Претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис во интервју за грчкиот весник „Документо“ ја критикува грчката Влада дека не се потрудила доволно за на грчките граѓани да им ги објасни детално придобивките од Преспанскиот договор.
На прашањето дали потпишаните договори за време на посетата на Ципрас на Северна Македонија и грчкиот интерес за инвестиции можат да придонесат за нормализирање на реакциите во грчкото општество, Вуцис вели дека владата наместо договорот да му го објасни на народот, го стави во мирување со мислата дека позитивните работи на договорот се очигледни, јави дописничката на МИА од Атина.