Утре протестот против францускиот предлог наместо во 19 часот, ќе започне порано, пред седницата на која ќе се разгледува францускиот предлог. Демонстрантите ќе се собираат пред Собрание, каде е закажана седница на која ќе се разгледува францускиот предлог. Пред седницата на пратениците треба да им се обрати претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Од Левица соопштија дека нивните активисти кои досега кампуваа пред Влада, утре се селат пред Собранието. Од партијата ги повикаа... Читать дальше...
Демонстрантите на денешниот, десетти по ред, протест против францускиот предлог донесоа мисирка, и како што рекоа тоа е „ќурка“ за премиерот Димитар Ковачевски. Потоа мисирката врзана на автомобил ја однесоа и пред Собрание. На денешниот протестен марш, демонстранти изведоа и перформанс пред МНР. Пред Министерството беше истакнато пано на кое пишува „предавници“ и на кое се гледаат ликовите на премиерот Ковачевски и министрите за надворешни работи Бујар Османи и за евроинтеграции Бојан Маричиќ. Читать дальше...
Протоколот со Бугарија ќе биде објавен пред на него да се стават потписи, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за ТВ 24. Тој вели дека во протоколот, како и во францускиот предлог нема ништо спорно. „Ветувам, протоколот ќе го објавиме пред да ставиме потпис“ изјави Османи. Тој додаде дека и Бугарите се незадоволни од договорот. „Тие не се задоволни, затоа што треба да признаат македонски јазик, официјално во Европската унија. Тие не се задоволни што нема поглавја... Читать дальше...
Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва на почетокот на протестниот марш под мотото „Ултиматум, не благодарам“, повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за измените на Уставот. Тој вели дека ниту пратениците од СДСМ нема да гласаат откако ќе го видат Протоколот кој ќе го потпише Бујар Османи. „Рековме дека сето она што ќе се случува деновите кои што се пред нас во Парламентот преставува обична фарса, суштината е во оваа зграда овдека. А, суштината е дека тие што се во оваа зграда овде... Читать дальше...
Двајца мажи од Скопје на возраст од 30 и 31 години се приведени денеска од страна на полицајци од Полициската станица за Граничниот премин Богородица. Двајцата мажи се уапсени за криумчарење мигранти. Тие се уапсени на магистралниот пат кај село Смоквица и кај клучка Демир Капија. Полицијата при преглед на патничко возило на еден од сега уапсените мажи пронашла 14 мигранти (13 од Сирија и еден од Пакистан). Тој се обидел да избега, но бил фатен и лишен од слобода. Другиот маж бил во друго возило... Читать дальше...
Двајца мажи искасани од оси биле донесени вчера во велешката болница. Едниот имал околу 30, а другиот околу 60 години. Повозрасниот маж вечерта починал, додека 30 годишното лице по дадената лекарска помош и соодветна терапија во велешката Општа болница, бил испратен дома, велат од болницата. Во пораст алергиите на сонце и на убоди од инсекти Од Брзата помош во Велес за МИА изјавиле дека 60 годишниот маж целиот искасан од оси во коматозна состојба со брза помош бил однесен во Велешката болница. Читать дальше...
Полицијата од одделот за насилен криминал привела две лица и против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Од слобода се лишени луѓе со иницијали Д.Ј. (32) и С.Ј. (18) од Скопје. Во соработка со Основното јавно обвинителство Скопје против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“. ... Читать дальше...
Во последните 24 часа регистрирани се 411 нови случаи на позитивни на ковид-19 од направени 1.153 тестови, соопшти Министерството за здравство. Половината од новите случаи се во Скопје – 208, потоа следат Битола – 33, Куманово – 26, Прилеп – 21, Велес – 16, Струмица – 14, Кавадарци и Штип – по 13, Гостивар – 11, Тетово – 10, Кичево – 8, Кочани – 7, Неготино – 5, Струга – 4, Крива Паланка и Валандово – по 3, Ресен, Радовиш, Делчево и Демир Хисар – по 2, Охрид, Гевгелија, Свети Николе, Берово, Богданци... Читать дальше...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утре ќе пристигне во посета на Скопје. Таа ќе има средби со државниот врв, а ќе се обрати и во Собранието пред почетокот на седницата на која ќе се разгледува францускиот предлог со кој треба да се одблокираат македонските евроинтеграции. Седницата на која ќе се обрати фон деr Лајен е закажана за 13 часот, а половина час подоцна треба да почне седницата на која ќе се расправа за предлогот. Од Владата соопштија дека претседателката на... Читать дальше...
Листа од броеви на 39 пратеници од СДСМ, ДПТМ, ВМРО-Народна партија, ССМ, НСДП, ММ и еден независен пратеник осамнаа на Твитер. Во објавата се наведува „порачајте им да не го предаваат народот“. Станува збор за пратеници од владејачката коалиција која го поддржува францускиот предлог, кој утре треба да се разгледува во Собранието. На листата ги нема броевите на пратениците од ДОМ, Демократски сојуз и ЛДП, кои исто така се дел од владејачката коалиција, но изјавуваат дека не се согласуваат со делови од предлогот. Читать дальше...
Работниците кои работат на изградба на автопатите од Коридор 8 и 10 нема да работат 60 часа неделно, откако Уставниот суд го укина член12 од Законот за партнерство со турско-американскиот конзорциум „Бехтел и Енка”. Уставен смета дека овој член е штетен за работниците, односно со него се повредува правото на дневен и неделен одмор и е спротивен на членот дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите. Иницијативата пред Уставен суд ја поднесоа здружението за работнички права „Гласен Текстилец“... Читать дальше...
МВР прави анализи и собира податоци и информации за можните случувања во текот на утрешната седница во Собранието на која треба да се разгледува францускиот предлог, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој вели дека полицијата ќе ги преземе сите мерки за да обезбеди безбедност на пратениците и на законодавниот дом. Министерот денеска присуствуваше на настан на Граничниот премин Табановце. Тој апелираше до учесниците, а пред сè до организаторите на протестите да направат... Читать дальше...
Протоколот се работи на база на реципроцитет, вели премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА. Тој вели дека без согласност на двете страни, и на Скопје и на Софија, не може да се случи никаква промена во однос на ниту една од точките во протоколот. На прашањето дали имал увид во овој документ, дали воопшто има усогласен протокол, кога јавноста ќе може да има увид во него, Ковачевски не даде директен одговор. „Обврските или задачите кои ќе си ги поставиме ние и Бугарија како две држави, билатерално, тие важат и за двете страни. Читать дальше...
За дел од младите нема поважна тема од протестите и случувањата поврзани со „францускиот предлог“. Но, има и такви кои велат дека сепак, постојат и други теми за муабет. Ги прашавме младите низ центарот на Скопје и оние на протестите - колку актуелните случувања го менуваат нивното секојдневие? А побаравме и впечаток за тоа каква е сликата во Бугарија.
Британските конзервативни пратеници денеска ќе го одржат првиот круг гласање за избор на заменикот на Борис Џонсон за претседател на партијата. Неопходната поддршка од 20 колеги ја обезбедија осум кандидати. Попладнево ќе гласаат 358 пратеници од конзервативците, а оние кои нема да добијат 30 гласа ќе бидат исфрлени од листата на кандидати. Повеќе кругови на гласање ќе се одржат утре, а доколку има потреба и следната недела. Околу 180.000 членови на Конзервативната партија низ Британија ќе гласаат... Читать дальше...
Мал е интересот за четврта доза вакцина против ковид 19. На пунктовите за вакцинација доаѓаат само постари лица, велат од вакциналните пунктови. Во период кога бројката на заразени со корона почнува да расте, стагнира и опфатот на вакцинација со втора и трета доза
Судењата на поранешни високи функционери како Мијалков и Рашковски, Ребаланост на Буџетот, состојбите во Уставниот суд и најави за тужби против државата како да паднаа во втор план откако јавноста целосно се насочи кон францускиот предлог и протестите против него.
Лидерите од меѓународната заедница со гласни повици до македонските власти за прифаќање на условите за преговори со ЕУ. Но, критики за ЕУ и преговарачката рамка на маса, и предупредување за последици од францускиот предлог упатуваат многу европски и американски реномирани професори.
Од понеделник Бугарија го враќа носењето заштитни маски против Ковид-19, изјави за БНР главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев. Според Кунчев, Бугарија се соочува со нов бран на ковид-19 и варијанта на вирус кој се шири многукратно побрзо, работите се менуваат толку брзо и толку неочекувано што мора да бидеме подготвени за секоја ситуација. Тој ќе предложи нов пандемичен план за здравствените власти да преземат безбедносни мерки. Меѓу нив се носењето маски, ограничувањето на собири и собирање на многу луѓе на едно место. Читать дальше...
Бугарка која пораснала во Франција сними документарен филм за комунистичкото минато на нејзиното семејство и била шокирана кога открила дека нејзината мајка била доушник на тајната полиција. Сега нејзината мајка ја раскажа својата страна на приказната. Дилјана Теохарова
Американскиот претседател Џо Бајден тргнува на своето прво патување на Блискиот Исток по преземањето на функцијата, со Иран високо на агендата со неговите посети на Израел и Саудиска Арабија, и двајцата лути ривали на Исламската република. За време на тридневната посета на Израел Бајден ќе разговара за оживување на историскиот нуклеарен договор со Иран од 2015 година. Бајден, кој беше потпретседател на претседателот Барак Обама кога беше склучен првичниот договор, го стави оживувањето на нуклеарниот... Читать дальше...
Претседателот на Шри Ланка избега од својата земја и пристигна на Малдивите, непосредно пред да поднесе оставка од функцијата по неколкумесечните масовни протести против продлабочената економска криза во неговата островска земја. Готабаја Раџапакса вети дека ќе поднесе оставка на 13 јули за да го расчисти патот за „мирна транзиција на власта“, откако беше принуден да ја напушти својата официјална резиденција во Коломбо непосредно пред десетици илјади демонстранти да ја запалат. Како претседател, 73-годишниот Рајапакса има имунитет од апсење. Читать дальше...
Собранието денеска во 11 часот треба да ја продолжи расправата за ребалансот на Буџетот. Во изминатите два дена, пратениците изнесоа контра ставови за ребалансот и разменија меѓусебни обвинувања. СДСМ повтори дека ребалансот е насочен кон справување со економската криза, дека ќе овозможи продолжување на сите мерки за поддршка, посебно за најранливите категории граѓани, како и дека предвидува кратење на непродуктивните трошења, додека за ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски пратеници, земјава со брз чекор се движи кон рецесија и сиромаштија. Читать дальше...
Твитер го изведе милијардерот Илон Маск на суд за да го принуди да ја купи компанијата. Ова доаѓа откако Маск во петокот објави дека се повлекува од предложеното купување на Твитер за 44 милијарди долари. Тој тврдеше дека Твитер не дал информации за бројот на лажни и спам сметки на платформата. Сега Твитер побара од судот во Делавер да му нареди на најбогатиот човек на светот да го заврши спојувањето со договорените 54,20 долари по акција на Твитер. Маск се откажува од купувањето на Твитер „Откако... Читать дальше...
Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Брисел, како што јавија албанските медиуми, треба да има средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Рама пред неколку дена јавно го објави предлогот на албанската влада за поставување воена база на евроатланската алијанса во новото пристаниште Драч, што според него предизвикало не мал интерес, туку и волја за разговор. Според Рама, во новото пристаниште, кое ќе биде во Порто Романо, покрај комерцијалниот дел, се предвидува да има и воена база.... Читать дальше...