Доколку се спроведат уставните измени, тогаш следниот чекор ќе се случи автоматски, без можност за вето и дополнителни одлуки, вели во интервју за МИА евроамбасадорот Дејвид Гир. Во одговор на прашањето како да се дојде до компромис за уставните измени, Гир вели дека треба да се промени духот на дијалогот, за да се оди напред, не само, како што вели, за уставните измени, туку и за реформите. -Гледаме дека во земјата има голема поларизација меѓу политичките партии. Скоро сите политички партии... Читать дальше...
Нема кривична пријава дека во јавното претпријатие „Комунална хигиена“ им се исплаќале пари на лица што биде трајно преселени во Германија, соопшти денеска Основното јавно обвинителство Скопје. Оттаму посочуваат дека пријавите од Косана Мазнева биле само за случувањата со бојкотот во претпријатието и несобирањето смет и ја повикуваат Мазнева, доколку забележала незаконитости, да ги пријави. „До овој момент до Основното јавно обвинителство Скопје не е доставена пријава со таква конкретна содржина. Читать дальше...
Провинцијата Чунгкинг во југозападна Кина издаде предупредување за обилни врнежи од дожд во 24 области, објавија кинеските државни медиуми, наведувајќи дека во таа област поради обилните врнежи се заканува излевање на голем број реки, поради што 2 600 жители беа евакуирани. Локалните официјални претставници, исто така, предупредија на поплави и лизгање на земјиштето. Големи поплави зафатија делови од Кина во последните неколку недели, а посебно беше погоден Чунгкинг, каде минатата недела 15... Читать дальше...
Два од три авиони за гасење на пожари се на контролен сервис во Шпанија. Тешко се наоѓаат и пилоти, има само половина од потребниот број. И Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи на иста линија – годинава сме повеќе подготвени за справување со евентуални пожари.
Министерката за животна средина, Каја Шукова, најави присуство на протестот против рудникот во Иловица, кој за утре е закажан во Струмица. Собирот е во организација на Иницијативата „Здрава котлина“, по веста дека владата ги споила концесиите и дека на повидок е отворање на рудникот за експлоатација на минерална суровина, руди на бакар и злато на локалитет во Иловица. „ Јас сум исто така против нови рудници во државата. Сметам дека особено тој земјоделски крај, кадешто треба да се развива земјоделието... Читать дальше...
Индиската вселенска агенција денеска го лансираше вселенското летало Чандрајан-3 на Месечината. Телевизиските снимки покажуваат како ракетата полетала од космодромот во јужната држава Андра Прадеш, оставајќи зад себе облак од чад и оган. На леталото ќе му бидат потребни меѓу 15 и 20 дена да влезе во орбитата на Месечината, а тогаш научниците ќе почнат да ја успоруваат ракетата за да обезбедат безбедно слетување. Се очекува Чандрајан-3 да слета на Месечината меѓу 23 и 24 август, а планирано... Читать дальше...
Дискриминирачки и апсурден е еднородителскиот систем после развод, велат голем дел од татковците. Во над 90 отсто случаи децата се доделуваат кај мајката. Ова e злоупотреба на децата, предупредуваат од Меѓаши. Државата се уште не воведува заедничко старателство на децата по развод на бракот.
По три години и шест месеци затвор добија Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ и во повтореното судење за „Титаник 3“во Основниот кривичен суд во Скопје. Двајцата беа обвинети за уништување изборен материјал, односно дека на локалните избори во 2013 година менувале дел од записниците за гласањето во Чаир. На Гуру и Алими им се изречени идентични казни како и во првиот судски процес кој беше поништен од Апелацискиот суд во Скопје кој ја укина пресудата и го врати случајот на почеток. И оваа пресуда повторно не е правосилна... Читать дальше...
На 30 мејлови, меѓу кои и на неколку редакции во Загреб била испратена порака во која се наведени локации на кои наводно биле поставени бомби. „Поставуваме темпирани бомби со тајмер“, се вели меѓу другото во електронската пошта. Во електронската пошта испратена до медиумите се наведува дека секоја експлозивна направа содржи експлозиви C4 и боен отров сарин и дека имаат тајмер. Исто така се додава дека бомбите се темпирани да експлодираат во петок попладне. Покрај во некои медиуми, наведуваат... Читать дальше...
Адвокатскиот тим на Вол стрит Џурнал понуди увид на 13 јули во „фрустрирачкиот“ процес на обидот за ослободување на новинарот Еван Гершковиќ, кој е приведен во Русија од 29 март под обвинение за шпионажа. Џејсон Конти, шеф на правниот тим на американскиот весник, рече дека имало „многу работа, но многу нејасен напредок“ во напорите за ослободување на Гершковиќ. Конти зборуваше на прес-конференција во Вашингтон по повод 100 дена од притворањето на дописникот од Москва. Гершкович (32) беше уапсен во Екатеринбург... Читать дальше...