Четарнаесетти декември не е реалистичен рок за постигнување на целосен договор со Македонија изјави Даниел Лорер од коалицијата „Промената продолжува“ за БТВ радио. Лорер се смета за најсериозен кандидат за министер за надворешни работи на Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Лорер, ако биде оставена единствено историјата да ги движи преговорите меѓу Бугарија и Македонија, тоа нема да биде доволно добар резултат за двете страни. Според Лорер, ќе бидат отворени и дополнителни... Читать дальше...
Лидерите на Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико денеска ќе се состанат заедно за прв пат по пет години за да ја промовираат северноамериканската економска интеграција, но споровите околу предложените даночни кредити за електрични возила, но политиката „купи американски производи“ која е поддржана од претседателот Џо Бајден може да доминира на состанокот. Бајден потпиша укази со кои се поништени некои одлуки на Трамп Бајден го оживеа таканаречениот самит „Триос амигос“ што ќе се одржи... Читать дальше...
Поради драматичното зголемување на бројот на новозаразени, идната германска влада, која ќе ја сочинуваат социјалдемократите, зелените и либералите, има намера да го заостри нацрт-законот за заштита од инфекции, со што би се вовеле остри мерки само за невакцинираните. Бундестагот за овој закон треба да го изгласа на денешната седница. Седумдневниот број на заразени во Германија, на 15 ноември, за прв пат надмина 300 на сто илјади жители. И Чешка воведува мерки за невакцинираните Зборувајќи за тоа какви мерки би можеле да се преземат... Читать дальше...
Едно од најпесимистичките сценарија е коронавирусот да биде присутен со години, односно глобално да не се постигне колективен имунитет, вели д-р Злате Мехмедовиќ. Според него, актуелните мерки на земјите се мерки од очај, а светот со технологија што ја поседува ќе може да ја заврши пандемијата за краток период, но само доколку за тоа има силна волја.
Цените на гасот во Европа продолжија да растат откако Германија го одложи процесот на одобрување за контроверзниот руски гасовод Северен тек 2. Германија на 16 ноември објави дека го суспендира процесот на одобрување бидејќи швајцарскиот конзорциум зад рускиот гасовод треба да формира германска подружница за да обезбеди лиценца за работа. Тоа ги намали надежите дека гасоводот ќе биде оперативен во наредните месеци и ќе ја олесни европската енергетска криза предизвикана од мноштво фактори, вклучително... Читать дальше...
Шведска воведува дигитален сертификат за антивирусна вакцинација за јавни собири и настани со повеќе од 100 луѓе во затворени простории, соопштија властите на таа земја. Овој потег уследи по слични чекори на другите земји од ЕУ со неодамнешниот скок на коронавирусот во Европа. „Ова е тешка вест за објавување, сите сакаме да заврши пандемијата“, рече министерката за социјални работи Лена Халенгрен, додавајќи дека потврдата ќе почне да се применува на 1 декември. Данска повторно воведува ковид пропусници... Читать дальше...
На десетици хуманитарни работници вклучени во спасувањето бегалци, како и на еден сириски бегалец, ќе им се суди во Грција денеска под обвинение за шпионирање и откривање државни тајни. Групите за заштита на правата го оквалификуваа овој случај како „фарса“ и „политички мотивиран“. Дваесет и четири лица поврзани со Меѓународниот центар за одговор за итни случаи непрофитна група за пребарување и спасување која оперирала на Лезбос од 2016 до 2018 година, се соочуваат со затворска казна до осум години. Читать дальше...
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Австрија Михаил Линхарт. Во фокус на разговорите, како што соопшти МНР, се очекува да бидат севкупните билатерални политички и економско-трговски односи, како и за македонската европска интеграција, со акцент врз претстојниот декемвриски Самит на Европската унија. Покрај средбата со Османи, Линхарт ќе се сретне и со политичкиот државен врв, меѓу кои со претседателот Стево Пендаровски... Читать дальше...
Полскиот претседателот Анджеј Дуда денеска ќе допатува во дводневна официјална посета на земјава, во чии рамки в петок ќе има средба со неговиот домаќин, шефот на државата Стево Пендаровски, а предвидено е да се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев. Како што соопшти Кабинетот на полскиот претседател, посетата Дуда ќе ја почне вечер со церемонија на доделување Медал на претседателот на Република Полска на Здружението на полската заедница во Северна Македонија „Полонија“. Читать дальше...
Претпладне по котлините ќе има појава на магла и значителна ниска облачност и во западните делови ќе има услови за слаб дожд. Вдолж пошироко Повардарие ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде од 8 до 17 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 14 степени.