Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно. Наутро ќе има дожд во западните делови, а попладне и во вечерните часови локален пороен дожд и ретка појава на грмежи во најголемиот дел од земјата. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната од 13 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со повремен дожд кој ќе продолжи и во ноќните часови.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 19 степени.