Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Мицкоски - Нема да гласаме за уставни измени

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва на почетокот на протестниот марш под мотото „Ултиматум, не благодарам“, повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за измените на Уставот. Тој вели дека ниту пратениците од СДСМ нема да гласаат откако ќе го видат Протоколот кој ќе го потпише Бујар Османи.


„Рековме дека сето она што ќе се случува деновите кои што се пред нас во Парламентот преставува обична фарса, суштината е во оваа зграда овдека. А, суштината е дека тие што се во оваа зграда овде веќе се сложиле на тоа кое што го нарекуваат модифициран последен предлог, а во суштина е ништо повеќе отколку директен удар врз македонскиот идентитет. Тоа се луѓето кои што ќе останат запаметени во македонската историја како луѓе кои го распродава идентитетот македонски за да ги зачуваат своите фотелји уште неколку месеци“, рече Мицкоски пред Владата, каде започна протестот.


И вечерва демонстрантите од пред Влада се упатија кон зградата на Министерството за надворешни работи, а оттаму ќе одат пред Собрание. 


Мицкоски вели дека ова што се нуди не е почеток на преговори за Македонија.


„Ова што се нуди е сликање во Брисел, за да ги отпочнеме преговорите потребно е да биде променет Уставот, а ние како ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно кажавме дека Уставот нема да се промени и покрај шпекулациите на одредени слуги и платеници на власта дека постоеле вакви, постоеле такви структури во парламентот“, нагласи лидерот на ВМРО – ДПМНЕ.


Протестите се одржуваа секој ден во 19 часот, освен во петокот, кога незадоволството беше искажано преку блокади во Скопје и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп, а не се одржа и во саботата поради муслиманскиот празник Курбан Бајрам.




Утре протестот ќе се одржи во 12 часот, пред почетокот на собраниската седница, на која ќе се расправа за Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus