Министерството за внатрешни работи на Судан соопшти дека за време на протестите во саботата биле уапсени 2.496 демонстранти. Во саботата имаше протести ширум земјата против владеењето на претседателот Омар ел Башир. Од Министерството соопштија дека за време на протестите биле уништени шест полициски возила. И денеска имало протести, трет ден по ред. Граѓаните повеќе од три месеци бараат смена на владата, обвинувајќи ја за лошата економска состојба, бидејќи во земјата има недостаток од горива, а основните продукти за живот поскапуваат. Читать дальше...
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги повика граѓаните од четирите општини со мнозинство српско население во северно Косово да излезат на 19 мај на вонредните локални избори и да гласаат за своите кандидати за градоначалници, јави дописникот на МИА од Приштина. Повикот на Харадинај следи по денешната одлука на претседателот на Косово Хашим Тачи да се распишат избори во општините во кои градоначалниците, припадници на најголемата партија на косовските Срби, Српската листа (СЛ), минатиот ноември... Читать дальше...
Авганистан ќе испрати владина делегација на разговори со талибанците во Катар, во обид да се стави крај на речиси 18-годишната војна. Во меѓувреме, министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска соопштија дека Унијата е подготвена да дејствува како гарант за мировниот процес во Авганистан. Досега американските и талибанските преговарачи одржаа неколку рунди разговори во главниот град на Катар, Доха, но милитантната група одби да зборува директно со владата во Кабул, за која велат дека е марионета на САД . Читать дальше...
Бањата долго време беше запуштена. Државата одамна крена раце, а од неодамна новиот концесионер засега го оградил објектот во кој е базенот.
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека се прифатени дел од нивните забелешки за Законот за јавно обвинителството, со кој треба да се реши статусот на СЈО. Во соопштението од опозициската партија се наведува дека ја демантираат изјавата на премиерот Зоран Заев дека се прифатени дел од забелешките на ВМРО-ДПМНЕ. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека или Заев го нема прочитано новиот Предлог кој министерката за правда, Рената Десковска го достави до претставникот на ВМРО-ДПМНЕ или пак, како што велат, Заев продолжува... Читать дальше...
Зад мобилизацијата на мигрантите и бегалците во Дијавата стои меѓународна мрежа на криумчари, вели министерот за миграциска политика на Грција, Димитрис Вицас. Тој вели дека ист обид, но без успех имало и во Грција и во Турција. „Станува збор за меѓународна мрежа, меѓународни криминални банди. Не говориме за еден човек што ќе земе 10-20-30 луѓе за да ги пренесе преку различни патчиња или преку Еврос или со чамци. Тоа се цели мрежи. Без да го кажувам со сигурност, но го кажувам ова и според моето мислење ќе излезе дека е точно“... Читать дальше...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин на состанокот во Москва разговараат за состојбата во Сирија, за економските и за воените врски. Двете страни мора да ја зајакнат соработката во воено-техничката сфера“, изјави Путин на почетокот од средбата со Ердоган во Кремљ. Тоа се однесува пред сè, на завршувањето на договорот за снабдување на Турција со атниракетниот системи С-400“, рече Путин. Тој додаде дека не дневен ред се и други ветувачки проекти поврзани со снабдувањето... Читать дальше...
Соединетите Американски Држави ја означија Иранската револуционерна гарда за странска терористичка организација, рече денеска американскиот претседател Доналд Трамп. Тој вели дека со овој потег се признава реалноста дека Иран е држава која спонзорира тероризам и дека Револуционерната гарда активно учествува во тоа. САД на црната лиска имаат десетици поединци и организации кои се поврзани со Револуционерната гарда. Ова е првпат САД да прогласат дел од друга влада за терористичка организација, рече Трамп. Читать дальше...
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека Белград инсистира на дијалог со Приштина, но тоа нема да се случи сè додека не се укинат таксите кон Србија. Тој пред студентите на Парискиот институт за политички науки, рече декакомпромисот не значи дека Србија ќе ја признае независност на Косово, но дека се уште нема конкретни разговори за тоа каков би бил компромисот. „Ние сме подготвени за компромис, но Приштина смета дека нема потреба. Тие мислат дека можат да добијат се и тежнеат кон создавање на голема Албанија. Читать дальше...
Велика Британија не смее да се согласи на трајна царинска унија со ЕУ, напиша денеска поранешниот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон, во авторски текст објавен во „Дејли Телеграф”. Според Џонсон, воспоставувањето на царинска унија меѓу Велика Британија и ЕУ, како што предложи лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин, би ја „поробило” земјата. „Не смееме да се согласиме да бидеме членка на ЕУ без право на глас, врз основа на капитулацијата што ја предложи Џереми Корбин. Читать дальше...
На Инфективната клиника се хоспитализирани 33 пациенти со морбили, од кои 16 возрасни и 17 деца, информираат од Клиниката. Од таму велат дека на Одделот за интензивно лекување има еден пациент кој во потешка состојба. На Клиниката има и три деца и двајца возрасни со компликации од морбили. Во Струга, пак, за само една недела има осум нови заболени од морбили.Со новите случаи, бројката се искачи на 49 заболени, информира денеска Јованка Сурлакова – Коровешовска епидемиолог во Центарот за јавно здравје – Охрид. Читать дальше...
За четири дена откако почнаа борбите во Либија и обидите да се освои Триполи, над 2.200 луѓе ги напуштија своите домови, соопшти хуманитарната канцеларија на Обединети нации. Во извештајот што беше објавен денеска се наведува и дека голем број цивили се заробени и отсечени и не можат да добијат помош. „Се поголемото распоредување на трупи би можело да резултира со значително раселување на населението“, се посочува во извештајот и се додава дека агенциите на терен имаат итни медицински резерви за... Читать дальше...
Друштвото на ликовните уметници на Македонија со две изложби едноподруго, силна заложба да стане Дом за сите уметници и одлучност да се справи со долгогодишните и тековните небулози – немањето сопствен галериски простор и скандалозниот третман од Министерството за култура.
До Кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов се доставени неколку барања за помилување на осудени лица за случајот „27 април“. Од Кабинетот на претседателот велат дека последното од повеќето барања за помилување пристигнало во петокот во попладневните часови. Нема информации кој побарал помилување. Инаку за овој случај се осудени 16 луѓе на казни затвор од осум до 18 години. Премиерот Зоран Заев вели дека не очекува претседателот Ѓорге Иванов да аболира осудени за настаните во Собранието од 27 април... Читать дальше...
Премиерот Зоран Заев дели дека во новата верзија на Законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши и статусот на СЈО, се прифатени голем дел од сугестиите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека се прифатени нивните сугестии за „бомбите“ и дека прислушуваните разговори нема да важат за случаите по 30 јуни 2017 година. Заев вели дека новата верзија на законот е испратена до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој очекува дека денеска да биде разгледана од страна на опозицијата, а веќе утре да почнат преговорите на ниво на работни групи. Читать дальше...
Контролниот центар за национална одбрана на руското Министерство за одбрана соопшти дека извидувачките и јуришните бродови на руската Црноморска флота, како и нејзините крајбрежни ракетни системи, се во зголемена готовност поради НАТО вежбата во Црно Море. „Извидувачките бродови, како и групите за поморски напади, крајбрежните ракетни системи Бастион и Бал и поморската авијација се ставени во зголемена готовност во одредени подрачја“, се наведува во соопштението на Центарот. Во југозападниот... Читать дальше...
За падот на приватниот авион на бугарскиот бизнисмен на Солунска Глава предистражна постапка отворило и бугарското обвинителството, објавија бугарските медиуми. Софиското обвинителство соопшти дека ќе бидат сослушани вработени во дирекцијата за конзуларни односи во бугарското МНР кои се запознаени со случајот, како и претставници на надлежните за цивилниот воздушен сообраќај во Северна Македонија, во врска со информациите за силна турбуленција и за изгубена контрола на пилотот врз воздухопловот, објави бугарската агенција Бгнес. Читать дальше...
Разликата во гласови за двајцата кандидати на изборите во Истанбул е премала за опозицијата да прогласи победа, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и додаде дека неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) бара повторно пребројување на гласовите за да се спротивстави на, како што рече „организираниот криминал“. Првичните резултати од минатата недела покажаа тесна победа на гласањето за градоначалник на Истанбул на кандидатот на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП). Читать дальше...
Во 82 избирачки места во државата, распоредени во 28 општински изборни комисии нема да се гласа на изборите бидејќи на тие места има помалку од 10 гласачи, информираше ДИК, која има обврска за ова да ги извести гласачите од тие изборни места. Овие избирачи своето демократско право на глас ќе може да го остварат во најблиското избирачко место кое не е оддалечено повеќе од 3 километри од нивното место на живеење.
Украинци треба самите да ја решат ситуацијата во Донбас, бидејќи Москва не е страна во конфликтот на југоисточниот дел на Украина, изјави рускиот претседателски портпарол Дмитриј Песков, пренесе ТАСС. Оваа изјава на Песков е одговор на забелешката на украинскиот претседателски кандидат Владимир Зеленски дека во случај да победи, тој ќе стори сé за да постигне ефективен прекин на огнот во Донбас и за тоа директно ќе контактира со руското раководство. „Рускиот претседател Владимир Путин повеќе пати... Читать дальше...
На еден месец пред официјалната посета на папата Франциск на Северна Македонија, закажана за 7 мај, „Ватикан њуз“ го додаде македонскиот јазик на својата веб-страница како 34-ти јазик достапен на овој портал. Католиците кои живеат во Република Северна Македонија на овој сајт ќе можат да најдат вести за папата Франциск, за Ватикан и за католичката црквa ширум светот на нивниот македонски јазик, објави сајтот. Порталот наведува дека во Северна Македонија живеат околу 20 илјади католици. Во новиот... Читать дальше...
Пред поаѓање за Москва, на состанок на Советот за соработка на високо ниво меѓу Турција и Русија, турскиот претседател одржал брифинг со новинарите на кој нагласил дека соработката меѓу Турција и Русија расте и се зајакнува, објавија турските медиуми. „Нашата соработка постојано расте и зајакнува. Состаноците на Високиот совет за соработка кој го основавме во 2010 година, продолжуваат на ист начин со институционален карактер“, рече Ердоган и потврди дека на средбата со Путин ќе разговараат и за Сирија.
Претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис во интервју за грчкиот весник „Документо“ ја критикува грчката Влада дека не се потрудила доволно за на грчките граѓани да им ги објасни детално придобивките од Преспанскиот договор. На прашањето дали потпишаните договори за време на посетата на Ципрас на Северна Македонија и грчкиот интерес за инвестиции можат да придонесат за нормализирање на реакциите во грчкото општество, Вуцис вели дека владата наместо договорот да му го објасни на народот, го... Читать дальше...
Од вкупно 28 декани за кои Државната комисија за спречување на корупцијата започна постапка, 23 поднеле анкетни листови за имотната состојба, додека пет сè уште немаат поднесено. Од Антикорупциска подвлекуваат дека донеле заклучок да се поведе прекршочна постапка за декани на државните универзитети и тоа од (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и Универзитет „Мајка Тереза“-Скопје) кои немаат доставено анкетни листови. „По прибавување на податоци и документација... Читать дальше...
Најкоментираните теми од нашите читатели на социјалните мрежи се темите поврзани со претседателските избори. Сите останати теми остануваат во втор план.