Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, го поздрави договорот меѓу ЕУ и Косово за првите чекори за деескалација на ситуацијата на северот на Косово. „Очекуваме дека Косово ќе преземе други позитивни чекори и ќе продолжи со напредокот во таа насока“, напиша Борел на Твитер и додаде дека работата со страните ќе продолжи како дел од дијалогот за нормализација на односите. Специјалниот пратеник за дијалог Мирослав Лајчак и вицепремиерот на Косово Бесник Бисљими во понеделникот постигнаа договор... Читать дальше...
Уставниот суд на денешната седница донесе одлука со која се утврди дека е сторена повреда на слободата на јавно изразување на мислата на Влатко Стојановски, сторена со две пресуди, една од Граѓанскиот суд Скопје и една од Апелацискиот суд, и двете донесени во текот на 2021 година. Според судот, во двете пресуди е пропуштено да се утврди повреда на слободата на изразувањето на Влатко Стојановски, како новинар од „Фокус“, за време на настаните од 27 април 2017 година, кои се одвивале во Собранието. Читать дальше...
Одложен е увидот во Кумановски суд поради укажувањата на противпожарната единица, соопшти шефицата на кумановското обвинителство Теута Бедиу Рамадани. „Командирот на ТППЕ Куманово кој ни објасни дека не е безбедно и дека ќе има пожарна стража до утре. Останува утре да се изврши увидот, доколку се обезбедат сите услови“, изјави Бедиу Рамадани, јавува МИА. Пожарот во Кумановски суд се случи на 11 јулуи и ги зафати подрумските простории. Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од ТППЕ Куманово... Читать дальше...
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека официјален Белград негативно ја оценува одлуката на Израел да ја признае независноста на Косово и дека, според него, тоа им нанело штета на односите меѓу двете земји. „Во оваа смисла, треба да вложиме максимални напори за надминување на овие проблеми и да останеме посветени на зачувување на пријателството со Израел“, рече Дачиќ на заедничката прес-конференција со израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен. Коен допатува во Белград на 12 јули... Читать дальше...
Трансформацијата на „Македонско село“ кое се најавуваше да биде во служба на развој на стартап и ИТ компаниите, сепак, нема да се случи. Од Фондот за иновации не гледаат економска исплатливост за трансформацијата што неколку години наназад ја најавуваше Владата.
Трансформацијата на „Македонско село“ во Горно Нерези, Скопско, кое се најавуваше да биде во служба на развој на стартап и ИТ компаниите, сепак, нема да се случи. Стои заклучено, а неговата изградба чинеше 6,5 милиони евра.
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека неговата Влада ја потврдила подготвеноста за деескалација на ситуацијата на северот на земјата, каде живее мнозинско српско население, односно дека ќе го намали бројот на полицајци лоцирани во и околу општинските згради. Сепак, како што прецизираше, полицајците нема да се повлечат од општините на север, туку само ќе бидат распоредени на други локации. „Затоа, 25 отсто од полицајците ќе бидат префрлени на други локации во истите општини и ќе продолжат... Читать дальше...
На 94-годишна возраст почина познатиот чешки писател Милан Кундера, автор на романот „Неподносливата леснотија на постоењето“, објави локалниот јавен сервис. „За жал, можам да потврдам дека Кундера почина вчера (вторник, 11 јули) по долго боледување“, изјави Ана Мразова, портпаролка на библиотеката Милан Кундера во неговото родно Брно. Роден на 1 април 1929 година, во вториот по големина град во Чешката Република, Кундера пишувал песни и раскази пред да биде објавен неговиот прв роман „Шега“ во 1967 година. Читать дальше...
Пожарот во Кумановски суд го привлече вниманието на јавноста кон овој суд. Но, таму се разгорени меѓучовечките односи, а нотирани се и проблеми со АКМИС и архивирање на предметите. Тоа го покажува извештаите на Судскиот совет и Министерството за правда. Претседателката на Судот демантира.
Северна Кореја денеска истрела ракета со долг дострел од нејзиниот источен брег, што претставува дванаесетто лансирање на Пјонгјанг годинава, пред состанокот меѓу јужнокорејските и јапонските лидери во Вилнус. Лансирањето уследи по реакциите на Северна Кореја во последните денови, вклучително и обвинувањата дека американските шпионски авиони неодамна го нарушиле нејзиниот воздушен простор, како и осудите за неодамнешната посета на Јужна Кореја на американска подморница со крстосувачки ракети со нуклеарен погон. Читать дальше...
Кина испрати поморски бродови и голема група воени авиони во Тајван, соопшти денеска тајванското Министерство за одбрана. Кинеската Народноослободителна армија прво испрати 38 воени авиони и девет поморски бродови околу Тајван, а потоа на островот полетаа уште 30 авиони, меѓу кои и ловци Ј-10 и Ј-16. Тајван треба да ја одржи годишната вежба Хан Гуанг кон крајот на овој месец, на која неговата војска ќе вежба борбена готовност за да спречи инвазија. Тие, исто така, ќе спроведуваат годишни вежби... Читать дальше...