Контролниот центар за национална одбрана на руското Министерство за одбрана соопшти дека извидувачките и јуришните бродови на руската Црноморска флота, како и нејзините крајбрежни ракетни системи, се во зголемена готовност поради НАТО вежбата во Црно Море.
„Извидувачките бродови, како и групите за поморски напади, крајбрежните ракетни системи Бастион и Бал и поморската авијација се ставени во зголемена готовност во одредени подрачја“, се наведува во соопштението на Центарот.
Во југозападниот дел на Црно Море денеска почна НАТО вежбата „Морски штит 2019“ во која учествуваат бродови и авиони на САД, Бугарија, Грција, Канада, Холандија, Романија и на Турција, заедно со претставници на грузиските и украинските вооружени сили.