Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Австрија Михаил Линхарт. Во фокус на разговорите, како што соопшти МНР, се очекува да бидат севкупните билатерални политички и економско-трговски односи, како и за македонската европска интеграција, со акцент врз претстојниот декемвриски Самит на Европската унија. Покрај средбата со Османи, Линхарт ќе се сретне и со политичкиот државен врв, меѓу кои со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и првиот заменик премиер Артан Груби.
Борел - Преговорите со Скопје и Тирана се клучни за кредибилитетот на ЕУ
Освен политичката делегација, Линхарт ќе биде придружен и од австриска економска, односно бизнис делегација, при што исто така ќе оствари средби и со економските ресори на Владата. Дополнително, како што соопшти МНР, е планирано одржување бизнис настан со цел унапредување на трговската размена и искористување на инвестициските можности.