Демонстрантите, кои протестираат против францускиот предлог, вечерва повторно се вратија на старата рута на протести, од пред Влада до МНР, па до пред Собрание. Откако на 6 јули имаше инциденти на протестот, во близина на плоштадот Скендербег, кога група од демонстранти се судри со дуќанџии и нивни блиски, па си разменуваа камења, а во игра беше и огнено оружје, протестната рута беше променета и се движеше од пред Влада до Министерство за правда, па до Собрание. Вечерашниот, деветти по ред протест... Читать дальше...
Во последните две недели, според извештајот на Институтот за јавно здравје, Гевгелија се вбројува меѓу четирите градови во кои се бележи највисока инциденца на заразени со ковид-19 во таканаречениот петти бран од пандемијата. Информацијата денеска ја потврдија и од Подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија од каде соопштија дека во последните неколку денови се позитивни дури половината од тестовите што се прават кај нив на дневно ниво. Сериозноста на новонастанатата состојба... Читать дальше...
Руската амбасада во Скопје ги отфрли обвинувањата од претседателот Стево Пендаровски за наводна вмешаност на Русија во внатрешните работи во Македонија и на Балканот. „Ги отфрламе обвинувањата упатени против нашата земја - Русија не се мешала, не се меша и нема намера да се меша во внатрешните работи на која било држава, вклучително и Северна Македонија, и покрај тоа што се обидуваат да ја фатат со ова. Ова е во спротивност со самата филозофија на руската надворешна политика. Добро е познато дека... Читать дальше...
Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведената претходна постапка, денеска до надлежниот Суд поднесе обвинителни предлози против вкупно 12 лица за учество во инцидентите за време на протестите во Скопје против францускиот предлог за отпочнување преговори со Европската унија. Девет лица се обвинети за кривично дело „учество во толпа“, а три лица се гонат за „предизвикување општа опасност“. За седум од обвинетите, Судот во текот на претходна постапка определи мерка куќен притвор, додека за петмина беше определена мерка притвор. Читать дальше...
Со концерти во неколку градови од земјата, пијанистката Билјана Петровска неодамна ги започна промотивните активности за своето првенче – „Здивот на вечната љубов. Албумот е инспириран од мелодии и мотиви на македонски фолклорни песни
Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в четврток ќе се обрати на собраниската седница на која собранието треба да расправа за „францускиот предлог“.
Софија испрати нота до Министерството за надворешни работи во Скопје поради, како што се наведува, констатираните многубројни слогани и транспаренти насочени против Бугарија во изминатите денови во македонската јавност. Инцидент кај Мавровка, цвеќе пред МНР, запалена слика пред Собрание - протести против францускиот предлог Како што јави дописникот на МИА од Софија, во нотата се изразува „длабока загриженост поради тоа што се случува, а кое се однесува на ширењето на антиевропскиот наратив... Читать дальше...
Во изминативе 24 часа се регистрирани 511 нови случаи на коронавирус од 1489 тестирања, информира Министерството за здравство. Една четвртина од случаите, односно 129, се реинфекции. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица од Скопје (72г и 88г), едното лице е починато во болнички услови, а другото лице во домашни услови. Лицата се починати на 5 јули 2022 година. Јавното здравство во принудна пензија Од вкупниот број нови случаи... Читать дальше...
Советот за економски и финансиски работи на Европска унија (Екофин) ги усвои трите конечни правни акти, со кои Хрватска на 1 јануари 2023 година ќе може да го воведе еврото. „Би сакал да му честитам на мојот колега Здравко Мариќ и на цела Хрватска што стана 20-та земја што се приклучи на еврозоната. Воведувањето на еврото не е трка, туку одговорна политичка одлука. Хрватска успешно ги исполни сите неопходни економски критериуми и од 1 јануари 2023 година ќе се плаќа во евра“, истакна чешкиот министер за финансии Збинек Стањура... Читать дальше...
Косана Мазнева денеска е назначена за нов директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје. Како што информираа од Град Скопје, Мазнева има повеќе од 15 години искуство, од кои како раководител на сектор природа во Министерството за животна средина и просторно планирање, одговорен инженер и советник за животна средина во АД Електрани на Северна Македонија. Поднесена кривична пријава против лицето кое пукаше на плоштадот „Скендербег“ Високо образование има завршено на Природно-математичкиот факултет во Скопје... Читать дальше...
Здравствените власти го одбија барањето за продолжување на работниот однос на голем дел од лекарите кои наполниле 64 години. Ваквата одлука, ќе има драматични последици во системот кој и онака кубури со кадар, а особено со лекари специјалисти, тврдат лекари.
Чешкото претседателство со Европската унија е подготвено за брз почеток на пристапните преговори со Северна Македонија „откако Скопје ќе го одобри европскиот предлог“ за отстранување на бугарското вето, соопшти Министерството за надворешни работи на Северна Македонија. Според информациите, ова го рекол чешкиот министер за надворешни работи Јан Липевски во телефонски разговор со шефот на дипломатијата на Северна Македонија, Бујар Османи. Двајцата министри ги повторија клучните аспекти, како што е наведено... Читать дальше...
На пазарот на пари денеска едно евро вреди еден долар, што е најслабата вредност на европската валута во изминатите 20 години, а тоа е одраз на претпазливоста за ситуацијата во еврозоната, бидејќи Европа е многу повеќе погодена од тешкотиите во снабдувањето со енергија отколку САД. И покрај значителните поскапувања, Европската централна банка (ЕЦБ) заостанува зад мерките на другите земји, па референтната каматна стапка не ја подигна само американската ФЕД, туку и Британија или Швајцарија. Затоа вредноста на еврото со недели паѓа... Читать дальше...
Кога еднаш ќе се запали меѓуетничката тензија, многу е тешко да ја контролирате, вели професорката Мирјана Најчевска за поделеноста по етничка основа по последните политички случувања во земјава. Ибрахим Мехмети пак смета дека протестите ќе влијаат на меѓуетничката кохезија градена со години
Централниот одбор на СДСМ синоќа го поддржа процесот за отпочнување на преговорите за полноправно членство на земјава во ЕУ согласно Предлог-преговарачката рамка за пристапни преговори со Унијата од последниот европски предлог од 30 јуни 2022 година, предложен од француското претседателство. Во партиското соопштение се посочува дека СДСМ како државотворна партија останува цврсто кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ... Читать дальше...
Русија го идентификуваше првиот пациент кој боледува од мајмунски сипаници, објави Роспотребнадзор. „Заразата е откриена кај млад човек кој се вратил од патување во Европа. Тој се пријавил во медицинска установа поради карактеристичен осип“, се вели во соопштението на државната здравствена служба. Мајмунските сипаници предизвикуваат треска, главоболки, болки во мускулите, треска, замор и осип што може да изгледа слично на оној предизвикан од сифилис и херпес. ЕУ купува 110 илјади дози вакцини против... Читать дальше...
Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот се најде под притисок од опозициските политичари поради неговите врски со компанијата за превоз Uber Technologies кога беше министер за економија.
Првата фотографија од вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА, вреден 10 милијарди долари му дава моќност на човештвото да погледне поблиску до почетокот на времето и до работ на универзумот. Телескопот ја откри најјасната слика досега од раниот универзум, која датира 13 милијарди години наназад, соопшти НАСА. Фотографијата, официјално објавена на церемонијата во Белата куќа на која присуствуваше и претседателот Џо Бајден, ќе биде проследена со откривање на уште четири галактички снимки од телескопот. Читать дальше...
Додека во јавноста излегуваат детали од билатералниот Протокол со Бугарија на бугарски јазик, македонското МНР не го објавува, обвинувајќи ги медиумите за лажни вести. Власта со контрадикторни изјави ја збунува јавноста - дали воопшто Протоколот е усвоен, потпишан и кога навистина ќе биде објавен.
Американскиот претседател Џо Бајден од денеска ќе престојува во Израел, а во петок во Џеда, Саудиска Арабија. Тој деновиве за Вашингтон пост изјави дека целта на неговата посета на Саудиска Арабија е „да го зајакне стратешкото партнерство засновано на заеднички интереси и одговорности, притоа почитувајќи ги основните американски вредности“. „Знам дека многу луѓе не се согласуваат со мојата одлука да одам во Саудиска Арабија. Моите ставови за човековите права се јасни, а основните слободи се секогаш на дневен ред кога патувам... Читать дальше...
Германскиот канцелар Олаф Шолц во пораката до македонската јавност наведува дека ЕУ сака Северна Македонија да стане нејзина членка, за што, како што вели во пораката, ќе биде потребно да се направат компромиси кои понекогаш значат „болни отстапки, но на крајот тие секогаш нè носат напред и нè прават посилни“. „Ние сакаме Северна Македонија да стане членка на ЕУ. Сакам да бидам сосема искрен со Вас: Дури и по прифаќањето на овој компромис, процесот за влез во ЕУ нема да биде лесен. Ќе има и други пречки кои ќе треба да бидат надминати. Читать дальше...
Министерството за надворешни работи соопшти дека во јавноста повторно се појавиле неточни информации за содржината на Протоколот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, кој треба да претставува записник од предвидената Заедничка меѓувладина комисија која произлегува од Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година. „Во јавноста е пласиран текст на бугарски јазик, кој претставува стара и неконечна верзија, како дел од бројните сет идеи кои во минатиот период се разменуваа меѓу двете министерства за надворешни работи. Читать дальше...
Собраниската расправа за ребалансот на Буџетот продолжува денеска напладне, а согласно Деловникот за работа, таа може да трае најмногу пет работни дена. За време на вчерашниот прв ден од расправата, власта и опозицијата со спротивни ставови. За власта ребалансот е соодветен и навремен фискален одговор на тековните глобални случувања, за опозицијата дека земјата е банкротирана и со брз чекор се движи кон рецесија и сиромаштија. Бесими: Со ребалансот на буџетот продолжуваме со мерки за поддршка на... Читать дальше...
Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе се движи од 20 до 31 степен. Во Скопје и околината слично време, со температура до 28 степени.