Лидерска средба ќе се одржи во термин кој им одговара на сите политички субјекти кои се дел од овој вид средби. Во меѓувреме, додека се утврди термин кој одговара за сите, лидерот на опозицијата може да побара средба со премиерот, велат за МИА од Владата во врска со барањето на ВМРО-ДПМНЕ за итна лидерска средба за преговорите за името. “Владата на Република Македонија како и секогаш досега кога има значаен развој во текот на преговорите за проблемот кој го има Република Грција со нашето уставно име... Читать дальше...
Најмалку дваесет лица се притворени на митингот во Москва против обидите на владата да ја намали слободата на интернет, соопшти координаторот на митинзите.Стотици демонстранти повикаа на деблокирање на популарната апликација Телеграма, додека некои извикуваа антивладини слогани и пораки против цензурата на интернетот. "Околу 25-30 луѓе кои го претставуваат левиот фронт, анархистите и другите организации се уапсени. Тие се водат надвор од кордоните и се ставаат во автобуси ", изјави за Интерфакс координаторот на левиот фронт Сергеј Удалцов. Читать дальше...
Српскиот министер за надворешни работи ќе ја претставува Србија на утрешната седница на Советот за безбедност на ОН. На седницата ќе биде разгледуван извештајот на генералниот секретар на ОН за работата на мисијата на ОН во Косово, во период од 17 јануари до 15 април 2018 година. Дачиќ ќе го коментира извештајот и ќе ја изнесе оценката на Србија за актуелната ситација во Косово.
ВМРО-ДПМНЕ бара итна лидерска средба, уште утре, на која премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров во присуство на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов би ги соопштиле деталите и насоките по кои се движат разговорите за името. Како што соопшти денеска на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, поради ваквото барање партискиот лидер Христијан Мицкоски ги прекинува својата работна посета на Италија и средбите со македонската дијаспора. "Мицкоски е веќе на пат за Македонија. Читать дальше...
Претседателот на Иран Хасан Рохани денеска изјави дека повлекувањето на САД од нуклеарниот договор од 2015 година е „кршење на моралот“, нагласувајќи дека Техеран ќе остане посветен на договорот доколку интересите на земјата можат да бидат заштитени. Тој додаде дека, доколку останатите пет земји, со кои е потпишан договорот, останат посветени „Иран ќе остане на договорот и покрај одлуката на САД“. На 8-ми мај американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД се повлекуваат од нукларниот договор... Читать дальше...
Демократската унија за интеграција во јуни ќе го одржи партискиот конгрес, најавил лидерот на партијата Али Ахмети на партиски состанок, каде што биле донесени заклучоци за спроведувањето на програмата од страна на извршната власт, се вели во денешното соопштение од партијата. “Беа дискутирани и политичките прашања, вклучувајќи го проблемот со името, односите со соседите, интеграцијата во НАТО, системските реформи, извештајот за напредокот на Европската комисија, преговорите со Европската унија... Читать дальше...
Ирански суд осуди осум лица на смртна казна поради поврзаност со минатогодишни напади на екстремистичката организација Исламска држава (ИД). Лицата се прогласени за виновни за помагање на петмина екстремисти на ИД кои го нападнаа парламентот и храмот на иранскиот лидер ајатолахот Рухола Хомеини. Во тие напади во јуни, минатата година, се убиени 18 лица, а над 50 се повредени. Како што јави МИА, во нападите иранските безбедносни сили ги убија напаѓачите.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска замина на тридневна работна посета во Велика Британија. Турските медиуми јавија дека тој, во рамките на посетата, планира да оствари средби со британската премиерка Тереза Меј и со кралицата Елизабета Втора. Амбасадорот на Велика Британија во Турција, Доминик Чилков изрази надеж дека посетата ќе даде поттик за развојот на билатералните односи и ќе ја зајакне соработката за прашањата како што се борбата против тероризмот, организираниот криминал и илегалната миграција. Читать дальше...
Бомбаши-самоубијци извршиле напад врз три цркви во Индонезија, при што загинале најмалку девет лица, а над 40 се повредени. Нападот се случи во градот Сарабаја. Трите напади се извршени координирано во само неколку минути. Одговорноста за нападот целосно ја презеде милитантната група Исламска Држава и Левант.
Изјавата на медијаторот Метју Нимиц по вчерашната шестчасовна средба со шефовите на македонската и грчката дипломатија, ја пренесуваат медиумите во Грција, со коментар дека топката и решението сега се во рацете на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. Како што јавува допиничката на МИА од Атина, скоро сите медиуми објавуваат слични наслови кои ја посочуваат следната средба на двајцата премиери како клучна во решавање на долгогодишниот спор. „Средба Ципрас - Заев: Нов прозорец за решение“; „Скопското прашање... Читать дальше...
Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, во петок ќе се сретне со кинеските водачи по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да се повлече од нуклеарниот договор во 2015 година. Кинеското министерство за надворешни работи денеска соопшти рече дека Зариф ќе "размени мислења со релевантните партии за развојот на иранското нуклеарно прашање". Зариф, исто така, ќе ги посети Москва и Брисел за да одржи состаноци за време на сегашното патување. Кина, Русија, Франција... Читать дальше...
Се повлекуваат книжните 10-ки и 50-ки од промет. Од вторник граѓаните ќе можат да ги користат новите полимерни банкноти со оваа вредност или монетите. Книжните ќе може во рок од една година да се заменат во комерцијалните банки. По овој датум замената ќе се врши исклучиво во Народната банка на Република Македонија. Во Македонија првпат се воведуваат полимерни банкноти. Со тоа, како што посочуваа од Народната банка на Република Македонија, нашата држава ќе биде на мапата на државите чија централна... Читать дальше...
Каталонскиот Парламент не успеа да избере нов претседател на регионалната Влада на Каталонија, бидејќи кандидатот Жоаким „Ким“ Тора не го оствари неоходното апсолутно мнозинство од 68 гласови во првиот круг од гласањето. Како што јави МИА, седницата за избор на нов претседател на регионалната Влада на Каталонија беше одржана вчера. Утрешното гласање е последната можност на каталонскиот Парламент да избере претседател и да формира Влада, доколку не избере, ќе бидат распишани нови избори. За утре ќе... Читать дальше...
Ирачаните чекаат официјални резултати од националните избори, кои беа релативно мирни, но со низок одѕив и кои може да бидат одлучувачки за тоа дали земјата ќе ги продолжи своите блиски врски со Западот или ќе се сврти кон Иран. Изборната комисија на земјата на 12 мај излезе со податок за излезноста, 44,5 отсто што е далеку под 60 проценти забележани на претходните избори, а најниска од инвазијата на Ирак во 2003 година во САД. Околу 22,5 милиони луѓе имаа право да гласаат. Властите не пријавија поголеми инциденти во безбедноста... Читать дальше...
Африм Гаши, преседател на скопското крило движењето Беса, кој синоќа oстварил средби со партиски членови и симпатизери во Кичево, најави дека партијата наскоро би можела да стане дел од, како што посочи, реформската Влада на премиерот Зоран Заев. “Ова се случува зато што Македонја се движи успешно кон евроатланските структури, токму овој момент не прави оптимисти”, рече Гаши. Претседателот на скопското крило на БЕСА најави дека вакви средби во наредните денови ќе има и со останатите ограноци на партијата и во другите градови.
Француски судски извори соопштија дека осомничениот застрелан од полицијата за време на смртоносниот напад со нож во Париз синоќа бил роден во Чеченија. Според истите извори и таткото и мајката на осомничениот напаѓач се притворени на сослушување. Властите отворија истрага за нападот со нож во центарот на Париз, во кој загина едно лице, а беа ранети уште четири други лица. Исламската држава вчера потврди дека осомничениот бил еден од нивните "војници". Француските власти соопштија дека нападот... Читать дальше...
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи ќе биде времето денеска во Македонија. Утринската температура се движи од пет до 12, дневната од 19 до 25 степени.УВ-индексот ќе изнесува 6.Во Скопје слично време, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи со температура до 24 степени.
Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека е задоволен од работата на парламентот и од соработката на мнозинството и ВМРО-ДПМНЕ. Најавува промени во неговата работа. Ги отфрла шпекулациите за евентуални калкулации со Законот за употреба на јазиците.
Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека не калкулираат со Законот за јазици. Тој не открива кога ќе го прати во Службен весник, наведувајќи дека тоа е негова проценка. Во интервјуто зборува и за работата на Собранието, реформите, како и очекувањата за спорот за името.