Поглаварот на Српската православна црква господин Порфириј на денешната заедничка литургија на СПЦ и МПЦ - ОА во Скопје ја призна автокефалноста на Македонската православна црква. Верниците во и околу храмот со громогласен аплауз го дочекаа соопштувањето на одлуката.
Бернската конвенција бара македонските власти да ги запрат сите проекти во Охридскиот регион додека не биде направена теренска проценка за влијанитето на урбанизацијата врз природните вредности, во која ќе учествуваат и експерти на УНЕСКО. Власта доцни и со обврзните извештаи, а новиот краен рок е 31 јули
Формирање тело што што ќе бара решенија за зборови кои недостасуваат во македонскиот јазик, вработување лектори, но и испит за изговор, се трите итни работи што мора да се направат за подобрување на состојбите, е ставот на шефицата на Катедрата за македонски јазик, Пановска-Димкова