Големиот српски писател Светислав Басара е добитник на наградата „Прозарт“ на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ што од 27 до 29 мај, во организација на издавачката куќа „Икона“ ќе се одржи во Скопје. Тој ќе биде во друштво на петмина врвни автори од Балканот - Роберт Перишиќ од Хрватска, Ајфер Тунч од Турција, Јуриј Худолин од Словенија, Лејла Каламујиќ од Босна и Херцеговина и нашата Фросина Пармаковска.
Организација од Тетово се обидува да им најде работа на необразованите Ромки за да ги искористат вештините што ги имаат на пазарот на труд, како на пример перење постелните за хотели.
Јулија Скрипал, ќерката на рускиот двоен агент Сергеј Скрипал кој беше отруен со нервен гас изјави дека неговото заздравување е споро и болно. Таа изрази и надеж дека еден ден ќе се врати во Русија. Јулија која исто така беше отруена го даде коментарот во пишано соопштение за медиумите. Двајцата беа во критична состојба откако беа пронајдени од полицијата во несвесна состојба на клупа во британскиот град Салсбери. Јулија беше пуштена од болница во минатиот месец, а нејзиниот татко минатата недела. Читать дальше...
Јулија Скрипал, ќерката на рускиот двоен агент Сергеј Скрипал кој беше отруен со нервен гас изјави дека неговото заздравување е бавно и болно. Таа изрази и надеж дека еден ден ќе се врати во Русија. Јулија која исто така беше отруена го даде коментарот во пишано соопштение за медиумите. Двајцата беа во критична состојба откако беа пронајдени од полицијата во несвесна состојба на клупа во британскиот град Салсбери. Јулија беше пуштена од болница во минатиот месец, а нејзиниот татко минатата недела. Читать дальше...
Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со вршителот на должност заменик-помошник државен секретар на САД, Метју Палмер. На средбата, како што соопшти владината прес-служба, Палмер јасно ја реафирмирал поддршката на Вашингтон за интеграција во НАТО и во ЕУ. Тој, како што се наведува, ја повторил и поддршката на САД кон Македонија и Грција со цел да се реализира позитивен резултат од разговорите за спорот со името. Заев го истакнал значењето на дипломатските чекори кои ги преземаат САД и европските... Читать дальше...
Српската премиерка Ана Брнабиќ и претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери на денешната средба во Белград констатирале дека регионалната соработка и европскиот пат се клуч за стабилност и просперитет на Западен Балкан. Брнабиќ истакнала дека Србија се залага за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ и за што побрз договор околу решавањето на спорот за името. Џафери посочи дека на средбата се покренати сите оние прашања кои се од добробит на билатералните односи меѓу двете држави.
Медиуми јавија дека судот во Белорусија го осудил на околу 8 години затвор за шпионажа украинскиот репортер Павло Шаројко. Украинскиот амбасадор во земјата, Ихор Кизим изјави дека судењето се одвивало зад затворени врати, но не посочи кога Врховниот суд ја донел одлуката. Тој истакна и дека го посетил Шаројко во притворот и оти условите биле прифатливи. Шаројко беше притворен во октомври и обвинет дека шпионирал за украинското министерство за одбрана. Кизим посочи и дека Шаројко се изјаснил виновен... Читать дальше...
Поранешниот премиер Никола Груевски по објавувањето на пресудата против него за случајот „Тенк“ на СЈО на Фејсбук ги повика македонските граѓани да ја кренат главата горе и да не забораваат дека ова е земја на сите кои живеат во неа и ничија друга и им порача дека доаѓаат подобри времиња. Груевски денеска беше осуден на две години затвор за за примање награда за противзаконито влијание, односно за купувањето на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. Груевски не беше присутен на изрекувањето на пресудата.
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Битола обвинуваат дека локалната власт го кочи процесот за легализација на дивоградби. Градоначалничката Наташа Петровска, пак, вели дека наследила хаос и оти мора да се направи ревизија на дел од предметите зашто различни сектори во општината носеле различни одлуки за ист објект.
Од СДСМ денеска соопштија дека ВМРО-ДПМНЕ со напуштањето на собраниската седница потврдила дека е несериозна партија која не мисли на граѓаните, додека владејачката партија се однесува државнички и одговорно. „ВМРО-ДПМНЕ денеска побегна од директно соочување на аргументите во Собранието и ја напушти седницата на која се разгледуваат важни прашања за граѓаните“, наведуваат од СДСМ. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по пресудата за случајот „Тенк“ на СЈО ја напуштија собраниската седница.
Ние јасно изјавивме дека преговараме врз основа на четирите имиња предложени од ОН, конкретно пакетот предлози од Нимиц, рече Алексис Ципрас во грчкиот Парламент, одговарајќи на критиките упатени од лидерот на опозициската Нова демократија, Киријакос Мицотакис, во врска со името „Република Илинденска Македонија“. Грчкиот премиер, како што објави МИА, на Мицотакис му возврати дека владата јасно и навремено излегла со став, а лично тој се стремел кон што е можно побрзо информирање. „Од Софија, пред да се вратам... Читать дальше...
Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Црна Гора имаше официјални средби со министерот за одбрана Предраг Бошковиќ, со претседателот Мило Ѓукановиќ и со шефот на парламентот, Иван Брајовиќ. На средбата со црногорскиот министер за одбрана, како што соопшти Министерството за одбрана, било заклучено дека Македонија и Црна Гора имаат исклучителна блиска одбранбена соработка која ќе продолжи да се развива и во иднина, а во врска со евроатлантските аспирации заклучиле дека... Читать дальше...
Над 50 луѓе загинале во невремето проследено со силен ветер и поројни дождови, предизвикано од тропскиот циклон Сагар, што го погоди северниот дел на Сомалија. Потпретседателот на сомалискиот сепаратистички регион Сомалиленд, Абдирахман Абдулахи изјави дека засега е потврдена смртта на над 50 лица, додавајќи дека се стравува оти бројот на загинати може да биде поголем, бидејќи неколкумина се водат како исчезнати. Циклонот Сагар ги погоди северна Сомалија и Џибути, откако во саботата се формира над Аденскиот Залив. Читать дальше...
Поранешниот премиер Никола Груевски денеска беше осуден на две години затвор во случјот „Тенк“ на СЈО. Тој е осуден за примање награда за противзаконито влијание за набавката на луксузниот мерцедес. Поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски е осуден на шест години и шест месеци затвор.
По изрекување на пресудата за поранешниот премиер и екс-лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевскиза случајот „Тенк“, пратениците од оваа партија ја напуштија 46-та пленарна седница што е во тек. Засега нема официјална информација дали поради пресудата тие ја напуштија собраниската седница. Претходно Собранието не ги изгласаа измените на Законот за акцизите, предложен токму од опозицските пратеници. Пратениците од владејачкото мнозинство кои останаа во салата го ислушаа обраќањето на народниот правобранител... Читать дальше...
Димитар Дангов, адвокатот на Никола Груевски, по изрекувањето на пресудата пред Кривичниот суд рече дека се незадоволни и најави дека вложат сериозна жалба поради ваквата пресуда. „Како одбрана во овој предмет силно жалиме што Основниот суд Скопје 1 не ја прифати нашата силна аргументација која што со леснотија ќе го доведеше овој суд при изрекување на пресудата да донесе ослободителна пресуда. И не само тоа, да донесе, ако така милувате, и одбивателна пресуда“, рече Дангов. Според него, не постојат... Читать дальше...
Кинеската Влада е подготвена да стимулира стратешки инвестиции на кинеските компании во Бугарија, земјите од Западнот Балкан и во Централна и Источна Европа, изјави министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји на средба со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева. „Лично бугарскиот премиер Бојко Борисов е ангажиран за привлекување на финансии за овие проекти на Балканот. Ние сме мост меѓу Европа и Азија. Верувам дека на средбата во рамки на иницијативата „16 плус 1“ што ќе се одржи во Софија во јули... Читать дальше...
Две години затворска казна доби поранешниот премиер Никола Груевски за предметот „Тенк“ на СЈО, односно за набавката на блиндираниот мерцедес за 600 илјади евра. Обвинетиот поранешен помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски доби затворска казна од шест години и шест месеци. Според обвинението, „Груевски во овој случај беше обвинет дека како премиер побарал од екс-министерката Гордана Јанкулоска да определи лице кое ќе спроведе незаконска јавна набавка за ново блиндирано возило, а се фаворизирала фирмата „Мак Аутостар ДООЕЛ“. Читать дальше...
Владата ја усвои Програмата и уредбата за финансиска поддршка за домашни и странски авиопревозници. Во овој момент не се знае колку и кога ќе бидат потпишани овие договори и кои компании ќе бидат заинтересирани за субвенции.
СДСМ се залага за целосна промена на изборниот модел – воведување една изборна единица, наместо шест како досега и отворени листи. Во ДУИ поддржуваат отворени листи, но сметаат дека треба да останат шест изборни единици.
СДСМ се залага за целосна промена на изборниот модел – воведување една изборна единица, наместо шест како досега и отворени листи. Во ДУИ поддржуваат отворени листи, но сметаат дека треба да останат шест изборни единици.
Владиниот портпарол Миле Бошљаковски денеска унформираше дека ставот на Владата во однос на последниот предлог за името останува ист пред утрешната средба меѓу министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас. „Да ја почекаме средбата од која ќе имаме официјална информација што ќе ја споделиме со јавноста. Сметаме дека дадениот предлог од наша страна по лидерската средба ги одразува севкупно сите аспекти што се потребни за да се заштити идентитетот, и на македонскиот народ, меѓутоа... Читать дальше...
Премиерот Зоран заев синоќа ги испратил до Собранието предлозите за новите членови во Владата, а дополнително ги пратил и предлозите: Андреј Жерновски - кандидат за заменик-министер во Министерството за надворешни работи, Асим Муса - во Министерството за здравство, Ѓонул Бајрактар - за Министерството за труд и социјална политика и Садик Бекири - предлог за заменик-министер во Министерството за транспорт и врски. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски информираше и дека до Собранието се пратени и... Читать дальше...
Основното јавно обвинителство Тетово поднесе обвинение против 13 лица за учество во вооружениот инцидент во Мала Речица, што се случи на 5 април годинава, во кој едно лице го загуби животот, а неколкумина беа повредени, соопшти Јавното обвинителство. Според Обвинителството, против четворица е поднесен обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор, со кој едно лице се товари за кривични дела „убиство“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од Кривичниот законик. Читать дальше...
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас изјавил дека американската администрација не врши притисок, туку само многу се интересира за решение кон кое водат преговорите за името и кои се потешките точки. Тој вака на грчките новинари им ја објаснил неговата вчерашна средба со советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џон Болтон, на која се задржал двојно повеќе од предвиденото. „Во скопското прашање немаме никаков притисок, ниту некој има намера да не притиска. Никогаш нема да дозволиме да нѐ притискаат. Читать дальше...