Главната седница на која ќе се донесе конечна одлука за цената на електрична енергија ќе се одржи утре, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Новата цена на струјата ќе биде во важност од 1 јануари следната година.
Подготвителна седница на РКЕ за цената на струјата
На денешната подготвителна седница беа претставени вонредните механизми што РКЕ првпат ќе ги активира во кризна состојба. Се чекаат и забелешките што ќе бидат доставени во писмена форма од енергетските компаниии, кои ќе бидат разгледани на главната седница и ќе биде донесена конечната одлука.
Новата цена на струјата за корисниците на регуларниот пазар ќе важи во првите шест месеци од наредната година. Сите енергетски компании веќе побараа зголемување на цената на електричната енергија.