Во Белград започна дванаесеттиот протест „Србија против насилството“. На 22 јули демонстрантите се собраа пред српското Собрание, од каде најпрвин ќе пешачат до седиштето на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), а потоа до зградата на Радио телевизија на Србија (РТС). Протести, на покана на некои опозициски партии, од мај се одржуваат низ цела Србија поради незадоволството од реакцијата на државата по двете масовни убиства што се случија на почетокот на мај. Организаторите бараат... Читать дальше...
Со бродови на крајбрежната служба по морски пат и со автобуси на копно, попладенво превентивно се евакуираат жителите и туристите од грчкити области Лардос и Киотари во источниот дел на грчкиот остров Родос, поради големиот пожар што веќе петти ден е вон контрола, пренесуваат локалните медиуми. Преку бројот 112 за итни случаи, денеска биле испратени две пораки до жителите на вкупно четири села превентивно да се евакуираат, а медиумите пишуваат дека се евакуираат и два хотели, пренесува МИА. Според телевизијата ЕРТ... Читать дальше...
Постои ризик од раздвојување на Северна Македонија и Албанија доколку не се усвојат измените на Уставот пред крајот на годината, вели Лоренс Бун - државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција. „Очигледно е дека постои ризик од раздвојување доколку не се усвојат уставните измени пред крајот на годината, вели Бун во интервју за МИА. Таа додава дека уставните измени се дел од договорот што го постигнале Северна Македонија и ЕУ за да се продолжи кон автоматски почеток на процесот на пристапување... Читать дальше...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска повторно ја нападна Европската унија, поради спроведување на, како што ја нарече, „ЛГБТК офанзива“, велејќи дека неговата националистичка влада ќе ги заштити христијанските корени на земјата. Во говорот во Романија, Орбан, кој е долгогодишен критичар на Брисел, рече дека се надева оти изборите за Европскиот парламент следната година ќе ги зајакнат владите внатре во Унијата кои го отфрлаат „федерализмот“ којшто го претставуваат Германија и Франција. Орбан... Читать дальше...
Возилото „ауди“ кое било опожарено рано утрината на 22 јули во скопската населба Чаир не било во сопственост на првиот вицепремиер Артан Груби, туку на негов сосед и пријател, но го смета како напад врз него и она што го работи во Владата. Ова го напиша Груби на социјалните мрежи откако медиумите објавија дека опожарениот автомобил тој го користел, иако полицијата (МВР) за Радио Слободна Европа одговорија дека опожареното возило е во сопственост на друго лице. Груби попладнево на Фејсбук напиша дека синоќа се соочил со напад. Читать дальше...
Во Грција и викендов важат предупредувањата за високи температури, а метеоролозите предупредуваат дека може да достигнат и до 45 Целзиусови степени. На јавноста ѝ е препорачано да не излегува надвор освен ако е апсолутно неопходно, а туристичките атракции ќе бидат затворени во најжешките делови од денот овој викенд. Еден од водечките грчки метеоролози рече дека овој викенд би можел да биде најтоплиот јулски викенд во последните 50 години. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис повика на „апсолутна будност“. Читать дальше...
Едно дете загина во петокот вечерта, на 21 јули, во невремето што го зафати Нови Сад, како и неколку други градови во Србија. Ова за Радио и телевизија на Србија (РТС) го потврди градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, додека новосадската полиција соопшти дека се работи за 12-годишно дете кое било пронајдено пред зграда на улицата Вука Мандушица. По Италија, Словенија и Хрватска, во петокот вечерта во Србија пристигна силен дожд пропратен со грмежи и бурен ветер. Невремето најмногу го зафати Нови Сад... Читать дальше...
Не запираат министерските препукувања поврзани со концесијата за рудникот „Иловица - Штука“. Ваквите јавни спротивставувања на функционери во владина коалиција за експертската јавност не се непознати, но, велат дека создаваат хаотичен имиџ за Владата и влеваат несигурност кај граѓаните.
Времето и денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени. UV зрачењето ќе достигне 10. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени. До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури. Читать дальше...