Неколку лица се пренесени во болница, а двајца приклучени на апарати, по пожарот што изби во центарот на Солун во близина на плоштадот Аристотел, објавија локалните медиуми, а пренесе дописничката на МИА од Атина. Пожарот, што е ставен под контрола, веројатно избил во напуштен објект, а пожарникарите спасиле 44 лица од соседните згради. Како што пренесуваат медиумите противпожарната служба интервенирала со 12 возила и 40 пожарникари.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1 062 тестови, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид 19. Најмногу заразени има во Скопје – 77, Битола – 14, Охрид – 6, Прилеп – 3, Штип и Берово – по 2, Куманово, Тетово, Кавадарци, Струга и Виница – по 1 случај на заразен со корона. Во изминатото деноноќие нема регистрирано починати лица. Од вкупниот број на позитивни (109), регистрирани се 14 реинфекции. ... Читать дальше...
Можно е од први јули цената на струјата да се зголеми за 10 проценти, предупредува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски. Една од причините за ваквото зголемување е, како што вели, малверзациите кои ги прават општините за да ги намалат трошоците за електрична енергија. Тој објаснува дека за да ги скусат трошоците за струја, општините формирале јавни претпријатија преку кои обезбедувале струја за јавно осветлување по цена за домаќинства и за само четири месеци, оптоварувајќи го системот... Читать дальше...
Пролетното будење на работниците започна откако се зголеми минималецот на 18 илјади денари, но без соодветно покачување и на другите плати. Дел од тие што штрајкуваат и протестираа добија ветувања за повеќе пари, дел се уште си ги бараат правата, а некои добија и без да бараат. Во меѓувреме граѓаните се соочуваат со драстично зголемени цени на храна и енергенси.
Осум хидроелектрани, „Вруток“, „Врбен’, „Равен“, „Тиквеш“, „Шпилје“, „Глобочица“, „Козјак“ и „Света Петка“, ќе бидат дел од проектот за ревитализација најави премиерот Димитар Ковачевски. Ковачевски додаде дека покрај обновата на машинскиот дел на овие капацитети, чија инсталирана моќност изнесува околу 85 проценти од моќноста на хидроцентралите во земјава, предвидено е зголемување на капацитетот на акумулацијата „Маврово“. Ова додаде, ќе обезбеди пораст на годишното производство за околу 40 гигават часови. Читать дальше...
Тетовчани посочуваат дека нивниот град не е безбеден и затоа бараат повеќе реонски полицајци кои би спречувале физички напади, кражби и слични проблеми, покажало истражувањето на невладиниот сектор за довербата на граѓаните во полицијата. Од тетовската полиција велат дека имаат кадар, и дека брзо реагираат на повик.
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против седум лица во случајот за купување земјиште со намена за изградба на фотонапонски волтаици во делчевско-беровскиот реон, за што била остварена имотна корист од околу 1,5 милиони евра. За шестмина е побаран притвор, додека за една осомничена се предложени мерки на претпазливост. Истрагата се отвора откако вчера Финансиската полиција извести дека е поднесена кривична пријава за седуммина, од кои двајца во својство на управители на ЕВН Електрани. Читать дальше...
Граѓаните добиваат субвенции за инвертери, но со растот на цените на струјата прашањето е дали одреден број домаќинствата ќе се вратат на затоплување со дрва? Експерти велат дека инвертерите се добро решение и покрај намаленото домашно производство, но сметаат дека треба да се употребуваат во комбинација со сончеви колектори
Земјотрес со јачина од 3,6 степени утрово беше почувствуван во тетовско, во 9.11 часот по локално време. Како што соопшти европскиот сервис „ЕМСЦ“, земјотресот се случил на 8 километри од Тетово. Силен земјотрес на југот на Перу Епицентарот бил во близина на тетовското село Брвеница, кое пак се наоѓа на околу 32 километри од Скопје. Освен во околните места, земјотресот беше почувствуван и главниот град.
На Клиниката за неврологија која најголем дел од пандемијата хоспитализираше само ковид позитивни, сега лежат пациенти со постковид компликации. Кај некои од нив се влошила хроничната болест, а други пак првпат пројавиле невролошки последици по прележаниот ковид
Сè уште се надеваме дека ќе има зелено светло за почеток на пристапните преговори во ЕУ со Албанија и Северна Македонија. Засега знаците не се баш охрабрувачки, пишува на својот блог новинарот на Радио Слободна Европа, Рикард Јозвијак
На барање на бугарскиот премиер Кирил Петков, вечерва во Софија ќе се одржи вонредниот совет на коалициските партнери во бугарската Влада, каде главна тема ќе бидат односите со Македонија. Како што објави БНР, на советот се очекува Петков да им објасни на коалициските партнери зошто побарал од претседателот на Бугарија, Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална безбедност и да го претстави досега постигнатото во дијалогот со Скопје. Заврши средбата Ковачевски - Петков во Рим... Читать дальше...
Кина и Русија ставија вето на резолуцијата на ОН спонзорирана од Соединетите Држави, која би ги заострила санкциите кон Северна Кореја како одговор на нејзиното најново лансирање на интерконтинентална балистичка ракета (ICBM). Гласањето на 26 мај во 15-члениот Совет за безбедност беше 13 према 2 и ја означи првата сериозна поделба меѓу петте постојани членки на Советот за безбедност со право на вето за резолуцијата за санкции за Северна Кореја. САД го осудија лансирањето ракети од страна на... Читать дальше...
Претпладне времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец, а попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Јачината на УВ индексот ќе биде 8. Инаку, под влијание на влажна и нестабилна маса денес попладне и за време на викендот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме... Читать дальше...
Според објаснувањата на Бугарија, тие сакаат да го имитираат однесувањето на Грција кон Северна Македонија во последните децении, поставувајќи ни предуслови за влез во Европската Унија, со цел да го заштитат националниот интерес, вели претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Тој во интервју за Еуроњуз изјави дека потребно е да се говори за вистинските аргументи и критериуми што државата ги исполни за влез во Европската унија (ЕУ), а не да се дискутира за 19 или 20 век. Читать дальше...