и не се знае под кои услови биле снимани. Читать дальше...
Соединетите држави и Талибанците преговараа за „предлогот“ за едно неделно избегнување на насилства, изјави американскиот секретар за одбрана Марк Еспер пред новинарите во Брисел. Еспер рече дека повлекувањето на трупите и натамошните преговори со милитантите ќе продолжат по опаѓање на насилствата. „Соединетите држави и Талибанците преговараа за предлогот за седумдневно избегнување на насилството. Ние заедно кажавме дека најдоброто решение во Авганистан е политички договор“, изјави тој. Напредокот... Читать дальше...
Во Хрватска е покрената истрага против четворица хрватски и една македонска државјанка, кои криумчареле мигранти, при што заработиле најмалку 66.500 евра. Тие биле дел од злосторничко здружение, кое криумчареле странски државјани од Хрватска во Словенија во 13 наврати, а потоа во Италија. Тие организирале илегални премини за 106 странци. Според хрватски медиуми, истрагата за четворица хрватски државјани на возраст од 38, 51, 25 и 42 година и 49-годишната Македонка ја покрена хрватската Канцеларија... Читать дальше...
Сирискиот парламент соопшти дека го призна масовното убиство на Ерменците во Отоманската империја пред еден век како геноцид Членовите на Народното собрание едногласно усвоија резолуција во која се осудува и признава „геноцидот извршен врз Ерменците од страна на Отоманската држава на почетокот на 20 век“ За време и по Првата светска војна , Османлиските Турци убиле или депортирале дури 1,5 милиони Ерменци - христијанско малцинство во претежно муслиманската империја. Многу историчари и држави сметаат дека овие убиства се геноцид. Читать дальше...
Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе учествува на 56-тата Минхенската конференција за безбедност, каде ќе има серија билатерални средби со официјални претставници од светот, претставници на меѓународните организации и компании, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ најави дека вечерва ќе се сретне со специјалниот претставник на претседателот на САД за разговорите меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел, со кој, како што кажа, ќе разговара и за можноста за постигнување на договор за воспоставување... Читать дальше...
Една недела долгата изборна кампања за парламентарни избори во Иран почна денеска со 7000 кандидати за 290 места во парламентот. Изборите што треба да се одржат на 21 февруари се сметаат за натпревар меѓу радикалите и конзервативците откако повеќето про-реформски и умерени кандидати беа дисквалификувани. Гласањето исто така ќе биде тест за популарноста на претседателот Хасан Рохани кој се обидува да ги подобри животите на луѓето во земјата која е под американски економски санкции. Според експертите... Читать дальше...
Македонскиот државјанин на патничкиот брод „Дајмонд принцес”, закотвен во пристаништето во јапонскиот град Јокохама кој има коронавирус, има блага форма на заболувањето и е транспортиран во болница во градот, информира денеска д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје. Тој е ден од тројцата македонски државјани кои се на бродот како дел од екипажот. Потврден коронавирус кај еден од македонските државјани на бродот во Јокохама Кузмановска рече дека за состојбата на тројцата редовно... Читать дальше...
Судот во Москва ги казни Твитер и Фејсбук поради тоа што не ги префрлиле корисничките податоци на Русите на сервери на руска територија. Судот денеска им нареди на двете глобални социјални мрежи да платат по 4 милиони рубљи (околу 63 500 американски долари) за кршење на законот со кој се обврзуваат социјалните медиуми да ги чуваат податоците за нивните клиенти во сервери на територијата на државата. Предметот е по претставка на рускиот медиумски набљудувач Роскомнадзор и се смета за еден од обидите... Читать дальше...
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ оцени дека најголема отстапка кој Србија може да ја направи кон Косово е компромисот, јави дописникот на МИА од Белград. Дачиќ, гостувајќи на ТВ Хепи кажа и дека Србија работи на тоа уште една држава да го повлече признавањето на Косово. Според него, Приштина бара „танте за кукурику“ затоа што бара запирање на повлекување на признавањата, за да може за возврат да ги повлече таксите на српските стоки. Тој вели дека потребно е време од потпишувањето до спроведување... Читать дальше...
Токио, кое е организатор на Олимписките игри соопшти дека новиот коронавирус чие жариште е во Кина нема да се одрази врз одржувањето на спортскиот настан. Јоширо Мори , претседател на Комитетот за организација на Олимписките игри кои треба да се одржат за околу пет месеци од сега, рече дека не се согласуваат со одложување или откажување на игрите. „Ќе се координираме со владата и ќе постапуваме на смирен начин“, рече Мори во почетокот на состанокот на членовите на Меѓународниот олимписки комитет и локалната администрација на Токио. Читать дальше...
Четиринаесетгодишно девојче почина вчера на Клиниката за детски болести како последица од компликации од грип. Девојчето кое имало и други хронични заболувања, е првиот смртен случај асоциран со грип оваа сезона, изјави денеска д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје. Таа посочи дека изминатата недела во државава се регистрирани 3.614 заболени од грип што е зголемување за 27,9 отсто споредено со неделата пред неа, кога биле регистрирани 2.825 заболени. Меѓу заболените има и потешки случаи и најчесто тоа се мали деца... Читать дальше...
Одбраната на обвинетите во случајот ,,Рекет” ги оцени како неавтентични снимките објавени во италијанскиот весник ,,Ла Верита”, кои денеска се презентираат во Кривичен суд како докази од сведокот Јордан Камчев. Според Сашко Дукоски, адвокат на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, Камчев кој е сведок во „Рекет“ ги доставил овие материјали до обвинителството бидејќи е осомничен во друг предмет „Империја“ и негова цел е Боки 13 да се прогласи за виновен. Обвинителката Вилма Русковска претходно... Читать дальше...
Американскиот државен секретар Мајк Помпео испрати писмо до новоизбраниот косовски премиер Албин Курти, во кое му честита за формирањето влада, но и посочува дека укинувањето на таксите на производи од централна Србија и Босна и Херцеговина треба да биде приоритет. “Укинувањето на таксите на стоки од Србија и Босна и Херцеговина ќе биде важно поради враќањето на земјите на преговарачка маса. Се надеваме и очекуваме дека ова ќе го направите како приоритет и ќе го искористите моментот создаден со... Читать дальше...
Судот во Минск осуди двајца Белоруси на седум години затвор за оштетување на владин имот и користење запаливи средства. Микита Емелјанав и Иван Комар се прогласени за виновни за оштетување на зградата на притворското одделение на судот во Минск, како и за изработка на молотови коктели. Тие се во притвор од октомври. Според истражителите, Емелјанав во септември фрлал црвена боја на судот и предизвикал штета во износ од 65 американски долари. Следниот месец тој фрлил бомба пред влезот на судот која... Читать дальше...
Против бугарскиот бизнисмен Васил Божков, кој е уапсен во Обединетите Арапски Емирати, се покренати уште две обвиненија – за трговија со влијание и за поседување и отуѓување на антиквитети. Со тоа бројот на обвиненија против него достигна 11, изјави портпаролката на бугарскиот Јавен обвинител, Сијка Милева. Божков, кој избега од Бугарија пред две недели е уапсен во Абу Даби. Тој започнал постапка во странска земја за помош и застапување пред локалните судски власти, со цел да биде ослободен од притвор. Читать дальше...
Еден од македонските државјани кои се наоѓаат на патничкиот брод вкотвен во Јокохама, Јапонија заболел од коронавирус, соопшти денеска македонското министерство за надворешни работи. Од таму информираат дека тој е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија. „Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио е во комуникација со споменатиот македонски државјанин. Воедно, амбасадата на дневна основа комуницира и со останатите двајца македонски државјани кои сѐ уште се наоѓаат на бродот... Читать дальше...
ВМРО-ДПМНЕ нема да го напушти Собранието, каде власта се обидува да го донесе Законот за јавно обвинителство, а во собраниска процедура е и барањето за разрешување на министерка за труд Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ. Власта очекува да се донесе законот и не отстапува од барањето за министерката.
Словенија наредниот месец ќе ги лансира првите сателити во вселената. До пред 30 години, Македонија и Словенија беа дел од иста држава, па словенечкиот подвиг беше повод за зајадливи коментари на социјалните мрежи за тоа до каде стигна земјата.
Северна Македонија очекува консензус меѓу земјите членки на ЕУ за одлука за отворање на пристапните преговори пред мајскиот Самит во Загреб, истакнале вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров на средбата во Париз со Клеман Бон, дипломатски советник за Европа на францускиот претседател Емануел Макрон. Во рамки на посетата двајцата владини функционери ќе имаат средба и со Амели де Моншален, државен секретар во Министерството за Европа и надворешни работи... Читать дальше...
Од македонската полиција велат дека лани спречиле повеќе од 24.601 илегални преминувања на границите со соседните земји. Во последните два дена откриени биле 80-тина мигранти. Од граѓанскиот сектор не забележале поголемо раздвижување од вообичаеното.
Азербејџанската владејачка партија Нов Азербејџан соопшти дека освоиле 72 пратенички места на парламентарни избори што се одржаа на 9 февруари. Извршниот секретар на партијата Али Ахмедов во пост на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека ова се првичните резултати од Државната изборна комисија во која продолжува броењето на гласовите. Комисијата ден претходно соопшти дека владејачката партија освоила 70 од 125 места колку што има во парламентот додека сите останати места ги земаа помалите партии... Читать дальше...