Преговорите со С. Македонија и Албанија треба да почнат веднаш, порача попладнево грчкиот министер Никос Дендијас, кој е во посета на Скопје. Тој оцени дека Преспанскиот договор го спроведуваат верно и правилно и ја поздрави економската соработка. Грчкиот министер најави и инвестиција во енергетскиот сектор во земјава, во висина од околу 200 милиони евра.
Вработените во Управата за матични книги денеска го селат протестот пред Министерството за финансии. Пред десетина дена тие постигнаа договор со Министерството за правда, но сè уште немаат одговор за барањето за покачување на платите од Министерството за финансии.
18-годишен вооружен уби најмалку 19 деца пукајќи во основно училиште во Тексас, додека одел од училница во училница, соопштија властите. Ова е најсмртоносниот напад во училиште во речиси една деценија, во земјата со многу лузни од вакви масакри. Бајден побара поголема контрола на оружјето.
Расте употребата на диазепами, седативи и антидепресиви меѓу македонските граѓани. За нив се трошат милиони евра од буџетот, а прекумерната употреба носи голем ризик, предупредуваат докторите. Лековите се потреба во време на криза, но не и да бидат единственото решение.
Пет години по донесувањето на Законот за заштита на укажувачи, неговото спроведување во пракса не оди лесно. Оние кои ќе се одважат да пријават корупција, криминал или друга негативна појава во општеството не добиваат соодветна заштита од институциите задолжени за имплементација нa законот