„Едно: Разоткривање на мистериите во природата и музика“ е насловена книгата на композиторот, продуцент, аранжер, педагог и научник Гоце Симоноски, што како издание на „Ѓурѓа“ се појави деновиве. Станува збор за негова прва објава и за „книга инспирирана од музиката, но посветена на природата“.
Авион Боинг 737 на кубанската авиокомпанија Кубама со 104 патници во него се урна набрзо по полетувањето од главниот град Хавана, јавуваат светските агенции. Засега нема потврдени информации за жртви. По падот на снимките прикажани на социјалните мрежи и на локалните медиуми се гледа чад над полето во близина на аеродромот. Според извори на аеродромот авионот летал кон градот Олгин кој се наоѓа на истокот од земјата. Кубанскиот претседател Мигуел Диаз Канел, кој го посети местото на несреќата, рече... Читать дальше...
Претставниците на партиите во македонското Собрание на првата средба во рамки на дијалогот „Жан Моне“ која се одржа во Охрид постигнаа согласност за промоција и придвижување на интегративниот процес кон ЕУ, се согласија за спроведување институционални реформи. Во заклучоците усвоени од разговорите уште се наведува нивната подготвеност кон негување на духот на дијалог и компромис, како и зајакнување на легислативните и надзорните капацитети на Собранието. “Со цел да се задржи реформскиот моментум... Читать дальше...
Повеќе од 10 луѓе, поголемиот дел од нив ученици, се убиени во пукањето во училиште денеска во американската држава Тексас. Од локалната полициска станица, од каде што ја соопштија бројката на загинати во инцидентот во училиштето во Санта Фе, рекоа и дека се уште не можат да бидат докрај прецизни со бројот на загинати. Едно лице е во притвор, а друго е приведено, соопшти полицијата. Областа Санта Фе на својот официјален профил на Твитер соопшти дека можни експлозивни направи се најдени во школскиот кампус... Читать дальше...
Косовскиот суд денеска осуди осум мажи на вкупно 35 години и шест месеци затвор поради планирање напад врз тимот на израелската фудбалската репрезентација во Албанија, во текот на квалификациските натпревари за Светското првенство во 2016 година. Осудените одделно добија од 18 месеци до 10 години затвор. Деветтиот обвинет во процесот доби парична казна од 2.500 евра. Според обвинителството, групата планирала напад врз израелскиот тим со експлозиви и автоматски пушки. Планот бил спречен откако го разоткрила косовската полиција... Читать дальше...
Дискусијата за какво било име е празна содржина, ако прво не се исполнат предусловите на Владата, коментираат од кабинетот на грчкиот премиер во врска со натписите во медиумите и ги споменуваат грчките позиции за ерга омнес име и уставна ревизија. Како што јави дописничката на МИА од Атина, во соопштението испратено до медиумите, ја повторуваат вчерашната изјава на Алексис Ципрас по средбата со Зоран Заев дека поминат е голем дел од патот, но сѐ уште постои растојание што треба да се помине. “Оттука... Читать дальше...
Неколку луѓе се убиени во пукање во средно училиште во американската држава Тексас, јавуваат локалните медиуми. Инцидентот се случи денеска во училиште во градот Санта Фе. Од канцеларијата на локалниот шериф соопштија дека има повеќе повредени кои се згрижени, дека нема повеќе пукање, а дека осомничениот се наоѓа во полициски притвор. Пукањето во Санта Фе е последно од ваквите инциденти во училиштата во САД. Во февруари 17 ученици и вработени загинаа при пукање во училиште во Флорида.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, имајќи ги предвид важноста на прашањето за името и државните интереси на Македонија, ја прифаќа поканата за информативна средба иницирана од премиерот Зоран Заев закажана за утре, соопштија попладнево од кабинетот на шефот на државата. Од таму наведуваат дека до денеска до нив “не се доставени целосни одговори на барањата упатени на 29 март 2018 година, вклучително и нацрт-текстот на билатералната спогодба за надминување на разликата околу името... Читать дальше...
Министерот без ресор на Грција и портпарол на Владата Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио „Алфа 989“ одби да ги коментира натписите во медиумите дека Илинденска Македонија е предлогот од македонска страна. Како што јави дописничката на МИА од Атина тој рече дека многу имиња се нашле на маса, но се уште двете страни не стигнале до конкретно име. “Во овој момент, не можам да кажам нешто повеќе. Сѐ ова се однесува на суштинската содржина на преговорите, кои треба сите да ги почитуваме... Читать дальше...
Србија ќе вложи големи напори за постигнување компромис за Косово, но не сум оптимист дека ќе се најде решение, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за шпанскиот весник „Паис“. "Тоа не е лесно. Се уште постои многу голема омраза, но треба да се обидеме да најдеме компромис", нагласува Вучиќ. Вучиќ вели дека и покрај расположението на Србија за изнаоѓање компромис, не може да гарантира дека и „другата страна“ е подготвена на тоа. Српскиот претседател истакнува и дека ако Србија сака иднина... Читать дальше...
Двете страни се блиску до договор за името „Илинденска Македонија“, изјавил извор близок да македонскиот премиер и до шефот на македонската дипломатија за грчкиот весник „Катимерини“.Според весникот, Ципрас имал позитивен став за овој предлог, а Коѕијас го отфрлил. “Извор близок до премиерот Заев и до министерот за надворешни работи Димитров за „Катимерини“ спомена дека двете страни се дојдени блиску до договор за името „Илинденска Македонија“, што за Скопје се однесува на историскиот настан Илинден... Читать дальше...
Премиерот Зоран Заев денеска најави дека утре во Клубот на пратеници ќе се одржи лидерска средба на која тој ќе информира за преговорите за спорот за името и неговата средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Софија. На средбата, како што рече, очекува да се изгради консензус за ова прашање. Средбата ќе се одржи во 13 часот. Заев по вчерашната средба со неговиот грчки колега Ципрас рече дека една од опциите за името е прифатлива и за двете страни. Од ВМРО-ДПМНЕ денеска побараа одржување на итна лидерска средба. Читать дальше...
Рускиот амбасадор во Британија Александар Јаковенко изјави денеска во Лондон дека неговата земја е среќна што поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал е добро по неговото пуштање од болница. Тој порача и дека руските власти ќе продолжат да бараат пристап до него. Скрипал е пуштен од болница по труењето со нервен гас во градот Салсбери во април. Тој и неговата ќерка Јулија беа отруени на 4 март и пронајдени од полицијата во несвесна состојба на клупа во Салсбери. Британските власти за нападот ја обвинија Русија.
Законодавниот дом во Чеченија поднел предлог до рускиот Парламент за укинување на уставната граница од два последователни претседателски мандати со што би му се овозможило на Владимир Путин да остане на власт и по 2024 година. Предлогот е поднесен две недели по инаугурацијата на Путин на претседателската функција и почетокот на неговиот нов шест годишен мандат. Лидерот на Чеченија Рамзан Кадирове лојален сојузник на Путин и изјави дека тој треба да владее со Русија до крајот на животот. Согласно постојниот Устав... Читать дальше...
Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева на прашање на дописникот на Радио Слободна Европа за тоа дали предлогот Република Илинденска Македонија е прифатлив за нејзината земја таа изјави дека разбрала оти еден од предлозите во спорот за името е Илинденска Македонија. Според неа, предлогот е новина и за Бугарија, оти како што посочува дека петте предлози кои долго беа на масата со години не го вклучуваа Илинденска Македонија. „Илинденска Македонија на мене ми звучи дека тие... Читать дальше...
Грчкиот Врховен суд го одби барањето на македонските власти за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски. Според судот, тие остануваат во Грција и ќе бидат ослободени од затвор, јавува МИА. Грујевски и Бошковски илегално ја напуштија Македонија и потоа беа фатени во Грција, при обид од солунскиот аеродром да заминат за Унгарија. Последното рочиште за предметот „Таргет - Тврдина“ на СЈО во кое се обвинети Грујевски и Бошковски беше одложено за 19 јуни, бидејќи се чекаше наодлуката на Врховниот суд во Атина.
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираат дека шест дена од Владата бараат одржување на лидерска средба кои, според партијата, се доволен период и за усогласување и на термините со лидерите и доволен период премиерот Зоран Заев да и објасни на јавноста што се случува со преговорите за името. Според партијата, Заев не смее да ја узурпира добиената позиција и да наметнува решенија за кои јавноста не е информирана. „Затоа со цел да се оттргнат сите сомнежи, и да се види што е тоа што го крие Заев и СДСМ бараме... Читать дальше...
Грчкиот премиер Алексис Ципрас во текот на викендот има намера да ги извести претседателот и лидерите на политичките партии за разговорите за името. Според грчки владини извори, Атина не отстапува од нејзината позиција за ерга омнес име и уставна ревизија, како главни предуслови за да постои договор. Ципрас и македонскиот премиер Зоран Заев вчера остварија средба во Софија на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан.
Во Македонија има најмалку пет лица со ретки болести за кои со месеци се уште лекарите немаат дијагноза. Од Здружението бараат државата во вакви случаи да ги покрие трошоците за испитувања. Од Министерството за здравство велат дека договорена е средба на која ќе се разговара за решение.
Следува период во кој ќе бидат познати пресудите за неколку предмети, меѓу кои „Поткуп“ и „Тенк.“ Експерти очекуваат судовите да работат законски, истакнувајќи дека мал е временскиот период да се даде генерална оценка дали правосудството почнало да работи нормално.
Британските власти соопштија дека поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал е отпуштен од болница по труењето со нервен гас во градот Салсбери во април. Неговата ќерка Јулија минатиот месец беше отпуштена од болница и префрлена на безбедна локација. Тие беа отруени на 4 март и пронајдени од полицијата во несвесна состојба на клупа во Салсбери. Британските власти за нападот ја обвинија Русија.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи. Во фокусот на разговорите на Меркел и Путин се очекува да биде конфликтот во Украина, одговорот на Европа за повлекувањето на САД од иранскиот нуклеарен договори за изградбата на гасоводот кој ќе испорачува гас од Русија до Германија.
Од Владата соопштуваат дека многу скоро премиерот Заев ќе ги информира шефот на државата и партиските лидери за последната фаза од преговорите за името. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека немаат никакви детали за разговорите за името и ќе го реафирмираат ставот за итна лидерска средба
Од Владата не ја потврдуваат ниту демантираат информацијата во одредени медиуми дека најновиот предлог за името во преговорите со Грција бил „Република Илинденска Македонија“. „Како што изјави премиерот Зоран Заев во последната фаза од преговорите, од македонска страна се презентирани повеќе опции за можни решенија, а за една од нив потврдено е дека може да биде прифатлива и за двете страни“, денеска соопштија од Владата за МИА. Од Владата посочуваат дека нема да го коментираат прашањето, бидејќи... Читать дальше...
Украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша декрет за усвојување на неодамна донесената одлука за проширување на санкциите против руски компании и ентитети. Во документот не се наведуваат имињата на личностите и компаниите врз кои ќе бидат спроведени санкциите. Украинскиот совет за безбедност и одбрана на 2 мај ги одобри санкциите кои се слични со оние на САД, а на кои се наоѓаат сојузници на рускиот претседател Владимир Путин. Според советот, санкциите ќе бидат на сила најмалку во наредните три години.