Специјалниот пратеник на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој беше во посета на Тирана, во интервју за Топ чанел, како историски го оцени постигнатиот договор во Охрид, меѓу Белград и Приштина. Тој вели дека договорот, што го овозможи Европската унија, со поддршка на САД, „речиси во секој аспект е поддржан од земјите од регионот“ и оти без поддршка на Северна Македонија тој не би се постигнал. „Преговорите се водеа во Македонија и без нивна поддршка тоа немаше да биде возможно. Читать дальше...
Го почитувам интегритетот на БиХ, но сериозно размислувам за отцепување, ако не се почитуваат нашите права, изјави на 14 април претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој денес во Белград се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тие разговарале за сите важни прашања на односите меѓу Србија и Република Српска. „Сакаме да го почитуваме Уставот на БиХ, да го почитуваме Дејтонскиот договор, да го почитуваме интегритетот на БиХ, во ред, но и да ги почитуваме правата што РС несомнено и се дадени во Уставот“, изјави Додик.
Проектот за автопатиштата од коридорите 8 и 10 д неколкукратно ќе ја подобри економската позиција и економскиот развој, со ефект од околу 2 отсто од БДП на годишно ниво, или 10 отсто од БДП во текот на пет години колку што ќе трае, вели министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој вели дека со изградбата на четирите автопатишта Македонија ќе стане крстосница на европските патишта, на клучните паневропски коридори, што е стратешки важно како за нас, така и за целиот регион. Министерот во интервју... Читать дальше...
На пазарот на труд не се вклучени речиси 200 илјади луѓе од 25 до 54 години. Упатените велат дека тие сепак имаат активности. Или сезонски работат во странство, па не им се исплати да бараат работа во Македонија, или велат дека повеќе им се исплати да чуваат деца отколку да работат за малку пари.
Косово и Црна Гора на 14 април потпишаа договор за воздушен транспорт, кој ќе овозможи пократко време на патување и пониски цени на билетите за патниците. Договорот беше потпишан за време на посетата на премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ на Косово. По средбата со косовскиот премиер Албин Курти, Абазовиќ на прес-конференцијата рече дека Договорот е дел од неколку проекти на двете влади кои имаат за цел да ја подобрат регионалната соработка. „Идејата беше да им се овозможи на граѓаните полесен пристап. Читать дальше...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека не е точно дека Србија е центар за руски дезинформации на Балканот, како што пред неколку дена изјави американскиот дипломат Џејмс Рубин. Вучиќ рече дека сакал да премолчи и да не одговара на изјавите на специјалниот пратеник и координатор на Центарот за глобално ангажирање во американскиот Стејт департмент Џејмс Рубин, за да не става дополнителен товар на грбот на Србија. „Рубин за време на посетата на Подгорица рече дека очекува Црна... Читать дальше...
И до половина час се чека на граничните премини Богородица и Табановце, за влез и излез од државата. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. На граничните премини кон Грција и Србија има гужви поради продолжениот празничен викенд за Велигден. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. ... Читать дальше...
Претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва, кој е во четиридневна посета на Кина, вчера изјави дека државите во развој треба да најдат алтернатива за доларот. „Потребна ни е валута, која може на земјите да им обезбеди поголема стабилност, бидејќи денес тие трчаат по доларот за да можат да извезуваат, а можат да извезуваат во сопствената валута“, истакна Лула. На четиридневната посета на Кина, што почна на 12 април, Лула присуствуваше на инаугурацијата на поранешната бразилска претседателка... Читать дальше...
Тенискиот комплекс e изграден за само шест месеци во Босна и Херцеговина за турнир организиран од семејството на светскиот првак Новак Ѓоковиќ. Инвестирани се 16 милиони долари, а градежната дозвола била издадена кога завршила изградбата.
По празниците работната група за уставни измени ќе излезе со предлози. За ВМРО-ДПМНЕ учеството во неа е затворено прашање. Градоначалникот на Куманово, Димитриевски вели дека отсуството на опозицијата е неприфатливо, а уставните измени треба да се направат со соодветен реципроцитет.
Северна Кореја на 14 април соопшти дека вчера тестирала нова интерконтинентална балистичка ракета со цврсто гориво (ИЦБМ), со цел да ја зајакне способноста на земјата за нклеарен противнапад. Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун раководен со нејзиното тестирање. Тој рече дека тоа претставува голем чекор во способноста на Пјонгјанг да изврши нуклеарен контранапад, објавија државните медиуми. „Хвасонг-18 ќе ја брани Северна Кореја, ќе ги сузбие инвазиите и ќе ја заштити безбедноста на нацијата... Читать дальше...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер (над 70 км/час), соопштува Управата за хидрометеоролошки работи. Максималните температури ќе се движат од 10 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Околу пладне во делови од котлината ќе има краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Температурата ќе достигне до 18 степени. Читать дальше...
Њузлетер 14.04.2023 - Борба со дезинформации од странство, манипулации со информации дома.