Најмалку четири лица загинаа во пукање на забава за 16-ти роденден во американската сојузна држава Алабама. Според локалните медиуми, неколку лица се повредени. „Утрово тагувам со луѓето од Дејдвил и со луѓето од Алабама“, рече гувернерот Кеј Ајви. Бен Хејс, кој служи како свештеник во полициската управа во Дејдвил, рече дека пукањето го потресе овој мал град, каде што ретко се случува сериозно кривично дело. „Еден од младите луѓе што беше убиен беше успешен спортист и едноставно одлично момче. Читать дальше...
Во пожар во станбена зграда во Дубаи, 16 лица загинаа, а девет се повредени во популарна област на богатиот заливски емират, објавија локалните медиуми. Пожарот избувнал во саботата среде бел ден на четвртиот кат од зградата Ал Рас во стариот кварт на градот, каде живеат многу странски работници. „Прелиминарната истрага покажува дека причина за пожарот е непочитување на безбедносните барања на објектот“, се вели во соопштението на цивилната одбрана, кое го пренесоа медиумите. Не е наведена националноста на жртвите. Читать дальше...
Осумдневен притвор доби 43-годишниот анестезиолог од Одри од Тетово, по предлог на Обвинителството и судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово. Лекарот се товари дека на социјалните мрежи снимал и емитувал пациенти и медицински персонал во живо, што резултирало со пријави за „несовесно работење во службата“ и „неовластено снимање“ од член 152 став 2 од Кривичниот законик. Притворот е одреден денеска на 15 април, а пријавениот ќе биде задржан во КПУ Затвор „Скопје“, се вели во соопштението на Обвинитлеството. Читать дальше...
Случајот со 13-месечното бебе од Свети Николе кај кое беа дијагностицирани морбили го вклучи алармот кај здравствените власти. Нискиот степен на вакцинација во 2020 и 2021 ја зголемува опасноста малите сипаници повторно да се шират, а кај невакцинираните компликациите може да бидат сериозни.
Поранешен индиски пратеник осуден за киднапирање е убиен заедно со неговиот брат во северна Индија во драматичен напад снимен на телевизија во живо, соопштија денеска официјални лица. Атик Ахмад и неговиот брат Ашраф Ахмад биле под полициска придружба на пат кон медицински преглед во болница во саботата вечерта, кога тројца мажи, кои стоеле со новинарите, ги застрелале од непосредна близина во градот Прајаград во индиската држава Утар Прадеш. Напаѓачите брзо и се предадоа на полицијата по нападот... Читать дальше...
Суданската војска денеска започна воздушни напади врз паравоена база во близина на главниот град Картум, во обид повторно да воспостави контрола врз земјата, откако во судирите еден ден претходно загинаа десетици борци и најмалку 56 цивили. Војската доцна во саботата нападна база на владините паравоени сили за брза поддршка (РСФ) во градот Омдурман, кој граничи со главниот град Картум, изјавија очевидци. Армијата и РСФ, за кои аналитичарите велат дека бројат 100.000 војници, се борат за власт... Читать дальше...
Претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на Собранието Талат Џафери и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски упатија честитки по повод празникот Воскресение Христово - Велигден. Пендаровски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан и до сите православни верници, како и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев и припадниците на Евангелско – методистичката црква во државата. Читать дальше...
Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно. Наутро ќе има дожд во западните делови, а попладне и во вечерните часови локален пороен дожд и ретка појава на грмежи во најголемиот дел од земјата. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната од 13 до 20 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со повремен дожд кој ќе продолжи и во ноќните часови. Минималната температура ќе се спушти до 5... Читать дальше...
Се злоупотребува МВР за политичко поткусурување. И наместо да ги трошат ресурсите суштински, и да се сузбива криминал, МВР ги троши на работи за кои што однапред се знае дека не постојат елементи на било какво сторено кривично дело, вели кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.
Државата функционира како приватно акционерско друштво во кое што всушност ДУИ е главниот менаџер, а придружниот елемент на власта се моите поранешни сопартијци од редовите на СДСМ. Зборувам за политичката елита која што ја води оваа партија, вели кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.